1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. orchid35

    orchid35 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, веќе неколку месеци се справувам со високо ризичен Хпв 39, испив Био Бран 3 кутии, потоа продолжив со сируп за имунитет Др. Волз, во меѓувреме ставав и Ginex forte но ништо не ми помогна... Дали може да ми кажете што се за вас имало ефект за да го снема вирусот? Почнав надеж да губам веќе ... :/
     
  2. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    3 месеци треба да се пијат по две на ден.
    EB9D7DEA-D13E-429F-A841-2AD972A8A215.jpeg
     
  3. orchid35

    orchid35 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Од каде ги набави? Само нив ги пиеше или во комбинација со друго? Ти благодарам ;)
     
  4. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Прашај по аптеките можат да ти ги нарачаат. Јас ги пиев само нив и мислам дека земав фолна киселина еднаш на ден. Ова беше пред 7 год. Сега правам само редовна контрола и се е ОК. Овие се минерали Зеолт, можи ги имаат и во друго пакување.мене многу ми помогнаа, после тоа си земав обични витамини одвреме навреме. Среќно:)
     
  5. The QueenD

    The QueenD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Јас пиев Defendyl таблети скоро месец ,сирупот од Dr. Wolz ,но најмногу ми помогна Алое гел. Пиши ми во приватна порака за подетално да ти објаснам. Покрај сето ова,мораш да јадеш поздрава храна , во денот обавезно овошје и зеленчук и доколку можеш да спортуваш нешто ,макар и за рекреација. ХПВ не се лечи целосно , но доколку го одржуваш имунитетот на високо ниво, нема да ти ствара проблеми.
     
  6. MBelcovski

    MBelcovski Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала да пробаш со Бета Глукан таблети и Ацидосал вагиналетите ,а секако и да се внимава на исхрана колку можеш.
     
  7. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Бета Глукан и јас ги препорачувам дефинитивно, исто и Шитаке таблетки (тие имаат докажано дејство врз вируси).

    Откако ви се повлече цин/добивате чисти пап-ови, дали продолжувате со пиење на имунотерапија? Јас пред 2 месеци дознав дека ми е исчистен цинот, и продолжив да си пијам зошто зима е сепак, саде грипови и настинки, но до кога би требала да ги пијам? Веќе стварно многу пари ми одат на тоа...
     
  8. MBelcovski

    MBelcovski Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Јас и после 8 години се уште пијам Ц витамин,Селен и Цинк ,а од време на време кога сум болна или некој потежок период земам дополнително Шитаке или понекогаш Алое Гел
     
    На The QueenD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    За тие регуларните витамини секако планирав да си продолжам (Ц, Е, А, селен и цинк) но мислев за бета глукан комплекс и шитаке, на кои ми одат 50 евра секој месец.. значи ќе може нив полека да ги намалувам :) Фала за одговорот
     
  10. orchid35

    orchid35 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Сега др. ми препорача Исоприносин таблети и Ацидосал вагиналети, само незнам дали во комбинација да земам плус Бета глукани или Шитаке и сл... Ама претпоставувам дека може...
     
  11. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    7.688
    Пол:
    Женски
    Kolku cinat Dr wolz tabletite ACE + Se?
    Blagodaram
     
  12. orchid35

    orchid35 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Од dr. Wolz го препорачуваат сирупот кој чини околу 870ден и според препорачаната дневна доза е доволен за околу 15 дена, а една лента АЦЕ + селен не се сеќавам точно ама не се скапи , мислам нешто околу 100 ден...
     
  13. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    7.688
    Пол:
    Женски
    Na koja firma se lentite?
    Vi blagodaram uste ednas.
     
  14. orchid35

    orchid35 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    CF155064-E7F7-4A9E-AC77-432B869FCE76.jpeg
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Земај си ги и бета глуканот и шитакето, зошто искрено мене изопринозинот сами по себе не ми помогнаа. БГ и шитаке само може да ти помогнат на имунитетот.
     
    На MBelcovski му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Јас последно типизација правев со упат од матичен гинеколог во Институтот за Микробилогија на клиника во декември. Платив 250 ден, резултатите беа готови за 10 дена. Немам информација дека ХПВ типизацијата не е повеќе преку ФЗОМ. Ако сеуште немаш направено, распрашај се убаво, затоа што оваа цена некако е многу висока. Во Авицена колку што се сеќавам беше 3600 ден.
     
  17. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Мене денеска ми стигнаа резултати од ХПВ типизација и имам високо ризичен тип 31, и многу се нервирам имам 25 години уште ни деца немам родено, ми даде докторката изопренозин да пијам 45 дена со паузи... споделете искуства се има ли некој скроз извлечено од овој вирус, плус имам и раничка на грлото на матката.... ке се помрднам со паметот
     
  18. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.366
    Пол:
    Женски
    Може да ми ставите слики од овие два производа ?
     
  19. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Еве ги шитаке (на линкот прочитај си инфо), ги има во Виола аптеките
    [​IMG]
    Бета Глукан се на Health Aid
    [​IMG]
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Panthera

    Panthera Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, пред 10тина дена правев ПАП и микробиолошки брисеви. На прегледот матичната ми рече дека имам кандида и ми препиша одма вагиналети. Јас сепак се одлучив да почекам резултати па ако навистина има нешто тогаш да почнам со вагиналетите, бидејќи кратко пред тоа пиев силен антибиотик без пробиотик (заборавија изгледа да ми препишат а и моја грешка што не обрнав внимание) па имав бел исцедок без никакви други симптоми.
    Брисевите се чисти, нема ништо туку само е отсутна нормалната микрофлора и матичната ми рече да земам пробиотик.
    Денес телефонски се слушнав за ПАПот, ми кажа дека има клеточни промени кои асоцираат на вирусни инфекции. Контрола за 4 месеци и ништо повеќе не ми објасни, ме откачи набрзина.
    Прв пат се соочувам со ова, пред една година правев ПАП кај друг гинеколог и се беше во ред.
    Дали има простор за паника или ова е од антибиотикот и намален имунитет?