Јас мислам дека ти е од намален имунитет и дека немаш простор за паника. Истото се случи и кај мене, одма испаничив и направив типизација на која се покажа дека го немам вирусот. Сепак, ако сакаш да бидеш помирна можеш да си направиш и типизација, колку да не ти влезе во психа или можеш да си почекаш 3-4 месеци за нов ПАП како што ти рекле.
Мојот гинеколог, ми даде само мене терапија да пијам, рече за маж ми немало потреба, вирусот не се задржувал кај мажите, тие биле само преносители, е сеа ме интересира кај вас каква била состојбата кога сте пиеле терапија, дали само ви и дали сте имале заштитени односи додека сте примале терапија, бидејки гинекологот и тоа ми рече не морало, можело и без заштита пошто сме во брак други партнери немаме. И мене такви ми беа ПАП тестовите, матичната ништо не ми кажуваше додека не отидов на приватно, за друг проблем па излезе и ХПВ дека имам и на колпоскопија раничка. Според мене напрај си ХПВ типизација да си начисто, зашто јас со години сум била така матичната ни да ми каже ни ништо, многу лошо постапи што сама си одлучила дека нема потреба типизација без да ми каже а излезе високо ризичен тип на хпв. Тие што сте од Штип, мој совет кај Рамбабова - НИКАКО.
Вирусот ти веќе го имаш и е активен при пад на имунитетот, целосно да се излекува колку што се информирав не е можно, затоа препишуваат апчиња за имунитет со цел да се стави во мирување а со тоа да не прави промени на грлото на матката. Јас скоро година дена се борам со вирусот, сеуште го имам , пиев се и сешто, сега пијам Исоприносин , Шитаке, Бета глукан, Комбуха, ставам Ацидосал вагиналети па баш ќе те известам на следен пап дали сеуште ќе го имам вирусот, а имав и цин1 ама се повлече. И јас до сега немам родено и тоа ствара поголем притисок а стресот само води кон пад на имунитетот... Затоа не се нервирај за се има решение , опушти се и работи на имунитетот Во однос на партнерот не даваат терапија , но советот од мојот др. беше односи со кондом , се дури не планираш да останеш бремена.
Дали се умира од ХПВ? Од скоро се соочувам со него и не ми се познати основните работи а паничам многу. Гинекологот ми кажа недоволно информации и сега сум исплашена и не знам што да правам. Како тоа не се лечи никогаш туку само мирува, зарем на секој пад на имунитетот јас ќе треба да се секирам? И гинеколот ми рече дека се пренесува и преку користење јавни тоалети, дали е вистина ова? Многу сум испаничена и не знам што понатаму сега откако дознав за ова а не сум информирана ни малку па ако може да ми ги објасните најбитните работи и што се треба да знам бидејќи јас не знам ништо.
Зсраво девојки ...кога бев на преглед гинекологот ми кажа дека забележам неколку кондиломи околу отворот долу, ми рече да не се плашам и дека биле многу мали и не биле стасани за горење. Направивме пап тест, но наодот излезе примерен. Ве молам за помош што би можело да биди? Дали е ХПВ или некоја друга брадавичка во прашање... имала ли некоја до сега ваков случај?
Мора да направиш понатамошни испитувања за да знаеш дали е ХПВ вирус или нешто друго, вака не можеме да знаеме. Најдобро е да направиш ХПВ типизација со што ќе дознаеш кој тип го имаш и дали воопшто го имаш вирусот.
Имам едно прашање...некаде прочитав дека вакцината против хпв штити 100% од вирусот. Меѓутоа пред некое време забележав кондиломи на вагината а сум ваквинирана против хпв многу оддамна. Дали е можно кондиломите да се појаврни поради друг проблем?
Вакцината штити но само од високоризичните ХПВ... кондиломите се ниско ризични... но провери се... еве и јас имам примено вакцина но ми се појавија кондиломи а пап тестот ми бил примерен... сега правам додатни испитувања да видам што е во прашање.
Ниедна вакцина не заштитува 100%. Причина за појава на кондиломи е само ХПВ од низок степен. Направи типизација да бидеш сигурна што е. Гардасил вакцината штити од високоризичните типови 16 и 18, и од нискоризичните типови 6 и 11. Проверете која вакцина сте ја примиле.
Zdravo mene mi napravija pap vo Acibadem,i.mi.pokaza sledno: Mn.sum isplasena...pijam c 1000,Coriolus -MRL ,zinc,selen,mg,ACE i Aloe vera zemav a vo meguvreme cekam rez.od HPV tipizacija.Mile panika sum,se olasam mn.
Prethodnoto leto imav karcinom na grlo na matka, pocetna faza, HPV 66 stepen ili vid kako i da e..sega sum super na tipizacijata pisav i prethodno vo druga tema deka imav samo gardnerella vaginalis nisto drugo ne e pronajdeno
Здраво, ме интересира дали резултат од ХПВ типизација, правена во ГАК, може да се подигне во неработен ден (пр.сабота)?
Сакав да прашам на мајка ми и дијагностицира Хпв вирус и дадоа витамини но нема цин сакав да прашам дали ако има хпв вирус мора да има и Цин промени оти се изначитав ..
Не мора, чим нема цин значи дека вирусот сеуште не направил никакви промени во клетките и тоа е добро. Сега да го ојакне имунитетот треба и со тоа ќе работи организмот на потиснување на вирусот, да не биде активен и да не доведе до такви промени т.е. цин.
Да, во ред благодарам но сакав да прашам дали Хпв вирусот или цин промените влијаат на промени на меструалниот циклус на пр.оскудна менструација или многу кратка менструација мајка ми кога и дијагностицираа хпв вирус има промени во менструалниот циклус и затоа сакав да прашам ако си имала вакво искуство дали хпв или цин промени можат да влијаат на меструалниот циклус
Аа епа не ти беше тоа кажано во првиот пост. Не верувам, не би требало да влијае на циклусот (можеби стресот и го пореметил циклусот? или почеток на менопауза?), но немам точни информации за ова, па најдобро да си го праша она гинекологот.