малку е глупо прашањето, ноо само преку сексуален однос може да се заразиш со Хпв или може и на друг некој начин ?
И преку користење на иста крпа за капење со друг човек или носење фармерки, купачи што ги носел друг.... значи сè што е допрено со гениталиите на заразен човек, а потоа истото ги допре твоите гениталии. ХПВ вирусот живее во кожата, а кожата остава остатоци (мртви клетки и сл.) на се со што се допира. Така извор на зараза со вирусот може да биде и ВЦ-шолјата, меѓутоа најчесто се пренесува по сексуален пат.
Девојки ај препорачајте ми некој кој ги гори овие кондиломиве... почнаа кај мене да се шират. Примам терапија се ... имам високоризичен ХПВ со кондиломи .... сега освен долу почнаа и на вратот да ми се појавуваат... неможам да ги трпам.
Zdravo na site, na posledniot pap test mi pokaza kokidni bakterii I zaokruzeno Acs-h 2002 do nego Napisano, maticnata me upati na hpv tipizacija, kloposkpoja me preplasi... Dali imate vakvo iskustvo. I me interesira cin 1-2-3,dali se otkirva preku pap test zatoa sto ne mi bewe zaokruzeno nisto. Fala vi
Здраво. Ми отктија ХПВ и ЦИН 1.За типизација мисли докторката дека е рано, ми даде 3 месечна терапија па пак да го повторам тестот ..Совет ?
Доколку се види нешто на колпоскопијата, мој совет е да направиш и биопсија. Најверојатно и матичната ќе ти каже. Само без паника, се што е навреме детектирано, лесно се третира.
Не, бидејќи присуството на Цин 1 може да биде предизвикано и од други фактори, не само од ХПВ вирус, што значи може воопшто да нема ХПВ вирус а да има Цин 1.
На сестра ми и открија исто како тебе и и дадоа да направи биопсија. За среќа на биопсијата беше негативен резулатот. Кај мене пред 2-3 год покажа папот дека имам цин1, ми дадоа имунокомплекс сируп zell oxygen immunokomplex Dr. Wolz. Го пиев три месеци и од тогаш наваму пап тестовите ми се негативни.
Најчесто појавата на ЦИН-от се поврзува со ХПВ вирусот, односно присуството на високоризичниот ХПВ предизвикува појава на ЦИН. Но, има случаи каде што ЦИН1 може да е предизвикан од други фактори, на пример инфекции како уреоплазма, калмидија и сл. Не знам зашто докторката мисли дека е рано за ХПВ тест. Тестот може и одма да го направиш, затоа што ти во моментов не знаеш дека со сигурност имаш ХПВ, а ако го имаш не знаеш ни колку долго си го имала. А ПАП-от, сам по себе, не потврдува 100% дека имаш ХПВ. Направи си една типизација за да знаеш дали имаш воопшто ХПВ, а ако имаш да знаеш точно кој тип го носиш. Во меѓувреме работи на имунитетот. Направи и колпоскопија. Мојот ПАП лани беше позитивен со дијагноза ASCUS (немаше заокружено ХПВ). Докторката сепак реши да направиме ХПВ типизација за секој случај. Тестот испадна позитивен на три високоризични типови. Потоа направив и биопсија и резултатот беше ЦИН1. Затоа мој совет е да испитате се што може да се испита, да не оставате на случајност. Искрено некогаш и матичниве многу не се замараат, затоа замарајте ги вие и барајте дополнителни испитувања.
Ve molam ako moze da spodeli nekoj iskustvo za Visokorizicen HPV 68 ? Dali pravevte (i dali mora) biopsija ili nekoj drug zafat. Ili tretiravte so vitaminska terapija podignuvanje na iminotet, vaginaleti, zdrava ishrana, fizicka aktivnost....? Kakva terapija vi dadoa?
Добри се бетадине, јас си ги користам за кандида кога имам во мал облик. Ова следете го. Треба да се дигне имунитетот.
Ве читам и ви се радувам што и со Др. Волц и со изопринозин ви се средило се, јас после тие пак имав цин 1, и сега за 2 недели на контрола после пиење бета глукан/шитаке/витамин Ц и користење гинекс форте вагиналети (и ко за беља, многу стресови имав последниве месеци и не очекувам нешто позитивно..). Аман веќе да се решам од цинот барем..
Bev na kloposkopski pregled mi kazaa se e vo red, mi zemaa bris za hpv tipizacija. I Sega imam mn prasalnici dali ako newto ne e vo red ke pokazese na kloposkpoja najprvo ili nema vrska edno so drugo.
На колпоскопија се гледа дали има промени во клетките на грлото на матката т.е. дали има ЦИН. Во твојот случај немало, што е супер, ама не значи дека немаш хпв (туку само дека вирусот не предизвикал промени во твоите клетки). Типизацијата ќе ти полаже најсигурно дали и каков хпв имаш.