Девојки дали има некоја што имала ХПВ со ранички видени на колпоскопија.... и е правена процедура LETZ ласерско горење на раничките? Ме интересира искуство како поминала колку е бочно истото и дали после процедурата имала некои потешкотии??? Имено се работи за моја блиска која го има овој проблем па и закажаа ваква процедура и се интересира да знае што да очекува.... Ви благодарам
Матичната нека ти земе брис за типизација и однеси го на Институтот за Микробиологија на клиника. Само нека ти даде упат. Резултати за 10 дена.
Девојчиња ајде ваше мислење , во државна ми излава папот со цин1 и хпв и после само неколку месеца во приватна , и пап и хпв чисти и сега кому да му веруваш
Може да го имаш излечено, не значи дека резултатите се погрешни. Хпв се лечи иако нашиве доктори тврдат спротивно....
да јас сум имала порано ..знам дека не се лечи , само ме интересира дали се по веродостојни реузлтатите кај приватните клиники и кај матичните лекари
Епа тогаш жените што ги знам се медицинско чудо или...? Ако така мислиш, мисли си. Немам намера никого да убедувам. Поздрав
Здраво на сите имам 19 години пред некое време ми се појавија симптоми како чешање и црвенило на отворот на вагината, отидов на гинеколог ми направи пап тест хпв типизација и испитувања за бактерии, резултатите покажаа дека имам хпв тип 51 и 59. Папот сеуште не е готов, а гинекологот ми рече дека треба да се прави колпоскопија а по потреба и биопсија. Дали некој имал слично искуство и како се лечи хпв вирусот?
Не се лечи, опција ти е да го деактивираш. Кога ќе направиш колпоскопија и биопсија ќе ти даде терапија. Да работиш на имунитетот. На секои 6 месеци пап. Поголема грижа за себе.
Папот ти е само 50% точен... некогаш покажува дека имаш промени на клетки но тоа не значи и хпв... за да се осигураш во дијагнозата ти треба типизација и колпоскопија... Типизација за да се одреди типот доколу воопшто го имаш и колпоскопија за да се одреди во кој степен е развиено хпв-то. Потоа може и биопсија ако ти кажи гинекологот дека треба да правиш.