Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Reny

    Reny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Денес бев да ги земам резултатите од ману за типизација на вирусот.... резултатите беа негативни, значи јас воопшто го немам вирусот. Девојки ако брисот кај гинекологот ви е позитивен веднаш идете на испитување дали стварно го имате бидејќи испадна еве дека јас воопшто и сум го немала.... Не знам како не им е срам на нашиве доктори, мислам дека овие месец дена ми беа хорор. ;(
     
  2. g-ca.Akic

    g-ca.Akic Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    1
    se raboti za lek koj navistina se bori i e uspesen vo borbata za HIV visrusot HPV leukemija bolesti so problemite itd ako mu treba na nekoj slobodno neka me kontaktira.

    [mod-kirilica:nx6fh8m0][/mod-kirilica:nx6fh8m0]
     
  3. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Вака, ја прочитав цела тема и ме фати страв уште повеќе.
    Бев во четвртокот на гинеколог. Ми правеше колпоскопија и виде (а и јас на монитор) мали ранички на грлото на матката. Грди, бели флеки. Ми стави јод на нив. Го прашав дали се работи за ЦИН, ми рече дека не му изгледа дека е ЦИН туку дека е тргнато накај тоа, најверојатно некоја рана фаза??????
    Ми направи ПАП тест, брисеви и ХПВ брис, ги однесов брисевите во државна, а за ХПВ во МАНУ.
    Во понеделник ке ми кажат дали е позитивен или негативен резултатот за ХПВ, а во петок ке знам ако е позитивен (не дај Боже) кој тип е.
    ПАП тестот ке биде готов за 3-4 недели, а резултатите од брисевите ке ги земам во вторник.
    Премногу ми е страв! Знам дека се ова ми е од мн слаб имунитет, ослабев нагло неколку кг. дури докторката се чудеше да не имам проблем со хормоните, па правев испитување на тироидната жлезда ама добри беа резултатите.
    Дали се ова може да ми биде пречка во иднина да останам бремена?????
    Тоа најмногу ме мачи и стварно би ми олеснило колку-толку да добијам некој совет.
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не е пречка за забременување, ниту за добро носење на плодот. Ниту може да има некаква штета плодот од вирусот.
    Доколку имате раничка, покорисно е истата да се оперира после породувањата (доколку имате планирано такви) бидејќи со операцијата се отстранува дел од матката, односно се стеснува матката што не е добро за идни бремености.
    Помалку нервози, зашто се клучен фактор во опаѓањето на имунитетот. Поопуштено гледајте на проблемов и се надевам ке добиете добри резултати. :)
     
  5. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ме радува тоа што проблемов не пречи на зачнување и бременост. Бременост сега моментално не е во план, затоа рано е за таква операција.
    Нервози еден куп, постојано сум под стрес, а што е најбитно се нервирам за глупави, невредни работи.
    Многу сум загрижена какви ке бидат резултатите.
    Се надевам и јас дека ке бидат добри, па што треба понатака, се ке правам, само да биде се како што треба.
    Фала ти многу!
     
  6. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    здраво сите ,ке ве замолам ако знае некој да ми одговори дали кондиломите(мислам дека така се викаат) се сигурно предизвикани од некој тип на хпв или не мора да знаЧи фала мн однапред позз
     
  7. samisss

    samisss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    здраво infinity
    колку што сум јас информирана, значи ако се работи за кондиломи, тие мора да бидат предизвикани од ХПВ вирусот но не се секирај затоа што само нискоризичните типови на ХПВ предизвикуваат кондиломи (барем колку што имам читано на интернет),а мислам дека ако побараш на интернет сигурно ќе најдеш нешто за нив.
    Еве што имам јас најдено:
    Болест HPV-тип
    Обични брадавици 2, 7
    Плантарни брадавици 1, 2, 4
    Плоснати брадавици 3, 10
    Аногенитални брадавици 6, 11, 42, 43, 44, 55 и други
    Генитални карциноми Високоризични[19]: 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59
    Најверојатно високоризични[19]: 26, 53, 66, 68, 73, 82
    Верукозна епидермална дисплазија повеќе од 15 типа
    Фокална епителна хиперплазија (орална) 13, 32
    Орални папиломи 6, 7, 11, 16, 32
    од 2 до 55 се сметаат за нискоризични.
    Човечкиот папиломен вирус (HPV — Human Papillomavirus) е папиломен вирус кој ја инфицира кожата и мукозните мембрани кај луѓето. Многу е поопасен за жени отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе кои се заразени од HPV не знаат дека го имаат вирусот.

    Околу 30-40 типови на HPV вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови не предизвикуваат болест.

    За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно низ целиот свет. HPV-вакцините, гардасилот и цервариксот, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV.
    Се надевам дека барем малку ти помогнав.Ако имаш повеќе прашања пиши па ќе се потрудам да ти одговорам колку што можам.
    Поздрав.
     
    На infinity му/ѝ се допаѓа ова.
  8. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    фала ти најмногу samisss за исцрпниот одговор инаку јас пред повеке од 5 години имав приметено несто како кондиломи ама спонтано сами се повлекоа а пред еден месец правев пап тест и геникологот ми каза дека е се во ред но дека патологот има сомнение дека постои хпв вирус ,па цекам резултати со огромен сттрав инаку имам родено со цр и се надевам ако има несто дека не е пренесено да детето позз
     
  9. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Сакам со вас да споделам една (за мене) огромна добра вест, ХПВ резултат: Негативен :) Супер!!!
     
    На svezdana и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  10. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Најново што дознав, од девојка која имала проблеми со имунитетот, е дека чај од оригано премногу помагал за зајакнување на имунитет.
    Почнав да го пијам од вчера и има мн ружен вкус, да не кажам гаден :D
     
  11. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    baby90 супер баШ ми е мило
     
  12. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Некој дали знае да ми каже??
    Денес ги земав резултатите од брисевите, пишува дека се негативни.
    Пишува на рез од вагина- нормалната микрофлора е присутна. Би требало тоа да е тоа ок, така???
    На рез од брисот за Mycoprlasma i ureaplasma- пишува само негативни.
    Значи дека се е ок или?????
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.476
    Допаѓања:
    201.310
    Пол:
    Женски
    Па нема ништо штом пишува дека се негативни ;)
     
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Annath фала многу!
    Прашувам зошто брисевите ги однесов во институт за биохемиски испитувања (незнаев, ниту пак докторот ми кажа дека треба да закажам прво за да однесам брисеви на микробиологија) и поинаку се напишани за разлика од тие од микробиологија.

    Вечерва помирно ке спијам :)
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Јас кај и да е ќе правам ХПВ типизација, пошто знам дека имам цин 1, само пап тест направив.
    И ако имам ризичен тип, дали се применува истата терапија како и при неризичен тип? (вагиналети, витамини, здрава храна...)
    Каква терапија се дава при ризичен ХПВ?
     
  16. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    BE молам за одговор!!!! Nаправив пап тест и излезе негативен со сомнение од патологот за присуство на хпв вирус.Дадов брис и денес по телефон ме известија дека има хпв вирус но со многу мало присуство недоволно да се направи типизација....и дека со понатамосен третман односно зајакнуванје на имунитетот моЖело да дојде до исЧезнуванје односно леЧенје на вирусот......ве молам некој ако има било какво сознание да ми ја објасни ситуацијата, инаку се работи за доста реномиран доктор....фала однапред од вас Чекам одговор па да видам дали да барам второ мисленје ;( :( :?:
     
  17. Lady.D

    Lady.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Здраво,
    Сакам да знам дали пап тест може да се направи за време на бременост.Имам информации дека правење на пап тест за време на бременост може да го оштети плодот.Загрижена сум ве молам за одговор.
     
  18. sanjicc

    sanjicc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    Нормално дека се прави пап за време на бременост, зависи само која недела си бремена, обично првиот пап се прави околу 12-та недела, па после околу 35-та недела.Поздрав
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Па мене не ми е јасна ситуацијата: имаш ВИРУС ама немаш доволна количина за брис да ти се земе??? :^)
    Зголемувај го имунитетот, па со тоа се големи шансите дека ке остане ХПВ-то на статус кво до наредниот преглед.
    Но, за секој случај можеш да си побараш второ мислење, па мирно да спиеш.
     
  20. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    значи правиш типизација а потоа биопсија
    после тоа зависи од резултатот ти даваат соодветни лекарства