Jas go imav toj problem Mila I se resi so laser I posle toa Eve veke 6god nemam problem .toa e bezbolno I nema krvarenje
Девојки,породена сум пред 3 месеци. Последен пап правев 2 месеци пред да останам бремена, испратен на испитување во Систина, уреден. Во бременоста правев микробиолошки брисеви во 12,22 и 34та недела. Сите уредни. На прва контрола 6 недели по породување матичната ми зема пап. Папот испратен во државна болница за испитување. Стига резултат: кандида, гарднерела вагиналис (никогаш во живот не сум ја имала ниту знаев дека постои) ,ХПВ. Препорака хпв типизација. Докторката вика овие инфекции не се гледале со микробиолошки брисеви. Заради кандидата и гарднерелата било заокружено хпв не значи дека ќе го има,затоа да се направи типизација да се провери. Заради тоа што дојам не смеам да пијам таблети (така рече она) и ми препиша само вагиналети Малмирор. За сопругот не спомна ништо. А јас се сомневам во веродостојноста на резултатот. Чаре?
Епа направи хпв типизација да видиш дали стварно е присутен вирусот или не, па потоа ќе бараш чаре. Не се пијат таблети или апчиња за хпв, така да и да го имаш ќе си земаш само витамини/имунотерапија за да си го ојачаш организмот и да го исчисти самиот тој вирусот.
Знам дека со витамини се средува,го имав пред 10 год. Од тогаш на 6м правев пап не се појави, а баш ми е чудно што се појавува сега(ако е точно) после бременост,после еден тон испиени витамини.
Па затоа што се исчисти после породување и си го активирала со нешто. Мора да го подобриш имунитетот ама направи типизација за да видиш дали имаш Cin.
Zenski zdravo, vaka sea ili mojot ginekolog ne razbira nisto ili jas, na pap testot mi bese zaokruzeno Acs-h i dok me prati na kloposkopija i hpv tilizacija, imav prethodno obajveno za ova, kloposkopija ok, hpv negativno.... Nosam rezultati mi veli mora da povtoerime pap test. Pap test kazuva ima nesto mora pak se prasuvam zosto me prakase na ispituvanja plus, kade sto ispadna se ok a sea mi veli pak pap test. SAMO mi pravi stresovi. VO drzavna mi objasnia deka acs-h e ima nesto ama neznam dali ima ibdeka so ova se potvrdilo deka se e vo red. Ve molam za iskustva
Neznam zosto se pravi biopsija i vo koi slucaevi, nemozam da razberam ako hpv nema, cin nemase zaokruzeno na papot, kloposkopija ok, i dok ne znae da objasni. Sto bi se utvrdilo so biopsija?
Штом имаш asc-h на пап тестот треба да направиш биопсија и со тоа ќе си бидеш на чисто. Со биопсијата се земаат парченца од цервиксот и се испитуваат и тоа е најверодостоен начин да видеш има ли нешто или не
На хпв типизација испадна дека имам хпв а пап тестот излезе чист можно ли е да е лажен пап тестот или не секогаш покажува кога има хпв?
Не знам кај матичниот гинеколог бев ми зема материјал и после еден месец стигнаа резултати, немаше ништо на папот И гинекологот ми рече да сме направеле колпоскопија и биопсија а ако е потребно и уште еден пап на приватно
Пап тестовите според мојот гинеколог се 50% точни, што значи ако при типизацијата покажало дека имаш ХПВ вирус, тогаш дефинитивно имаш. Нема потреба од уште еден пап тест.
Да знам тоа, само мене ме плаши да не има нешто што не го покажува пап тестот, чим не покажал дека има хпв.
Мислиш нешто друго настрана од ХПВ вирус? Затоа се прави колпоскопија, која ако е уредна тогаш се е во ред и нема потреба од понатамошни испитувања. Ако твојот гинеколог се сомнева на нешто, тогаш те праќа на биопсија.
Да бидејќи на првата колпоскопија имаше некој промени што докторот рече дека биле поради инфекцијата, а папот не покажа ништо затоа ми е чудно.