Вака девојки.Имам хпв тип 16 и 58 и многу ме фати паника дека се високоризични.Почнав да пијам Шитаке,Витамин Е,Цинк,Витамин Ц,Фолна киселина и Алое вера.Наредна недела докторката ќе ми препише и Изопринозин. Имам прашање до вас што подолго време го имате вирусов.Дали би ми препорачале уште нешто? И дали откако ќе ги испијам овие ќе треба одма да продолжам со истите или треба малце пауза? Иначе правев и колпоскопија,во ред беше. Премногу сум испаничена,ми мавна на психаБило каков совет е добредојден.
Во иста ситуација сум, 2 високо ризични имам и све тоа пиев (освен алое вера), веќе 2 години опстојува цин1 и никако не ми се повлекува. Здрава храна, избегнувам стрес колку што можам, не пушам и не пијам, сите овие витамини и имунотерапија, па сеуште го имам. Други луѓе имам читано дека со изопринозин им се повлекло, значи зависи од организмот. Нема потреба од ништо повеќе да земаш од тоа што го наброја, и едноставно пробај да не го мислиш (верувај, знам дека тоа не е лесно). Мене веќе ми е смачено од тоа нонстоп мислење што и како, после последнава контрола се откажав, се помирив дека ќе си го имам ова и не можам да се замарам со давање 3-4000 денари секој месец на шитаке и компанија, па правам малце пауза.
Офф ќе пробам колку можам да не го мислам ама многу ќе биде тешко сега на почеток,со тек на време ваљда ќе се навикнам и ќе го прифатам фактот дека цел живот ќе го имам.. Најмногу ме плаши понатаму да не ми влијае на бременост.Прочитав дека не влијае ама сепак стравот постои..а не дај боже да доведе до понатамошна појава на рак..Знам дека сум хипохондрик ама едноставно таква сум,што да правам
Ooo воопшто да не се секираш за бременост, нема никакво влијание на тоа, баш дури бременоста знае да го исчисти вирусот/цинот. Мене докторката секој пат ме прашува дали имам дечко за да си затруднам и да го исчистам, ама јас пустата сингл Така да за тоа ич да не се грижиш, само ќе си пиеш витамини и ќе си тераш напред.
Zdravo istiot problem go imam . Vekje 2ra godina. Pijam vitamini zdravo se hranam vezbam gledam da ne se nerviram. Ginekologot mi vika da ne se sekiram treba samo da go sledam. Ama ne sum sigurna sakam da vidam uste nekoe mislenje. Ne sum napravila biopsija dali treba za hov 16 i 58 ? Ve nolam za info. Falaa
Биопсија треба само доколку има абнормална колпоскопија . Доколку имаш колпоскопија правено и докторот не ти кажал дека треба биопсија значи не треба да правиш.
Направи прво колпоскопија, тоа е исто како за пап тест само наместо брис да ти земе, околу грлото на матката те премачкува гинекологот за да види дали има промени во клетките. Ако има, се препорачува биопсија за најпрецизно да се утврди на што се должи таа промена. Ако немаш ништо, нема потреба од биопсија. Еве прочитај си кратко и убаво објаснето тука
Здраво девојки! Ми стигнаа резултатите од хпв тестот и имам ХПВ16 високоризичен.Живеам во Германија и резултатите ми стигнаа по пошта ( ова е најнормално за тука). Пишува дека имам ПАП1 што значи нема клеточни промени и ХПВ 16 и да направам контрола за 6 месеци. Сакам да почнам да користам нешто за подобрување на имунитетот и доколку има некоја што живее тука да ми препорача што конкретно користи и од каде да порачам.
Фала ти за рецептов Само да те прашам: каде можам да најдам свежи листови од алое? И малце ме збуни со алкохолов, на каков точно мислиш?
Малку ми е чудно дека во Германија што има фантастично здравство не ти препорачале да правиш колпоскопија со ваков резултат, кај нас е тоа стандардна процедура кога ќе биде издвоен ХПВ 16 на типизација бидејќи се работи за најризичен тип. Не би сакала да те плашам, ама во мојот случај, од негативен пап, а позитивен ХПВ 16 и негативна колпоскопија (се беше чисто иако вирусот се покажа) за шест месеци дојдов до ЦИН 2 иако тие шест месеци правев се што можев да го исфрлам од организмот. За имунитет после операцијата пиев високи дози на витамин Ц, фолна киселина, витамин Е, коензим q10, цинк, селен, масло од пченични никулци, и можеби имаше уште нешто и јадев многу зеленчук, овошје, јатки.
Навистина незнам зошто не прават колпоскопија. Инаку баш сега го сменив претходниот доктор затоа што сестрата на двапати ми имаше грешка резулати кажано. Пред да останам бремена направив пап тест и ми рекоа дека нема ништо резултатите се добри.После 6 месеци (тогаш веќе бев бремена ) ми вика сестрата да направиме контролен пап тест затоа што нели на претходниот имаше ПАП 2. Јас останав цела во прашалници.За среќа контролниот тест беше со Пап1 резултат. Живеам во помал град и едно што нема којзнае колку гинеколози друго за термини се чека многу.Инаку никаде не е идеално па ни во Германија.
Дали после тоа го отстрани ЦИН 2? И јас имам негативна колпоскопија и ХПВ 16 и 58, пијам изопринозин и овие витамини што ги имаш и ти пиено а за месец дена треба да правам нов ПАП и колпоскопија. Страв ме фати сега...
Го отстранив, на ГАК правев интервенција. Со ЦИН 2, а ХПВ 16 не се чека Од тогаш фала богу сите папови ми се чисти, скоро 5 години поминаа, а ПАП правам на 6-8 месеци. Иначе вака одеше: после ПАП резултатот ЦИН2 ми правеа биопсија и ЕCC, кои го потврдија наодот на папот. Чекав да добијам, и после тоа одма следниот циклус ми правеа интервенција. Мој совет до сите - доколку имате ХПВ 16, а не сте правеле колпоскопија, побарајте му на матичниот да ви ја направи. Не е воопшто болно, исто е како земање брис, само подолго време трае, 10-15 мин. Докторот гледа со колпоскоп и доколку има промени, ќе се забележат одма.