Земи бетаглукан шишенце со 90 капсули во него и спирулина... јас од германија си ги купив и ми помогнаа... бетаглуканот го зедов 28 евра а спирулината 17 евра. Од бета глуканот пијав по 1 на ден 30 мин пред јадење а од спирулината 2 наутро 30 мин пред јадење и 2 навечер пред вечерата. Јади повеќе салати. Поточно листест зеленчук. Исто така потребно е и дневно да внесуваш морков и шери доматчиња. Ова помага многу за кратко време ќе видиш подпврубање. Можеш и да си земиш вагисан вагиналети. За нив мислам дека ќе ти биди потребна рецепта. Позз
Здраво. Сакам да ве прашам за типизацијата на хпв. Дали и доколку е во активна и/или неактивна форма ќе покаже дека го има вирусот?
Типизацијата ќе го покаже типот на вирусот, доколку неговата вирална потенција (viral load) e изразена. Доколку вирусот е супресиран и е под граници на детекција (што е и целта, истиот да се стави под контрола), типизацијата ќе биде негативна.
најчесто се пренесува секссуално но според некој нови истржувања читав дека вирусот се смета дека може да се пренесе и преку веце школка , менење на долна облека крпи ...е сеа дали е навистина така нз
Девојки, ве молам за одговор, правев пап, излезе хпв потребна типизација, па правев типизација и излегоа високо ризични 31 и 39. Денес правев колпоскопија кај матичната рече има онака минијатурно делче каде има некои промени, па ми даде да пијам Изопринозин па за 20тина дена да се јавам да ми закажат во ГАК за уште една колпоскопија и биопсија рече ќе си направат ако треба. Прво, дали тоа што ми покажа само ХПВ а не и ЦИН значи дека не се развило до таму? И што може да покаже биопсијата, може ли да излезе дека имам ЦИН 1,2,3?
Би требало да ти пишува на пап тестот дали имаш и цин. Обично ако немаш пишува само инфламација без промена на клетки. Ама ова со изопренозинов за 20 дена е мн краток период... се пие 14 дена 3пати по 2 па 14 дена пауза и така во круг од 3 месеци и плус според неговото дејство треба да земаш и витамини и цинк... и не е баш добро да правиш толку често колпоскопии пап тестови па и биопсија плус...
Фала на одговорот, да така и ми е препишан Изопринозинот, ама за време на паузата да се јавам да ми закажат за на ГАК, и јас не знам зошто две толку блиски колпоскопии. Повеќе ме испаничи тоа отколу било што друго. Инаку пијам и цинк, витамин ц, Метил фолат, метил б12, д витамин, селен плус абц и се мислам алое вера гел да земам, читав по форумот дека помагало за ХПВ. Фала на совет, ќе се консултирам повторно.
Можеш и бетаглукан и тој е добар против хпв.. Нема проблем. Ти посакувам што побрзо да слушнеш убави вести.
Не се секирај за колпоскопијата. Ништо страшно не е, ниту е проблем што ќе се прави пак за краток период. Едно е матична да те гледа, друго е специјалист. На ГАК сега не примаат, но за 20 дена може ќе се смени нешто. Таму ќе те видат со колпоскоп па ако докторот забележи сомнителни промени на грлото на матката, тогаш може да направи биопсија. Не верувам дека ќе испадне ЦИН2,3, ќе покажеше нешто и на ПАП-от. Сепак тоа се поголеми промени, потешко е да им промакнат. На ПАП-от што точно пишува? А за изопринозинот, те пишале веќе како е шемата. За хпв од низок степен се пие 3 месеци, а за висок се пие 6 месеци. Освен бета глукан и кориолус е многу ефикасен во борба со хпв. Додади и бета каротен на списокот витамини
Здраво девојки,сакам да прашам дали хпв вирусот дава некои симптоми ако го имате....бидејки имам еден проблем и ноќи не можам да спиам мислејки на тоа дека имам хпв бидејки сум спиела со еден без кондом нотој има спиено со многу женски и се плашам да не е заразен од некоја...бидејки имавме не заштитен однос повеќе пати..многу ми е страв и да се тестирам,
Понекогаш ми мириса,но немам кондиломи само многу често ми се дешава да имам чешање оток и бел засирен исцедок....значи во месецот по два пати може да ми се деси
Во петок треба да отидам на гинеколог па ке видиме,многу ми е страв многу да немам некоја сида или не знам ти што друго,или пак само си правам некој непотребен филм.
Кај носител на хпв со низок ризик, може да се појават кондиломи, но кај хпв од висок ризик нема никакви симптоми. Ова со уринирањево врска нема. Секој доктор истото ќе ти го потврди. Затоа што нема симптоми, потребни се редовни контроли. Поради тоа се сите кампањи за да се прави ПАП редовно. Ако нешто има, навреме да се реагира.
Само кондиломи ако има, можат да се видат со око. Инаку не. Затоа мора брис да се земе за типизација на ХПВ. Ако правиш ПАП, нека ти земе матичната и брис и тоа е тоа. И да имаш ХПВ не е крај на светот, затоа не се потресувај до толку. Во повеќето случаеви, од ХПВ-то нема да се манифестираат никакви промени и ќе пројде само од себе. Во ретки случаи, ако е присутно ХПВ од низок ризик се појавуваат кондиломи, а ако е присутно ХПВ од висок ризик се појавува ЦИН. Пак ќе кажам и да имаш ХПВ, не е толку страшно. Се третира со витамини и само треба редовно да се следи за да не предизвика кондиломи или ЦИН. Едит: Сега видов за ХИВ дека прашуваш. За тоа преку крв се проверува. Матичниот од око ништо не може да види.
Од хпв не се умира За да не си правиш непотребни паники, прочитај малце повеќе за ХПВ и за други сексуално преносливи болести. http://www.hpvsm.org.mk/ За ХИВ се едитирав погоре.
Од пап-от резултатите викаат промени што асоцираат на вирусни инфекции, мене ми пишаа порака од кај гинекологот одма дека е хпв чим ваков е описот, па правев типизација при што се утврди дека се работи за тип 31 и 39. Кориолус читав и јас дека е одличен за ХПВ ама само на една фирма и тоа на интернет успеав да го најдам, ќе прашам денес по аптекиве. Фала ти многу за смирувањето.