1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    цин 1 со најизменични високорозични хпв типови. Последно бепе 16ка.
    3 пати на ден на гладно по една лажица.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Јас само биопсија и ецц правев за да утврдиме за кој ЦИН се работи. Потврдивме дека е ЦИН1 и одлучивме само да следиме, без (засега) понатамошни интервенции.
    За ЦИН2 нема да ти прават конизација. Ласерска вапоризација или LLETZ најчесто се користи за да се отстранат промените.

    Колпоскопија направи ли?
    Имај во предвид дека ПАП-от има ~30% веројатност за грешка. Мене на пример само на еден ПАП ми има покажано, а на секои 4 месеци правам. Можеби прво само биопсија ќе сакаат да направиш за да се потврди дијагнозата.

    Барај уште едно мислење обавезно, па да одлучите што да правиш и кога. Искрено се надевам дека ќе почне ГАК да работи па да можеш кај Димитров е да одиш.
     
    Последна измена: 24 јули 2020
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Направи го лекот што ти го пишав. Освен тоа. Купи си сода бикарбона без алуминиум на витаминка и пиј секој ден одма после ручек (мешај со дрвена лажица)
    наутро и навечер на гладно по една мала лажица сомелена кора од цитрон (претходно добро измиена во сода бикароба) која е чувана прелиена со ракија 10 дена на темно место.
    избегнувај рафиниран шеќер.
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sh.Os

    Sh.Os Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Освен БИОБРАН што може да најдам замена малку поевтин да биде.. бидејки пиев БЕТАИМУН но сега ги нема достапни, јас пиам како замена моментално ФРУТДЕП -имуно, но не знам дали се баш наменети за хпв-то.

    Што ми препорачувате и за Д3 др ми препиша вигантол по 10 капки, но ги нема земам од пливит.
     
  5. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Јас пијам бета глукан на Еуровита, околу 2800 ден, 60 капсули од 500мг има, и изопринозин таблети, една кутија е 945 ден, скоро две се пијат месечно. Ова од доктор ми е препишана терапија. Реално скапо е, но тоа е :)

    А Д3, земам капсули наместо капки, на Protego или на Dr. Wolz, зависи каде пазарувам.

    Ако сакаш баш замена за Бетаимун, во Зегин има едни таблети Beta Glucans со многу сличен состав како овие, околу 650 ден, 30 таблети.
    Screenshot_20200728_211255.jpg Screenshot_20200728_211317.jpg
     
    Последна измена: 28 јули 2020
    На tina2018 и Sh.Os им се допаѓа ова.
  6. Sh.Os

    Sh.Os Активен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Фала многу за одговорот :)
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Layla24

    Layla24 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски

    Фала ти. Ќе пробам . И јас имам цин 1 со високоризичен хпв. Имај убав ден ❤
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    освен тоа исклучив бело брашно и квасец а ако се случи да јадам во форма на не знам нешто пица или домашна кифла веднаш пијам сода бикарбона од алкалоид што е без алуминиум. Квасецот, белото брашно и рафинираниот шеќер се МНОГУ штетни а супер храна за ХПВ. Тука нормално влегува и алкохолот. Гледај да не се стресираш....друго за имунитет пијам мед со глуварче лек ама сега веќе мислам дека го нема глуварчето.
     
  9. Layla24

    Layla24 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Јас сега за сега се обидувам да внесувам повеќе овошје и зеленчук, пијам Б комплекс и цинк , инуновер апчиња. Гледав дека фолд асид и куткума помагало за ова ама незнам колку е точно.
     
  10. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    пијам навечер и златно млеко....
     
  11. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Здраво,дали може некој да ми каже што точно значи овој резултат, матичната некако не сакаше многу да ми објасни туку ми даде упат на ГАК за во петок.. 20200811_163455.jpg
     
  12. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Наодот од ПАП покажува дека имаш ЦИН3, промени од тежот степен со висок ризик.
    Во забелешката ти е запишано да се направи биопсија и ендоцервикална киретажа. Ова се изведува за да се потврди или исклучи наодот од ПАП-от, односно да се добие хистолошка верификација со точната состојба. Со биопсија се земаат парченца од грлото на матката, а со ендоцервикална киретажа се зема материјал од каналот и се испитуваат за да се утврди точниот степен на промени.

    На ГАК прво ќе те видат колпоскопски. Според тоа што ќе види докторот ќе одлучи за следниот чекор. Најчесто прво се прави биопсија и ецц, па според резултатите ќе одлучи со која процедура ќе идете понатака. Доколку се потврди дијагнозата, се применува некоја од техниките за отстранување на зоната со промена (ласер вапоризација, LETTZ, конизација) зависно од степенот. Се изведува неколку дена по завршување на менструација.
    Дијагнозата ЦИН 3 бара задолжително лекување заради високиот ризик што го носи.
    Само не сум сигурна дали на ГАК примаат сега со ситуацијава.

    Предходниот ПАП како ти беше и кога ти е правен?
     
    Последна измена: 12 август 2020
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    18.2 .2019 та
    резутатот беше цин 1 (лесна дисплазија). Докторката ми закажа термин, најверојатно примаат. А дали е болна биопсијата:(
     
  14. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    После ПАП-от со ЦИН1 во 2019 правеше ли ХПВ типизација и колпоскопија?
    Многу временска разлика имаш меѓу двата ПАП-а.

    По протокол после позитивен наод на ПАП, се прави колпоскопија, ХПВ типизација и контролни ПАП-ови на секои 4-6 месеци, а во меѓувреме се пие витаминска терапија за подигнување на имунитетот.
    Инаку за ГАК, матичните можат да издаваат приоритетни упати, но дали примаат таму не се знае. До скоро не примаа, ги враќаа. Можеби се променило нешто сега.

    Биопсија и ецц јас правев со целосна анестезија во Систина. Мислам дека и на ГАК со целосна прават. После тоа 2-3 дена имав малку болки и лесно крварење.
    Јас сум со ЦИН1 од 2018 со високоризичен тип на ХПВ, но контролни ПАП-ови и колпоскопија правам на 4 месеци и два пати правев биопсија. Така следиме за да не напредува без контрола.
    Кај мене ситуацијата дозволува само да се следи без други интервенции.
     
  15. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Не правев ништо бидејки матичната не ме ни упати за понатамошни испитувања,освен што ми даде вагиналетки.
    Колку те кошташе биопсијата и ецц во Систина?
     
  16. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Немам коментар за матичната. Само ќе кажам катастрофа и срамота.
    Биопсија и ецц во Систина 14,400 платив.
    Пиши ми што ќе направиш. Со лесно
     
  17. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Ти благодарам многу за одвоеното време
     
  18. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Пиши ми слободно кога сакаш, што и да ти треба.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Јас правев на ГАК биопсија со ECC пред 5 години после наод ЦИН 2 на ПАП и ХПВ16 на типизација. Најдобро би било ако можеш да стигнеш до Горан Димитров, зашто тој е најдобар за оваа проблематика не само на ГАК туку и во Македонија. Иако сега со ситуацијава не знам како работат. Од приватниве го препорачувам Јован Костадинов во Систина. Реално, лош е резултатот од ПАП-от, ама секогаш постои можност на биопсија да покаже помала промена. Ама мора одма да се реагира, јас после тој наод на ПАП, за 3 дена бев на биопсија во ГАК, ласерска интервенција ми правеа месец дена после тоа. Биопсијата е со кратка интравенска анестезија, не спиеш, само си малку зашеметена, ама не боли, јас ништо не осетив, ниту за време, ниту после тоа, освен што крварев малку неколку дена потоа.
     
  20. Layla24

    Layla24 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Златно млеко?