Здраво девојки, ме интересира колку време се чекаат резултати од типизација во Авицена? Или на кое место се чека најмалку Лани на пап ми излезе Цин 1.. Направив типизација во ГАК и немаше ХПВ. Па имав неколку добри резултати сега пак излезе промени сомнителни за ХПВ. Па секако ке направам колпоскопија и типизација (само кај што не се чекаат мн резултатите, ме убива чекањето)
Сама ги носиш? Треба некакво закажување или како оди процедурата? (не знам како е бидејки претходно матичниот ги носеше) Ти благодарам многу за инфо
Докт. Од жан Митрев ми зеде брисевите и за типизација епруветата ми кажа да ја однесам во биотек на испитување бидејки во Жан Митрев поскапо ке ми наплателе.
Повторно ми излезе негативна типизацијата. Овој пат ја направив во Авицена (19 високоризични и 9 со низок ризик). Резултатите ги добив за 2 дена, платив 3 600. Се надевам не е некој тип што не го детектираат. Иначе колпоскопијата беше уредна. Дали некоја од вас имала исто повторени Цин 1 на пап, а негативна типизација по 2 пат
Од тоа што јас го знам е дека ПАП-от не е 100% точен. Доколку излезе нешто сомнително се прават дополнителни испитувања за да се утврди за што станува збор. Мое мислење е дека ако имаш нешто би требало да го забележи гинекологот при колпоскопијата, а воедно тука е и хпв типизацијата. Сепак најдобро е да си се консултираш со твојот гинеколог.
Јас кога најавив дека планирам бременост, ми рекоа само пренатални витамини да пијам или регуларни дози од витамините и да ги прекинам изопринозинот и бета глуканот. Консултирај се твојот доктор ако планираш бременост.
Најубаво да се консултираш со доктор, затоа што ова сепак се многу високи дози на витамини. И јас ги пиев вака, па кога кажав дека планирам бременост ми ги намалија соодветно дозите.
Здраво, ми треба консултација и некој што имал сличен случај како мојот, да сподели искуство и совет да каже. Многу ме болеа јајниците и имав секрет(бело прање) цело време пред менструација и после менструација дури на сето тоа многу ме чешаше долу. Отидов кај матичен гинеколог му кажав што ми е и тој ми зема брис и пап тест. На брисот не покажа ништо, а пап тестот Цин1. Не верував и сакав друго мислење од др. Гинеколог. Бидејки ме прати на киретажа и многу се исплашив и морав да одам кај друг гинеколог. Отидов во ре-медика и на гинеколог му кажав дека сум дојдена за второ мислење. Ми зема брис, резултатот беше кандида и даде вагиналети и едни апчиња не ми текнува кајо се викаат кога ке завршам со цела терапијата да одам на контрола. Бев на контрола ми зема контролен брис, правев пап тест и типизација. На контролен брис немаше ништо, на пап тест ми покажа цин1, а на типизацијата присуство на високоризични типови на хпв(52,56,68.) Ми направи колпоскопија и ми рече дека треба да правам биопсија, така што имам некоја промена на грло на матката као некоја мала раничка и требало да се прави биосија бидејки со пап тестот не можело добро да се знае до каде е и што е бидејки се гледало надворешно, а треба да се знае и како е внатрешно и до каде е. Ми кажа дека со биопсија ке се знае точно што е и како е, подобро ке се знаат резултатите и тогаш ке можел да ми даде терапија. Биопсија ке ја правел со локална анестезија и од грло на матката ке изгребал малку, не било ништо страшно и болно. Ми рече немора веднаш да се прави биопсија и препорача кога ке ми заврши менструација. Ги добив резултатите од колпоскопија не ги разбрав баш убаво ми пишуваше присуство на хпв и некои промени на цервикален и ендоцервикален... На сето тоа сега кога бев на контрола ми даде вагиналети Ацидосалус. Ме интересира: 1. дали може да се пројде без биопсија? 2. дали се лекува и дали се појавува пак? 3. Ако се направи биопсија дали после има некои компликации и дали пречи на бременост, бидејки имам 25г и уште не сум раѓала.? 4. Дали може да се излечи ако се појача имунитетот, со некои лекови, здрава исхрана, плус не сум пушач. Едноставно незнам што да правам, бидејки имам слушнато дека многу се излечиле со појачување на имунитетот кои имале цин1 што дошле до цин3 само природно го излечиле зо зајакнѕвање на имунитет без биопсија и ласерско остранување. Ке ве замолам за совет незнам што да правам со таа биосија во паника сум и нервозна.. Фала многу!