2 биопсии правев у 3 недели сега. Една у декември, една сега на 5ти јануари. Првата без анестезија, втората со минимална . Ме истормозија. Не ми направија типизација идиотите ни приватно ни државно Биопсија МОРА за да видаѕ дал е цин 1, оти мене на пап ми беше цин 2, на биопсијљ испадна цин 1. Значи пап тестото не е 100% точен. Биопсијата е. Не се зезај и терај. Јас сега чекам циклус да ми заврши и да праам типизација. Од гак ќе чекам еден месец резултати и тоа втор пат правам оти на приватно каналот не ми го испитале Еј, приватно и неиспитана асално Значи ти треба испитување надворешно матка + канал и за тој треба анестезија малку, не боли ич со анестезија направи на време. Со цин 3 и конизации раѓаат. Ова не е сечење типично и кратење грло на матка. Ова е мал примерок зимање и ич не е страшно . Башка мене приватно ме правеше 40 мин, на гак за 3 мин ме завршија. Како сакаш така, јас додека не испитам се' не застанувам.
Јас имав Хпв пред 4 години. Мене цин не ми најдоа ниту пак ме пратија на типизација. Се префрлав тогаш од една во друга ординација и праев пап по втор пат и покажа само Хпв и брисевите беа candida albikans. Јас се лечев со нео-пенотран форте вагиналетки во две дози, имуно таблетки еден месец дозирање и регулирана исхрана. После три месеци праев пап пак и беше чист,потоа на 6 месеци уште и беше чист. Тогаш една феминка ми рече да си купам едни вагиналетки и кога ќе имам проблем со кандида да си ги ставам, така и правам за сега ми се нема повторено. Е сега кај тебе најдобро е да правиш биопсија, да си испиташ регуларно се. И да почнеш на време да се лечиш,ќе ти дадат терапија и пап почесто ќе ти прават. Не е страшно, треба да го зајакнеш имунитетот.
@YOANI со видливи колпоскопски промени особено ендоцервикално и цин на пап на два наврати и ХПВ типизација што покажува присуство на високоризичен ХПВ нема играње и нема чекање. Ти пишала членката погоре, само биопсијата со ендоцервикална киретажа ќе ги потврди промените и ќе ја дефинира дијагнозата, а од таму ќе се знае и третманот. Биопсијата е тотално безбедна и безболна, добиваш интравенска анестезија која ќе те зашемети и за 2 минути си готова. После тоа малку крвариш ден-два и толку е. Пробај ако можеш да стигнеш до Горан Димитров на ГАК зашто е најдобар за оваа проблематика, а ако се одлучиш на приватно, оди кај Јован Костадинов во Систина. Во зависност од промените ќе ти препорачаат начин на третирање што е најчесто конизација или ласерска вапоризација на заболеното ткиво. Опасност по бременост од терапијата е минимална, во случај на конизација можно е да треба во бременест да се прави серклаж, ама нема никаков друг ризик по здравјето на трудницата и бебето, илјадници жени раѓаат здрави деца после третман. Во меѓувреме почни одма да пиеш големи дози на антиоксиданси (вит Ц, Е, коензим К10, бета каротен, фолна киселина, селен, цинк) и да се храниш здраво колку што можеш повеќе.
Здраво. Јас сум моментлно со цин1. Се консултирав со тројца лекари и ниту еден не ми препорача биопсија за цин1. Јас имав цин3 пред 5-6 месеци и тогаш правев биопсија, киретажа и конизација. Цин1 се лекува со терапија, консултирај се и со други лекари, но, јас од мое искуство мислам дека биопсија за цин1 нема потреба. Моментално од терапија пијам Бета Имуне, Изопринозин, гел од Алое Вера, чај од билна аптека Стојанови кој што е наменет за лекување на ХПВ и Цин и вагиналети Гинекс Форте.. Во одност на исхраната продолжи да го јадеш тоа што си го јадела до сега и плус внесувај количински колку што можеш овошје и зеленчук. И јас сум на твој години и веке имам родено едно дете, за друго ми кажаа дека нема да имам никаков проблем само да почекам да го излечиме цин1. Знам луге коишто и со дијагноза цин2 не праавеле конизација бидејки во повеке случаеви и цин2 може да се излечи со терапија.
Дали при инфекција со Уреоплазма или кандида ,пап тестот задолжително покажува промени како ascus,cin и слично?
Сега го проверив само ми пишува ова Бенигни клеточни промени(trichomonas vaginalis), клеточни промени што асоцираат на вирусна инфекција хпв, ендометријални клетки и реактивни промени (инфламација - типична обнова).
Ама на пап тестот не пишува дека имам цин а тој ми кажа дека имам и дека има некоја како раничка што морало да се прави биопсија да се видело какво е внатрешниот дел, сега членката ме потсети убаво проверив дека не пишува нигде дека имам цин или па цин1 зошто сега мора да се прави биопсија
Девојки, За типизација на хпв, искуства, во која лабораторија да однесам примерокот? Од авицена не сум задоволна баш..
Девојки, на 26ти февруари имам закажано на гинеколог, дали ако ги пијам еден месец овие мултивитамини почнувајќи од денес, утре, може пап тестот или ако правам типизација да се покажат моментално негативни, (доколку ги пијам само еден месец). Дали може лажно негативни да бидат тоа сакам да прашам, бидејќи би го подигнала малце имунитетот, или сепак витаминиве се во мали дози? Да не си напраам проблем па после месец ако ги прекинам да ми се врати вирусот па да го имам до следен преглед, тоа ме мисли..