Можно е ти, или тој да сте го имале уште пред многу години па можеби сега под некои околности се активира. Со доктор што имам разговарано, аматерски да го пренесам муабетот, за да се појави хпв на пап треба да е да речеме над 1000единици нешто (стварно не се разбирам поинаку да го пренесам ова )) ) и можно е да го имаш, а папот да не го детектира. Затоа се прави типизација. Никој од нас не би знаел дали сопругот можеби тазе ви го има донесено вирусот, ама пред обвинувања би се консултирала со доктор, можности од претходно да се имате заразено, или не знам, некоја шанса да го имаш фатено во болница после пораѓај, ако постои таква можност
Ти одговорила Кравче, хпв се активира под некакви околности, на пример пад на имунитет, стрес и слично. Бременост и пораѓај обично се стрес, остај ги бубачките за сопругот, работи на јакнење на имунитет.
прашав доктор, со истава теорија како тебе ми објасни за единиците. Сестрата се смееше велеше ех колку се разведоа од овој хпв, јас целата Не добив конкретен одговор веројатно е нехумано гинеколог да ти рече, маж ти може "шета"
Mene mi izleze vo pap pred tri nedeli kletocni promeni. Vednas sakav tipizacija da napravam. Dimitrov, vo Remedika (toj mi e doktor sto me vodi i za plodnost) mi rece nemas potreba za tipizacija. Kletocnite promeni ne doagat samo od hpv, mozno e nekoja druga infeksija da imas i da ti napravi kletocni promeni. Mi rece mozno e da bide hpv, no nemas potreba za tipizacija. Samo terapija za pojacanje na imunitet (zink, selen i beta karoten). Kletocni promeni e mnogu cesno kako promena vo papot. Se predizvikuvat od mnogu faktori. Ne mora da znaci deka e HPV. Samo ako sakas da go potvrdis dali e ili ne, mozes tipizacija da napravis. Pozz
Ако другите резултати се во ред, а на типизација ти откриле само дека имаш позитивен тип на хпв, нема зошто да си преплашена. Јакни имунитет, редовни гинеколошки прегледи и тоа е тоа.
На кои други резултати мислиш. На типизација излезе тип 39, на папот само пишуваше инфлација ништо повеќе. Затоа прашав, освен имунитет дали друго чаре има.
Мислев на Пап тестот. Инфламација штом само пишувало, без да има клеточни промени, немаш причина за паника. Прави си редовно гинеколошки прегледи. Само појачај имунитет, за да може организмот да се избори со вирусот и да се деактивира,друго чаре нема. Хпв-то штом еднаш го добиеш си го имаш за цел живот.
Хпв тип 51 и 73 ми се откриени денес. А претходно и на пап тест имаше промени. Имала некоја искуство или мислење за овие типови? Дури од понеделник сум на гинеколог, да не се шекнам до тогаш...
Освен дека и двата типа спагаат во групата на високо ризични типови, се другото зависи од тоа што ке ти го каже гинекологот, односно за какви клеточни промени станува збор. Какви промени ти покажа Пап тестот, од кој степен?
Здравоо. Мене после редовни гинеколошки прегледи и пап тест секоја година (апсолутно без ништо) годинава ми покажа Цин 2 (година ипол од породување). Типизација не направив, но бев на биопсија која што покажа за жал Цин3 и Цис, после тоа ми беше закажана конзација, сега моментално уште сум на боледување од конизацијата (беше се извадено, ивиците одеа во здраво). Не мисли негативно, може биопсијата ако ти ја предложат ќе покаже дека е Цин1 па ќе те советуваат да јачаш имунитет само, јас не сум репер оти сум жива нула со имунитет буквално цел живот, нонстоп и настината и се. Цин1 може и сам да се повлече ама ХПВто ќе си го носиме цел живот. Ако имаш прашања за што и да е, тука сум. За тие што се во мисла за сопругот, јас отворено си прашав на гинеколог бидејќи се знаеме хаха, велам 4 години сме заедно, не сум била со друг не верувам ни он, како воопшто сум фатила? Докторката се насмеа, и ми даде одговор дека не мора да е по сексуален пат, може од депилација, јавни вц-а, базени исто, спа бањи... Така да, јас веќе ништо од тоа нејќам да видам со очиве мои
Исто и мене 2 години по породувањето ми излезе на пап тест. Претходно се уредно. Ќе видам на контрола што ќе речи докторот, сигурно ќе речи за биопсија, се надевам на добри резултати. А едно дете или две имаш? Бременост повеќе не?
Едно имам, две години во септември ќе прави, јас во април правев сега Пап тестот (година ипол значи после породување, а претходната година, неколку месеци по породување кога правев беше уреден). За второ не знам, сега за сега не сум спремна јас, не сум ни сигурна дали сакам второ искрено, за тоа здравје ќе размислам понатака, ама бременост секако е можна после конизација, имам случај близок, здраво право детенце, без проблем, да не се секираш за тоа ако тоа сакаш да прашаш. Само грлото е скратено, веројатно во бременост ќе треба и серклаж ама и се води веднаш како патолошка бременост (вака ми објаснија моите доктори).
Можеш да забремениш, едино ако дојде до интервенција може да ти препорачаат да внимаваш одреден период додека се опоравиш. Сестра ми правеше конизација за цин 3 дисплазија по колпоскопска биопсија и две деца роди после тоа. Пошо нема врска ова со матката, туку со грлото на матката. А хпв на жалост не се лечи. Се држи некако под контрола со имунитетот. Затоа работи и на имунитетот. Ама ќе ти објасни докторот најубаво.
Јас имав Цин3 и Цис и правев конизација пред една година. Исто имам високо ризичен тип на хпв, тип 16.Моментално е се добро и може да останам бремена, не сметало ништо конизацијата за повторна бременост.
Абе упм... Сега на тоалетна ми се појави малку како црвено, ептен мала трагa од крв, а циклусот ми е завршен.