1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Здраво, пак јас :D
    Направено ми е биопсија, ама докторката рече дека е високо ризичен, ако е цин 2 одиме на конизација. Па сакав да те прашам да ми ја објасниш постапката, колку ќе се опоравувам и сл? Фала :l:
     
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски
    Здравоо.
    Јас правев во Ремедика конизација, таму доаѓаш сабајлето гладна и жедна, те ставаат на програм и имаш анестезија преку канила, те успиваат и си работаат они. Се будиш и толку буквално, болка нема (има некоја нелагодност поради газите кои ќе ги имаш и како мала менструална болка, ова трае може една недела ама ништо страшно). Катетер јас немав, други имале, зошто така не знам искрено, после 2 саати си станав, бев до тоалет со помош на сестри неколку пати, после сама. Следното сабајле ти вадат гази (тоа е ептен нелагодно ако се стискаш како мене :D ), ако немаш крварење си идеш дома.
    Е сега опоравувањето еве уште трае, 4та недела веќе.
    Нема односи, нема бањање во базени, езеро, спа, дури ни во када несмееш да седиш во вода. Не смееш да креваш (за мене лично најтешко нешто поради малата, не смеам уште да ја кренам). Не смееш да се напрегаш да носиш кеси тешки или нешто друго да креваш, исто и скали ќе избегнуваш првите 10 дена барем. Крварењето е оскудно, како исцедок повеќе, со секојдневна влошка си поминуваш. Исто не смееш да седи, значи директно на грлото никако, лежење и стоење, после седење на страна на колкови, еве јас уште немам седнато...
    Опоравувањето е различно кај сите ама се си мислам мене и малце ме заплашија бидејќи се знаеме приватно и знаат не ми седи газот мирен, ќе фатев се да правам од одма бидејќи нема болка никаква стварно, после царскиот се правев сама па им се жалев после :D
    Најголемата болка што ја сетив беше канилата за мене :D
    Ако промашив нешто, или те интересира нешто плус, пишувај тука сум, со лесно и немој да се плашиш воопшто :hug:
     
    Последна измена: 30 јули 2021
  3. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Убаво ми објасни, фала ти.
    Но анастезија преку канила? Што е канила? Брунила ли?
    И колку дена ќе се отсуствува од работа?
    Не е за паника вака гледам.:hug:
     
  4. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски
    Брунила да :D
    Па зависи за работата, ако ти е тешка физичка, сигурно барем 2 недели ќе те советуваат да не одиш, или пак ако е со седење, исто.. не смее да се седи нели..
    не е за паника стварно, јас бев паничар најголем, ама ова ништо да ти било.
    Најважно е после резултатот, ивиците да одат во здраво. :hug::hug:
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Фалаа ти многу. Ќе пишам како ќе поминам. Бацкиии
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    И јас размислував како тебе додека не се заразив со два вида на hpv.Колку толку вакцината е заштита.
     
  7. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Screenshot_20210806_110211.jpg
    Колку толку? Еве јас ја имам примано вакцината и имам позитивен хпв тип 16. Што улога што сум ја примила вакцината?
    Потполно се согласувам со членката, најголема улога има имуниот систем.
     
    На EmilijaKolev, Fancy_Nency 22 и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  8. Blondie715

    Blondie715 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2019
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    4.711
    Пол:
    Женски
    Ve molam predlog za doktor za ovaa problematika od privatnive kliniki. Drugarka bliska saka da odi Sistina, ali ne znaeme koj e najdobar za ovaa problematika, na pap test i se pojavi hpv i cin. Ve molam za mislenje za dobar doktor od privatnive kliniki
     
  9. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Јас одам кај др Ирена Андонова во Жан Митрев. Презадоволна сум.
     
    На Fancy_Nency 22 и Blondie715 им се допаѓа ова.
  10. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    @Vanilla15 цин 1 е. Докторката што ја обработуваше биопсијата убаво ми објасни. Добро е, ништо страшно, само јакнење на имунитетот и контроли чести. Сега на 3 месеци првата.
    Среќна сум. :) :hug:
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.252
    Пол:
    Женски
    Супер, баш ми е мило! :party:
    Сега само јакни имунитет, се што можеш смени од животни навики на подобро и поздраво и колку што можеш минимизирај стрес (знам скоро невозможно е ден без стрес ама мора да пробаш), за мене мислам тоа беше тригер покрај другото.
    И не промашувај контроли :hug::hug:
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Фалаа. Да обавезно контроли, и помалку стрес... Здраво и витамини и онака години јадам и пијам :inlove: :hug:
     
    На Vanilla15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум овдека па ми треба ваше мислење.

    Досега не сум имала генеколошки проблеми освен што пред месец ми открија дека имам циста на јајник.
    Правев ПАП, вчера добив резултат: - ПАП уреден, со дискретни витусни промени. Контрола ПАП по 6 месеци. Совет да се направи ХПВ типизација и микробиолошки брисеви. - тоа беше одговорот од генекологот.
    Притоа кога правев ПАП ми правеа и калпоскопија се беше во ред.
    Прашањето ми е дали некоја од вас имала вакво искуство?
     
  14. wonder woman5

    wonder woman5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Дали некој е запознаен со тоа ако ги користиш таблетите изопринозин дека несмееш да останеш бремена и колку време од користењето несмееш да останеш бремена , бидејќи мојот гинеколог ме предупреди дека несмеам да планирам бременост ако ги пијам апчињата има ли некој вакво искуство?
     
  15. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Не смееш да ги пиеш за време на бременост или доколку се обидуваш да останеш бремена. Сепак изопринозинот не се пие долг период така да можеш да почекаш после прекинување на терапијата да останеш бремена.
     
    На wonder woman5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milen4etooooo

    Milen4etooooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Здраво. Направив пап тест пред 6 месеци кој покажа хпв инфекција. После 6 месеци го повторив и повторно беше исто... Направив типизација и резултатот беше високо ризичен хпв 45. Бидејќи со сопругот планираме бременост во блиска иднина докторката ми предложи најпрвин да направиме биопсија. Дали некој има вакво искуство, со високо ризичен хпв да оди веднаш на биопсија или најпрвин сте правеле калоскопија? Не ги разбирам многу овие работи затоа прашувам за искуства.
     
  17. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Каква дисплазија ти покажа пап тестот?
     
  18. Milen4etooooo

    Milen4etooooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    ПАП тестот имаше хпв а со типизацијата се утврди високоризичен хпв 45.
     
  19. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Штом нема покажано дисплазија, направи си прво колпоскопија.
     
    На Milen4etooooo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Се согласувам со @Nade-sunrise, штом нема покажано дисплазија туку само присуство на активен тип хпв направи си прво колпоскопија, доколку при колпоскопијата се покаже присуство на абнормален епител тогаш биопсија.
     
    На Milen4etooooo и Nade-sunrise им се допаѓа ова.