Немав симптоми никакви. На редовен годишен ПАП, добив позитивен наод, па правев хпв типизација која испадна позитивна на високоризични типови. Потоа направив биопсија која потврди Цин1. Симптоми од високоризичен хпв нема. Затоа се битни редовните прегледи, за да може навремено да се реагира доколку се појават предканцерогени промени на грлото на матката. Едит: сега видов допишаното. Кондомите се појавуваат како последица на присуство на нискоризичен тип на хпв. Дали и кај тебе ќе се појават, зависи од тоа како имунитетот ќе се избори со вирусот.
Здраво ги читав сите форуми сега и ја да си ја кажам маката веке трае година дена октомври лани пап чист,март чист ,април на приватно правено пап цин 1 ,типизација нема хпв вирус,минатата недела пак правев пап на приватно пак цин 1,петок ќе одам на типизацуја е сега ја немаше да знам дека имам цин 1 мене доле ме пече значи што уште не ставив вагиналети не чеша пече меѓу анусот ,вагината гори ќе ве молам за искуство ако има некоја како мене
Зошто кога си открила првиот пат за Цин 1 не си отишла да ти дадат лекарства и зошто на своја рака терапија?
Ne na svoja raka terapija predhodniot genikolog mi davase terapija od vaginaleti i zatoa na kraj se odluciv jas na privatno
Имам прашање кое ме мачи. На последниот пап пред да останам бремена ми се појави хпв. Во врска со сопругот сум 6/7 години. Матичниот гинеколог крајно ме разочара бидејќи не викна двајцата на консултација и баш со овие зборови: маж ти те изневерува, хпв се фаќа само преку секс. Нема да ти признае сега, ама после некое време ќе ти каже. Отидов на втора кпнсултација во систина и таму докторката ми кажа дека тоа се глупости и дека хпв не е докажано како се фаќа, дека може од базен, од пешкир, од лежалка ... Какво е вашето искуство? Јас продолжив понатаму но има еден опасен црв што ме јаде...
Јас од џакузи фатив тогаш. Само што се бев вратила од зимски одмор а се бањав у џакузи и во базен,после туш по тие кабините. Тој првиот сместа да го смениш, продолжи си кај втората матична. Што ти дадоа?
Ние само што требаше тогаш матично и црква да направиме, и јас бев решена дека ќе го оставам 3 дена пред свадба... таа од систина ме убедуваше да не правам глупости да не си го реметам раатот. Сеуште чувствувам револт како првиот ми соопшти. Секако дека го сменив. Ми дадоа витаминска терапија што била стандардна за имунотет, селен, цинк, витамин ц,а,б,д..
Бремена си затоа осеќаш револт,па и тој па со цел памет тоа ли се збори Сепак можеш да си разговараш со маж ти Даваа витамини, и вагиналетки. Витамините се за имунитет и се пијат месец дена,после нив ќе си направиш пак пап да видиш. Уживај не е така се црно.
Помина 1 година од тогаш. Правев контроли, таа во систина ми кажа дека се е океј. Разговаравме со мм, според него он е невин, не ме изневерил, и ми кажа дека се осеќа исто, односно ако се мажите преносители, дека можеби јас сум била со друг па тој ми пренел. Некако се затвори таа тема, ама сеуште ми текнува од време на време ме оптоварува. Читав доста за хпв, ама секаде различно пишува. Затоа сакав да слушнам и други мислења искуства. Фала
Вагисан,2 кутичиња полиглинакс,макмирол,3 кутичиња гинекс форте и пак вагисан и ништо од сето тоа подобрување
При рутински гинеколошки преглед, докторката ми кажа дека забележува кондиломи кои се веројатно последица на хпв. Направив пап тест и хпв типизација - и двате резултати се во ред, папот е чист, типизацијата исто. Што би можеле тогаш да значат тие кондиломи? Може ли да е хпв ако тестовите се негативни?
Мене ми се јави гинекологот денес, брисеви во ред, пап тест е добар, ми рече само да направам хпв типизација. Ме интересира каков е процесот на типизација, дали е исто како земањето брисеви и пап тест?
Исто е како пап. Само малце повеќе грепка. Побарај си го резулататот, чим бара типизација, сигурно на папот се гледа хпв. (Од искуство)
Фала ти, јас бев исплашена од процесот, немој случајно да треба анестезија или што и да е. Страшен паничар сум, лоша маана Ми рече да направиме типизација, да видиме дали има или нема вирус
Да, надворешни се. Ама не ми е јасно дали настануваат исклучиво при постоење на ХПВ или може да има некој друг причинител? Зошто и типизацијата и папот се чисти...
Не, не, процесот е ист како пап, не се плаши. Мене докторката кај што барав второ мислење, ми рече дека типизацијата е за проверка на врстата на хпв, односно ниско/високо ризичен, или да установи дека сепак нема хпв (грешрн резултат на пап пр.), но се прави откако папот покажува присуство на хпв... Со среќа
Штом се гледаат има вирус а пап не го детектира како внатрешен проблем. Теоретски кажано немаш Цин. Можеш да ги фатиш од базен,тоалет,џакузи… било каде. Доколку не ги изгориш ќе се прошират и ќе стане полошо. Ако не си трпач на болки, во аптека Виола има раствор се вика Вартекс ставај од него три дена по ред и носи стриктно памучна облека ќе ти помогне. Растворот ќе те пече но не толку колку азотот и плус ќе те чеша. Ако издржиш ќе имаш решение.
Фала ти многу. На контрола сум за недела дена со резултатите, ама до тогаш си викам бар да се распрашам што како.