Zdravo. Jas iskreno ne mi e jasno terapijata so imunostimulatori do koga se zema i dali smee kontinuirano da se pijat ili treba da se pravi pauza.Jas veke 6 meseci pijam betaglukani veke 3 meseci na dr.wolf sirupot i drugi vitanini c,selen, cink, zelen caj, E, koenzim q10, spirulina, aloe vera. Do koga se pijat taka dodeka ne ti e negativen testot za hpv li treba kontinuirano, zosto pravev hpv tipizacija seuste imam 3 tipa 33.39 i 42, se dodeka gi imas li treba da se pie se, neli treba da se napravi pauza od imunostimulatorite zarem celo vreme treba da se pijat.
Се прави пауза, отиди на контрола пак штом си пиела шест месеци, определено време нема за пиење бидејќи вирус како вирус нема да исчезне и треба постојано да е кренат имунитетот..
Здраво, сакав да ве прашам нешто правев пап и на истиот ми искочи дискретно присуство на ХПВ.. Докторката ми рече да пијам изопринозин 2 пати на ден, а за типизација да почекам.. дали некоја од вас имала сличен проблем како мене, не ми е јасно што значи тоа дискретно присуство? Фала ви многу, поздрав
Јас како што знам папот само покажува можно присуство на хпв, наведено како: клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции, а со типизацијата се утврдува дали стварно имаш хпв и од кој вид е. Според мене најубаво е прво да направиш типизација за да знаеш дали сигурно имаш за да не излезе дека примаш терапија без потреба.
Здраво. Дали има некоја од вас со цин 1 и високоризичен хпв да сака да остане бремена и која е препораката од вашиот доктор? Јас имам високо ризичен хпв 45 и цин 1 и докторката ми препорача изопринозин трипати на ден по две апчиња, витамин д од 2000 витамин ц од 1000, метилирана фолна и б 12... Контрола по три месеци и за тој период да не се обидуваме за бременост. Некој со сличен проблем?
Здраво на сите! Ми пронајдоа хпв цин 2 но докторот никаква терапија не ми даде, следна контрола за една година. Ми препорача истите витамини во текот на бременоста што сум ги пиела да продолжам. Некој со сличен проблем?!
Кај мене детектираа цин1 и хпв нешто помалце од една година пред да почнеме со обиди за бременост. Во тој период пиев изопринозин, бета глукан, алое вера и витамини плус во повисоки дози. Кога решивме да пробуваме за бебе, цин-от сеуште немаше абер од повлекување. Во консултација со доктор(и) одлучивме да не го чекаме, прекинав со се што пиев, преминав само на пренатални витамини, но со редовни контроли за да ја следиме состојбата. ЦИН2 не е дијагноза за занемарување. Консултирај се и со друг доктор.
Здраво, Ќе можете да ми кажете кој е добар лекар и добра лабораторија за испитување на пап. Плус лекарот да прави и колпоскопија. Се спремам за ин витро, пап е задолжителен дел од документите. Ама сакам да биде направено како што треба. Се некако на брзина го прават. Иначе сум имала цин 1 на времето, веќе одамна, ама не успевам да ги убедам лекарите да ме прегледаат убаво.
Zenski sakam da ve prasam (imam24g) imam zaprimeteno vekje skoro 2godini mn mal kako kondilom nesto kako da izleguva od anusot Sega pak pred 2/3 meseci kako uste edno ama onaka kako istaknata bemka kako nekoi lugje sto imat okolu vratot neznam ni dali e kondilom ni sto e Vekje 4ipol godini sum seksualno aktivno so eden ist partner i kajnego mislam nema nisto Vekje dolgo vreme odam na kozmetika za intimna depilacija Koga sum imala 11 12 13g ne znam tocno (osnovno 7mo mislam) sum vakcinirana togas kako sto ni kazaa hpv protiv rak na grloto na matkata Ama sega kako sto citam toa hpv imalo mn vida i izgleda ova vakcinata e za nekolku pojma si nemam Sakam da zemam ginekolog da odam za pap test valjda tamu ke vidat ako imam nesto I dali ako izleguva nekoja promena za hpv treba i patnerot da se ispita
Ако може мислење, микробиолошки ми беше детекрирана Стрептокока а колпоскопски ми е детекрирана раничка. Првиот ПАП покажа бенигни клеточни промени и контрола по 6 месеци. Во меѓувреме Стрептококата ја излечив и на наредна колпоскопија и раничката веќе почнала да се смирува. Контролниот ПАП го покажа истиот резултат, бенигни клеточни промени и контрола по 6 месеци. Е сега на последната колпоскопија, раничката е пак намалена а на ПАП контрола, сугерирана е ХПВ типизација. Докторката ми кажа дека е добро да се направи, но не е ништо итно. Прашањето ми е зошто дури по третиот ПАП се сугерира ХПВ типизација, колку би можело да почека тоа типизирање со оглед на тоа што ќе можам дури наредниот месец да го направам. Иако ми кажа дека не е итно, малку ме фаќа паника...
Здраво девојки правев пап тест и ми излезе инфламација со атрофија и подолу има како стрелка нацртано и пишува хпв. Е сега мене матичнава ми кажа да се прави хпв типизација,претходниот пап што правев имаше заокружено инфламација ми кажаа дека ништо не е . Со атрофија прв пат се среќавам и искрено исплашена сум бидејќи имав проблем со цин 2 завршив на биопсија и ендоцервикална киретажа . (Да напоменам кога имав проблем со цин исто така ми испитаа хпв типизација ама негативна беше) . Поздрав фала однапред
Дали после ендоцервикална киретажа и биопсија може да нема никаква дополнителна интервенција? Исто така дали можете да ми кажете колку време се чека за резултати после ендо.киретажа и биопсија правени на клиника? Денес закажав ама никој ништо не ми објасни... Ме интересира и колку време трае целата процедура и за колку време те испуштаат, имам мало цицалче дома, па дали ќе можам после тоа да си продолжам со доење? Ме интересира и дали знаете колку е конизација по приватниве болници?
Zdravo da prasam dali nekoj uspesno pominal bez apcinja na prirodna baza nesto da koristel veke mi zdosadija izoprinozinot aloe vera gel pijam ama dali ste koristelw i drugo nesto vidov na edna strana na fb kapki protiv hpv...
Јас веќе од 1ви октомври мрзнам со течен азот кондиломи и пак се појавуваат. Почнав втора тура од 15 дена изопринозин и јадам еден природен само направен лек за зголемување на имунитет скоро втор месец. Денеска сум на гинеколог ке правам ПАП и брис за типизација. Кондиломите ми ги третираат на дерматлогог ама како да не ми помогнаа досега овие 5/6 третмана а беа доста болни за мене.
Боли со азот да,треба да пиеш и витамини и да го одржуваш имунитетот. Веројатно нешто ти смета. Има и течен раствор Вартекс во Виола го купував.
Zdravo devojki, Pravev za prv pat pap I mi izleze kandida I HPV, treba da pravam tipizacija. Nemam zabelezano nikakvi izrastoci, dali e mozno da e lazno pozitiven test?