Хпв вакцината е за да те заштити од ХПВ вирусот. Ти ако веќе го имаш не може да го излечи колку што знам.
Hpv ne se leci toj ke si stoi vo teloto. A za da ne ti pokazuva na test treba da go zajaknis imunitetot.zargovaraj so dokor.
Здраво, Се надевам дека ќе има по некој корисен совет ако сте поминале низ истиот или сличен проблем, и за истото однапред благодарам. Лани овој период, на контролен пап, резултатот покажа ЦИН 3 клеточни промени, мојот гинеколог е штур со информации не ми дава совети никакви, ме прати на конизација, ја правев во Плодност во Битола и помина добро, беше отстранет делот со ЦИН-от, сечено било во здраво. Ми се правеше типизација, секвенционирани два високо ризични типа на ХПВ. На своја рака, секакви суплементи за имунитет пијам цело ова време - печурки, бета глукани, течен витамин C, билни вагиналети и спреј глизиген - ништо не го запира. Само што купив млада зелена пченица во прав по препорака на пријателка, па ќе ја почнам и неа од утре. На секој пап, а ги правам често после операцијата, резулатот покажува воспалително дејство и присуство на вирус. Се плашам дека ќе развие рак на грло на матка. Имам 30 години и сакам да станам мајка. Прерано ја загубив мајка ми од тој тип на рак и останав сама, така што постои стресот како фактор. Се чувствувам апсолутно немоќна пред овој вирус и болеста што ја предизвикува. Ако знаете антивирусна терапија, лек што помага или доктор кој може да ми помогне, ве молам споделете. Се молам за здравје на сите!
Не се лечи Хпв треба да го одржуваш имунитетот. Смени гинеколог да ти даде конкретна терапија,немој на своја рака гледаш и сама нема ефект.
Bi ti preporacala zeolite kapsuli ili vo prasok. Prasaj vo aptekite. Germanium, caj od crvena kantarija. Konsultirajse so tvojot doktor pred da koristis bilo sto. Posle 3 meseci koristenje povtorigo pap testot.pisimi ako sakas da ne prasash nesto.
И јас го поминав истиот пат, поминав 2 операции бидејки не беа влезени во здраво. Пиев се што ми кажаа но многу брзо напредуваше вирусот. ВитЦ од 2000мг, алое вера, бета глукан, без цигари без големи стресови колку можев..Се остварив како мајка но многу тежок беше патот и се породив порано. Пиши ми лп ако ти треба совет или муабет имам цела историја!
Јас сум бремена и на пап-тестот во 13та недела ми се појави "блага концентрација на хпв". Никогаш до сега не ми се појавил вирусот на пап-тест, а и не сум менувала партнер. Докторот ми рече да се истера бременоста, па ќе видиме после породувањето. Дали има некој што се породил со хпв, страв ми е да не се пренесе на бебето при породување.
ти благодарам многу, многу ми е мило дека си се остварила како мајка пиши ми било каков совет и да имаш, кога можеш. пијам суплементи и витамини а со стресот колку можам
Здраво. Сакам да прашам за искуство и мислење. Долу кај вагината ми се направи нешто како брадавичка, ми беше мало и ме чешаше, а сега ми е поголемо но не ме чеша. Многу се исплашив и веднаш отидов направив пап тест и брисеви, помислив дека можеби се кондиломи и имам присуство на HPV вирусот, но на пап тестот излезе само кандида, а брисовите беа чисти. Дали може пап тестот да не покаже точно ? Се плашам бидеќи забележав уште 2-3 други мали точки околу тој дел, но не ме чеша.
Папот се зима од вагина и од цервикс но надворешно може да имаш кондиломи. Мора да те види гинеколог или дерматолог за да ти каже што понатака зошто ако се вирусни брдавици брзо се шират