Колку време после конизација лежевте? Колку време имавте болки? Пост оперативно што јадевте пиевте, витамини кои? Некои совети, било што ќе ми помогне.
Ако правиш класична конизација ке имаш конци и ке треба да внимаваш. Првиот месец без активности, кревање тешко секс и напрегање. Болки првите денови само имав после не. Јадев и пиев најнормално лесна храна за да не се напнуваш при запек.
@Makedonka95 немам конци, ама од внатре осеќам некоја болка. Вчера правев конизација, до сега немав болки, еве сега некоја глупа болка ми се јавува. Дома сум од прееска и затоа се прашувам дали е нирмално.
Топло ти препорачувам ако можеш да си закажеш термин на Клиника кај др. Игор Алулоски, тој е специјалист за такви проблеми. Во меѓувреме можеш да пиеш и гел од алое вера (на Форевер Ливинг, не од другите концентрати), нема штета.
Здраво девојки. Според резултатите од типизацијата докажан е ХПВ 16, 31 и 66. Пијам изопринозин 3х2 и некои дополнителни витамини, но има ли некој со слично искуство што би можел да сподели.
Zdravo draga, mnogu pomaga cink, selen, vit c-1000 (so portokalova ambalaza), maslo od pcenicni nikulci, beta glucan od 500mg, Q10, folna kiselina....I edni pecurki gi piev, okolu 3,000 den bea, ama ne mozam da se setam. Izoprinozin pij si 15 dena, 3 pati po 2, pa 15 dena pauza I prodolzuvas. Smireno I so verba samo I se ke bide vo red.
Здраво, може ли некој да ми ги протолкува резултатите и да ми каже што имам на пап тестот? Hpv cervicitis ili CIN1? И што е разликата или едно исто е? Првпат имам позитивен пап, па многу сум исплашена, ве молам за помош.
Девојки знам дека има доста пишувано ама јас пак ќе побарам совет.До сега 10год на назад од кога правам пап тест ми бил секогаш чист,прв пат сега ми испадна хпв.Пред 6месеци прележав ковид а бев бремена,пред 3м имав тежок царски рез и отпосле со интрахоспитални инфекции и сега прележав ковид пак.Докторката вели ова е од паднат имунитет.Сакам да земам нешто за имунитет ама не знам што,читав за дефендил и за бета глукан.Ве молам кажете ми од кој бета глукан пиете гледам има повеќе и од што сте задоволни?
Моја другарка пиеше Изопринозин и Алое Вера гел на Форевер Ливинг и за неколку месеци и беше негативен папот. Ама сепак консултирај се со гинекологот.
Cink+selen+beta karroten. Ova mi bese preporacano od Dimitrov- Remedika. Lani vo pap imav inflamacija so kletocni promeni sto asocirat na hpv. Ova godina mi bese chisto.
Site posebno. Jas piev i vitamin C, vitamin D i omega 3 na svoja raka. Ama samo tie tri mi gi preporaca doktorot