Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. butterfly16

    butterfly16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Треба да направиш типизација за да се види дали е ниско или високоризичен и после докторот ќе ти каже што треба. Нема потреба од паника само отиди во државна нека ти направат типизација, и мораш да јадеш многу овошје, зеленило, моркови, бадеми, лешници, ореви, млеко, мед...
     
  2. butterfly16

    butterfly16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Во државна јас правев типизација и колпоскопија и ми земаа 400ден.едното беше 150ден а другото 250ден. а во ремедика ми бараа 1500 за колпоскопија и 2400 за типизација
     
  3. butterfly16

    butterfly16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Не е болно нема од што да се плашиш јас правев типизација и докторката ми направила и колпоскопија а јас не ни знаев :)
     
  4. Zaljubenaaaa

    Zaljubenaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    zdravo jas koristam GYNEX 4 (10 VAGITORII ) I PRED 5-6 DENA POCNAV DIETA SO CAJOT KIRKOLINA.DALI MOZAM DA DRZAM DIETA SO CAJOT I NAVECER DA GI STAVAM VAGINALETKITE?ILI MORAM DA JA PREKINAM DIETATA? VO EDNA KUTIJA IMA 10 VAGINALETKI ,DALI TREBA POSLE MENSTRUACIJA DA SE STAVAT TIE 5 TE PA DRUGITE POSLE DRUGATA MENSTUACIJA,ILI 10 TE NAEDNAS MISLAM SEKOJA VECER?????PISETE PLS
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    По една пред спиење, 10 дена, во периодот меѓу две менструации.
    А за диетата, како што мислиш така прави, најважно е да внесуваш во организмот здрава храна полна со витамини и минерали за зголемување на одбрамбената моќ на организмот против вирусот.
     
  6. Zaljubenaaaa

    Zaljubenaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    MI POMINA MENSTUACIJATA NA 9 TI OKTOMVRI I POSLE NEKOLKU DENA POCNAV DA GI STAVAM VAGINALETKITE,MI OSTANA USTE 1 VECER. ZNACI 9 STAVIV.NE E NISTO STRASNO AKO GI STAVAM ZA 10 DENA SITE....!!!
     
  7. Zaljubenaaaa

    Zaljubenaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    ILI TREBASE TIE 5 TE DA GI STAVAM POSLE DRUGATA MENSTUACIJA?
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Zaljubenaaaa, ако ги ставаш така, џабе маката, поентата е последователно да се ставаат за да има ефект. Инаку 5 сега, 5 другиот месец и подобро не арчи си ги парите.
    Крај-краева, си пишува и на упатството како се употребуваат.

    Гинекс форте вагиналетите пак, се ставаат 30 дена, постојано, секој ден, со исклучок на деновите од циклусот. Значи 3 пакувања за 1 месец, не 3 пакувања за 6 месеци.

    И се надевам дека гинекологот те упати да ги користиш, воедно и требало да ти објасни како се ставаат вагиналети за да би имале резултати.
     
  9. Zaljubenaaaa

    Zaljubenaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ne pisuvase nisto na kutijata dali sega naednas site 10 da gi stavam ili posle drugata mens drugite 5...I sega znaci dzabe sto sum gi stavala :((

    [mod-kirilica:3iv6vt1z][/mod-kirilica:3iv6vt1z]
     
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Па ако си ги ставала вака, ок е.
    Не ме разбираш сериозно или се мајтапиш? :^)
    Значи, сакам да кажам дека се ставаат последователно 10 дена. Ако се ставаат по 5 во месецот, нема да има ефекти. Ефекти ќе има ако терапијата трае без прекин 10 дена. Ок?
     
  11. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Драги феминки, инспирирана од вашите прашања за ХПВ, налетав на едно предавање од Проф.ДР. Љубица Шутуркова, еминентен професор на Фармацевтскиот факултет, беше и декан, бла бла :D ... се на се стручно лице и сакам да го споделам со вас. Овие информации се многу корисни за секоја жена. Се надевам дека терминологијата е јасна, ако има некои нејасни термини- ЛП :)

    Хуман Папилома Вирус (ХПВ)

    *Човечкиот Папилома вирус е ДНК вирус
    *2005год во САД биле заразени 20 милиони луѓе
    *Засега се познати 130 различни типови на ХПВ, а секој тип има број
    *40-тина типови можат да предизвикаат инфекции во подрачјето на гениталните органи
    *Повеќето ХПВ инфекции се минливи и без симптоми
    *Сепак инфекцијата може да доведе до појава на карцином на грлото на матката, предстадиум на рак или генитални брадавици, зависно од типот на вирусот на кој му припаѓа
    *Најчести типови што предизвикуваат малигни промени се ХПВ 16 и 18 ( 70% од случаите на рак на матка и предстадиум на рак - ЦИН 2/3)
    *На ракот му претходат нелекувани предстадиуми на рак (ЦИН- ови) кои можат да се откријат со редовни гинеколошки прегледи ( ПАП тест) и да се лекуваат
    *Најмалку 50% од сексуално активните лица во текот на животот можат да се заразат од ХПВ
    *Лицата од двата пола кои се сексуално активни се изложени на ризик

    ГАРДАСИЛ е четворовалентна вакцина која помага за заштита од болести што ги предизвикуваат ХПВ типовие 6,11,16 и 18. Вакцината помага за спречување на овие болести, ама не ги лекува! Вакцината е наменета за девојчињата/девојките од 9-26 години..Вакцината се прима во 3 дози како инјекција во мускулот на надлактицата:
    1. на денот на доаѓање
    2. 2 месеци по првата
    3. 6 месеци по првата
    Дејството и спречувањето на предканцерогените оштетувања на грлото на матката и срамните усни испитана кај девојките и жените од 16-26 години е високо делотворно во 95-100%.. Гардасил кај жените од 24-45 години спречил 91% од постојаните инфекции, благи абнормалности и предканцерогени состојби на грлото на матката.Вакцината најдобро штити пред било каков контакт со ХПВ типовите 6,11,16 и 18, најсигурно пред почнувањето на било каков сексуален живот. Некој што веќе е заразен со ХПВ може да има корист од вакцината затоа што не се заразени со сите 4 типови од кои вакцината заштитува.
    најчести несакани ефекти: болка, оток, јадеж, црвенило, покачена температура кајшто е боцната вакцината, мачнина вртоглавица, повраќање, несвестица, оток на лимни жлезди,главоболка, Guillain Barre синдром.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Моето девојче утре треба да се изјасни дали да прими вакцина против ХПВ или не .Навистина сум со седум памета.Имам прочитано многу повеќе против мислења отколку за.Ќе ми биде добредојдено секое ваше мислење.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    И јас сум слушала многу повеќе против и имам две другарки чии мајки се докторки и ниедна не дозволи да се вакцинираат.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zaljubenaaaa

    Zaljubenaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Kolku e pari tipizacijata kaj vas jas bev mi zemaa 500 denari so plavi kartoni pa i ne e bas malku !!! pisete
     
  15. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Првин прашајте како се вика вакцината, од кој производител е и во која фаза од производството е. Не знам кои вакцини ги нудат кај нас обично чкартот доаѓа, оние што не поминуваат во ЕУ. Инаку за оваа што напишав податоци погоре е безбедна, ама е прилично скапа вакцина, ако е за џабе оваа што ја нудат, малку ми е сомнителна работата :?:
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    И многу ми е нејасно како родителите да не се известат за која вакцина станува збор и кој е производител,Искрено некаде прочитав ,им останале 25000 вакцини кои се при крај со рокот на траење,ако веќе и не им истекол,зашто нема кој да заземе цврст став и да го извести народов што и како.А да не зборувам колку има луѓе кои и не слушнале за хпв.Со ќерка и на пример учи девојче,чија мајка синоќа ме прашува што е тоа хпв.Мислам навистина многу несериозно од нивна страна.Јас одлучив да не прима вакцина .
     
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    150 денари со плави картони е во Ману
     
  18. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( Сега ми стигнале резултатите од папот и ми рекоа дека нема ништо ама мора да се повтори за да се види дали има ХПВ, Незнам што значи ова ама докторката виде дека имам кандида и ми даде канестен да користам. Можно ли е да има нешто врска и тоа па резултатот да не е валиден.Ептен се разочарав ама незнаете колку многу. Дали на некоја и се има случено ова да ми каже за мислење?
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Само маст ти даде???Хммм обично и вагиналети даваат па потоа повторен брис.Е сега хпв не може да се види на обичен тест,мислам дека ќе мора да ти нарави колпоскопија.Во секој случај мора да работиш да го зајакнеш имунолошкиот систем.Има многу препарати,а уште полесно преку овошје и зеленчук.Ти посакувам следните резултати да бидат уредни.
     
  20. Gaabbii

    Gaabbii Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    Знаци ми направи и колпоскопија се беше во ред, користев и вагиналетки и маст. Бидејќи бев преуспаничена и повторно се јавив и ми рекоа дека немам ништо ни цин ни кандида никаква рана значи ништо ама овие од МАНУ сега според некој нов закон на секоја жена што не направила незнам некој тест за ХПВ мора директно да направи заради незнам превентива. Ептен се испоизвадив од памет ама сега се смирив :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.