1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

HPV – дали сте информирани?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Проблемов би го категоризирала под HPV за да не отварам нова тема на дискусија.
    Доколку некој/а од femin/kite се пронајде во дијагнозава би го ценела нејзиното сериозно мислење!
    После првиот пап тест ми беше кажано дека на цервиксот имам раничка голема колку 2 денарка а, во записот од дијагнозата стои : cervicitis!!! за чие лекување ми беа препишани вагиналети и ништо повеќе.
    После второто милење од друг гинеколог пап тестот беше HPV позитивен и гинекологот инсистираше на биопсија. Ми беше кажано дека не е вообичаена процедура за девојки кои сеуште не родиле!
    Сепак, на 23 години направив биопсија од вулва и цервикс за типизација на HPV чии резултати беа негативни значи, резултатот не дава видливи траги од присуство на HPV.
    На крајот ми беше дијагностоциран cervicitis chronica virosa!!! Се прекуинформирав за оваа дијагноза од медицински сајтови и заклучив дека доколку имам цервикален херпес ситуацијата би ми била алармантна во однос на неопходност од итно лекување. Гинекологот после последната пап тест контрола ( овој август) ми рече дека состојбата ми е иста и дека требам да го појачам имунитетот со поголем внес на витамини. Информациите кои ги дознав за хроничниот цервицитис не се нималку наивни и затоа се чудам како доколку мојата состојба е хронична лекарот не ми препишува терапија?
    Ќе побарам и трето мислење секако... Но, симптомите на цервикалниот херпес се појачан вагинален секрет и болки - кои јас ги немам!
    Ме интересиа КАКО Е ВОЗМОЖНО ДА доколку предизвикувачот на cervicitis chronica virosa e HPV virusot
    (ова според дијагнозата на гинекологот) јас немам видливи траги од HPV вирусот во резултатот од HPV типизацијата односно од БИОПСИЈАТА ???????

    Е сега... прочитав дека предизвикувачи на цервицитисот акутен па, потоа и хроничен можат да бидат : латексот, стрептококата, хпв вирусот, трихомонас и.т.н.

    Но, не ми е јасно како е возможно да докторов тврди дека мојот хроничен цервицитис е предизвикан од присуство на ХПВ вирус, а биопсијата, која е далеку поверодостојна од ПАП тестот не покажува присуство на ХПВ - што значи нема типизација на непостоечки ХПВ вирус или можеби некој знае поинаку?
    Навистина ми е потребен совет затоашто по се изгледа баш какошто ми рече мајка ми... непотребно подлегнав на мрцварење да правам биопсија на 23 години без било каква анестезија (од други извори дознав дека за биопсија е потребна анестезија-можеби ме дезинформирале?) и имав страшни болки!!!! при биопсијата... :puke:
    Благодарам многу! :angel: :angel: :angel:


    Прекрасно:) А, јас за ХПВ типизација дадов 3000 денари кај приватен гинеколог!

    ХПВ Е ВИРУС!

    А нели ХПВ типизацијата се прави со БИОПСИЈА???
    Мене ми правеа биопсија со цел да се типизира присуството на HPV вирусот но, резултатот не донесе присуство на DNA на HPV.

    Биопсијата е тотално одвратно И БОЛНО искуство после кое крварев! Изгледа дека мене гинекологот ми направи биопсија само за да ми земе повеќе пари - права мизерија :devil: .
    Од причина што не ми беше утврдена промена ЦИН1 а, сепак гинекологот ме подлегна на БИОПСИЈА за ХПВ типизација чии резултати беа негативни. Не знаев дека присуството на ХПВ се утврдува преку брис, мислев дека брисот е исто што и пап тестот? ПАП тестот се врши преку земање на БРИС!? ДА!
    Како тогаш се утврдува ХПВ присуството? Преку земање на брис за типизација или само со БИОПСИЈА?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.394
    Допаѓања:
    200.855
    Пол:
    Женски
    А зошто со овие резултати не си побараш мислење од друг гинеколог, кога веќе не си го направила тоа после првиот преглед, кога ти кажале дека мора да правиш биопсија?
     
  3. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55

    Во ред тоа се подразбира и ќе го направам неделава. Тоа би му дошло веќе трето мислење и овојпат мислеље ќе барам од ЖЕНА ГИНЕКОЛОГ! Нема логика да имам присуство на ХПВ вирусот како предизвикувач на цервицитис хроника вироса кога резултатите од биопсијата НЕ ПОКАЖАА присуство на ХПВ ДНА во цервиксот и вулвата.
    Такашто сум била тотално ИЗИГРАНА поради мерките за предострожност на гинекологот односно АЛЧНОСТ ЗА ПАРИ.
    Криво ми е поради болната биопсија на 23 години а, биопсија прават болни од РАК. УЖАСНО ИСКУСТВО.
    Но, барем СЕГА знам дека немам ништо. Нема логика дијагнозава на докторов врска нема! А очигледно бев глуперда :swear: Сама си дадов одговор... Бог да Чува :angel:
     
  4. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Ме интересира постапката за типизација на ХПВ? Тоа се изведува со земање на БРИС од грлото на матката или со вршење на БИОПСИЈА односно земање-сечење на ткиво големо колку зрно грашок и од вулвата и од цервиксот ???????????
    Молам за одговор! :clap:
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    За ХПВ се прави ПАП тест(пак како брис му доаѓа и е безболно).
    И гледам дека си имаш проблеми со ова и најубаво е да отидеш некаде приватно, Систина на пример, ќе платиш повеќе, но ќе знаеш дека тоа што ти го кажуваат е точно.
     
  6. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55

    Резултатите кои ги добив од пап тестирањето покажаа присуство на ХПВ ЦИН1 но, биопсијата која е веродостојна... сигурно е поверодостојна од пап-тестот. Сепак, откинуваат ТКИВО од ТЕБЕ! Биопсијата не покажа присуство на ХПВ ДНА! А, ехо/то колпоскопијата и биопсијата како и пап тестот беа вршени во ПРИВАТНА ОРДИНАЦИЈА и комплетниот преглед ме чинеше сигурно барем околу 6.000 денари ако не и над 6.000 денари не се сеќавам точно! но, минимумот е тој.
    Приближни се цените и во Систина сум отишла и таму за да се информирам во однос на цените.
    Во СИСТИНА би размислила дали би отишла... не сакам да се чувствувам како лабораториски глушец.
    Не одам за пораѓање туку за обичен пап тест :tmi:
    Макаршто и тестирањето во оваа приватна ординација ипсадна ЛАБОРАТОРИСКО ТЕСТИРАЊЕ како да сум глушец кој скапо плаќа за да го заебаваат (со извинение!). Знам дека нема играчки со репродуктивното здравје ама, на 23 години биопсија? Па ............
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Зашто во Систина би се осеќала како лабораториски глушец?! :^)
    Досега не сум слушнала ниедна утка за било кој гинеколог од таму, но како сакаш.
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Биопсија на 23 не е ништо толку не вообичаено со оглед на тоа што се повеќе се спушта годишната гранциа кај сериозните болести.Плус девојки на оваа возраст киретажи прават и оперативни зафати за отстрануванје на болното ткиво,а немаат родено.Сепак јас знам дека не влијае тоа на бременост.
    Така да подобро биопсија и да се утврди со сигурност што е отколку да се остави така и да испадне бетер полошо.
     
    На LadyC и dryad им се допаѓа ова.
  9. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Тоа сигурно ќе размислам :!: Самошто во Систина се оди за посериозен проблем. За оплодување или абортус. Е сега ракот на грлото на матката се вбројува во тие посериозни проблеми но, бидејќи се испостави дека немам хпв дна значи дека немам абнормални клетки или рак.
    Само ме интересира... еве ова ми е прашањето:
    Како е возможно да имам хроничен цервицитис предизвикан од вирусно потекло а, се знае кој е вирусот предизвикувач,само ХПВ може да е вирусот предизвикувач на цервицитис хроника вироса а, да немам ХПВ? Тоа ме буни! Ем имам херпес од вирусно потекло а, вирусот го нема? Тоа не е логично!
    Можеби мојот херпес е предизвикан од некој друг предизвикувач... од бактеријата стрептокока на пример?
     
  10. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    А да си побараш ти мислење и од друг доктор,мислам најпаметно ќе биде.Така барем ќе ти биде полесно и ќе бидеш по сигурна,вака самата да си кажуваш логично-нелогично само си се измачуваш со прашања.
     
    На dryad му/ѝ се допаѓа ова.
  11. saska86

    saska86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    здраво девојки прочитав повеке милсенја од темава но сепак ке прасан повторно...имав спонтан правев пап-тест и некои други брисеви.се искочи во ред освен на папот се појави HPV VIRUS.во петок ке одам да ми земат прис да го испитаат само него.колку е ризицен и што мозе да го предизвика овој вирус(односи сум имала само со сопругот и тој со мене,не сме менувале партенри ни јас ни он тоа немозам да го разберам како на друг начин се доага до ХПБ вирус.поздарв ;(
     
  12. butterfly16

    butterfly16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Типизација се прави така што ти земаат брис од грлото на матката исто како и брис за пап тест :)
     
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    4.989
    Ги имам прочитано од поодамна сите мислења на темава и не мислев дека ќе се најдам бидејќи многу внимавам. (на хигиена, на соодветна заштита, и на исхрана), но ете и мене ми беше дијагностициран HPV вирус, и утре ќе одам да правам типизација.
    Ултра хипохондрик, а мајка ми вика да престанам, зошто сама си ги повикувам болестите! :/
    Е сега пак сакам да ве прашам, дали е можно да ми излезе позитивен пап-тестот, доколку има присуство на друга бактерија, зошто другиот ден откако ми земаа брис за папот, правев и микриобиолошки тестови, резултатите беа побрзи, за една недела, и имав Гарднерела (бактериска вагиноза), но сега мислам дека ми помина се излечив со соодветна терапија (за тоа исто утре кога ќе одам ќе ми земат контролни микробиолошки брисеви). Искрено се надевам дека од тоа ми е, не би сакала дополнителни мрцварења по лекари и памет во глава за друг пат, на ниеден дечко повеќе нема да верувам (зошто бактеријата ми е од тоа што поранешниот ми беше толку `верен`. Кога се дознав, џабе ми беше...
     
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не срцка нема врска бактеријата, не влијае на вирусот, може и си го носела од претходно. Во секој случај не паничи и не се секирај оди на преглед и ке ти го типизираат, ке ти дадат терапија. Битно е да немаш цинови, ама ако ти е откриено на време нема зошто да се секираш. Поздрав и со среќичка :*
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    47.885
    Пол:
    Женски
    Гарднерелата што си ја имала нема никаква врска со тоа, не е пренослива, јас ја имам подолго време , и ми се јавува постојано како резултат на нарушување на нормалната вагинална микрофлора , гарднерелата ја има во микрофлората на секоја жена како што ја има и кандидата, но при намалување на бројот на лактобацилите таа се размножува и ствара проблеми, значи не е заразна :) Во врска со хпв, многу често пап тестот знае да даде лажно позитивен наод, јас воопшто не му верувам на тој пап тест, и затоа редовно си правам само микробиолошки испитувања и хпв тест, гинекологот ми зима брис си го носам во ману и тој покажува дали воопшто имам присуство на било кој тип на хпв вирусот. Да знаеш само дека на вирусот му треба 6 месеци па до година дена да се активира и да покаже на тестот ( затоа и велам дека редовно правам иако имам само еден сексуален партнер до сега) Ти сега направи го хпв тестот, но ако се сомневаш нешто во сегашниот дечко, почекај да поминат бар 6 месеца и повторно направи го за сигурност. :)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. saska86

    saska86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    здраво девојки прочитав повеке милсенја од темава но сепак ке прасан повторно...имав спонтан правев пап-тест и некои други брисеви.се искочи во ред освен на папот се појави HPV VIRUS.во петок ке одам да ми земат брис да го испитаат само него.колку е ризицен и што мозе да го предизвика овој вирус(односи сум имала само со сопругот и тој со мене,не сме менувале партенри ни јас ни он тоа немозам да го разберам како на друг начин се доага до HPV вирус.поздарв
     
  17. Kataleya

    Kataleya Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво!! Јас исто имам HPV, ми открија прв пат кога отидов на гинеколог пред година и половина, одев најпрво на гинеколог во мојот град ми направи докторот PAP тест-кога стасаа резултатите ми кажа дека имам HPV, мегутоа тогаш не бев многу запознаена со тоа и не се замарав и кога дознав што се тоа може да предизвика почнав да се грижам за здравјето па по неколку месеци отидов на преглед во Систина, таму направив PAP тест и кога ми стасаа резултатите се уплашив премногу не знаев што да правам бидејки ме известија дека имам CIN 2 i HPV. Најпрво ми направија биопсија ме чинеше 9000 ден, мегутоа презадоволна сум и од докторката и од услугата таму иако е скапо...после тоа направив HPV-типизација-резулатот исто беше разочарувачки кога ми кажаа дека имам високо ризичен тип HPV 59 и потенцијално високо ризичен тип HPV-66(кој се предизвикувачи на карцином).Ми ја дадоа следнава терапија:А,Ц,Е + Селен, Тифол, БиоБран од 1000 мг, вагиналети Флуороурацил и кога ке заврши терапијата да се напијам една капсула Дифлазон...Ова го практикував еденипол месец и кога отидов на PAP останав на HPV од низок степен.сега пијам таблети Бетаимуне бидејки Биобран од 1000 мг (дневно)се 8000 ден и се мн скапи и ги има само по порачкака достапни се само од 250 мг како што знам и исто така пијам Алое вера гел па треба да одам за 4-5 месеци на контрола...
     
  18. saska86

    saska86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    на типизацијата не показа нисто дека има ХПВ сега ке идам докторот да ме прегледа...и самиот рече дека неможе на пап-тестот кажува дека има а на типизација не...повеке оклоу ова да ли е можно и каде може да е грешката.поздрав
     
  19. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Девојки, пишав и на друга тема ама еве и овде ќе пишам, за хпв лек може да биде само јакнење на имунитетот!
    Значи сите тие терапии што ги препорачуваат се со цел зајакнување на имунитетот, меѓутоа лекови кои директно би влијаеле на хпв нема. Ни вакцини и бабини деветини, ништо не може да се избори со вирусот. Сега зависи и од степенот и од типот на вирусот, меѓутоа најважно од се и најмногу што може да превземете е да бидете на строг режим за зајакнување на имунитетот, и тоа не режим кој ќе трае 2-3 месеци, туку години се во прашање, затоа што не е обичен вирус туку е вирус кој предизвикува карцином, и потребно е подолго време за да може организмот добро да се избори со него.
    Земајте витамини, додатоци во исхрана, се што е можно и што сметате дека го зајакнува имунитетот. Подобра терапија од тоа нема.
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Во темата "Добар гинеколог" имаше неколку коментари за тоа дека гинеколозиве измислуваат дека имаш ХПВ раничка и дека итно треба да се гори и ти предложуваат секакви апчиња за имунитет, и така прават пари,зашто горењето чини 6000 ден.
    Истото ми се случи и мене, па би сакала да споделиме мислења :hai: