Дека колку е добар толку и лош, за високорозичен хпв треба да се користи подолго време и го оптеретува црниот дроб. Веројатно влијае исхраната ако со неа се постигне појачување на имунитетот.
Ако е искусен гинеколог во прашање, сигурно видел некоја промена која не му се допаѓа и која сака да ја доиследи и покрај добрите пап тестови. Не секоја раничка е иста и не изгледа исто при пребојување. Ако промената е околу отворот на цервиксот, тогаш постои веројатност да има и некакви промени внатре во каналчето кои со голо око не се видливи а папот може и да не ги детектира ако не е земен соодветно. Со оглед на тоа дека имаш високоризичен ХПВ те советувале да направиш биопсија со киретажа. Се киретира ендоцервикално во влезот на каналчето, не се киретира ендометриумот внатре во матка.
Матичната ме прати на гак, а таму не ме ни погледнаа, само ми дадоа термин. На второ мислење добив одговор дека не треба ништо да правам. Не можам да се изначудам како може толкава разлика да има од едно мислење до друго, буквално од крајност до крајност. Одлучив за сега да не правам ништо, само редовни прегледи и јакнење имунитет.
Здраво девојки. На ПАП ми покажа ЦИН1, колпоскопија Цин 2/3, биопсија ЦИН1 абнормалности и цервицит ерозивен нешто акутен вирус во каналчето без промени на клетките таму. Иначе имам 3 високоризични ХПВ. Некоја со слично искуство? Ми препорачуваат ласер во Систина. Брисеви немам направено, се мислам дали да направам.
Побарај си уште едно мислење, ако можеш од специјалист од ГАК. Цин 1 може и спонтано да се повлече, па да немаш потреба од ласер. Од лично искуство, имав ЦИН1 предизвикан од ХПВ вирус (мислам 51 и 52 беа), потврден со биопсија во Систина. Од таму исто како и тебе, препорака за ласер, a од ГАК препорака за јакнење на имунитет и контроли на 4-6 месеци. И генералната препорака за ЦИН1 е да се следи, затоа што најчесто поминува без интервенции. Кај мене помина така, само со Бета глукан и витамини. За помалку од една година, добив негативен наод за ХПВ, а ЦИН-от се повлече.
Кај мене на редовен ПАП тест резултатот испадна ЦИН1. На колпоскопија кај матичниот гиниколог се виде дека има промени на грлото на матката. Направив типизација која испадна позитивна на два типа на ХПВ, па ме упатија на биопсија на која се потврди ЦИН1.
Дали може ако не е проблем да пишеш како јакнеше имунитет подетално. Баш ме радуваат вакви одговори и показател дека не се е црно и дека има крај на ѓубрево
Здраво. Ако може да пишеш точно кои витамини ги пиеше и каков бета Глукан? Дали оние кесичките Провен со пробиотик и бета Глукан , за возрасни што се , се доволно или треба и друго нешто. Однапред благодарам!
За доза бета глукан најдобро е чист на Фарма С, има повеќе од 1г бета глукан. Да, не е највкусен ама е доста јак, на гладно насабајле една ќесичка во една шолја топла вода, не зовриена. При ХПВ треба поголема доза од нормална (а нормална е околу 250мг). Со ќесиве пиеш три пати повеќе бета глукан. Една ќеса е околу 50-55 денари
@GirlRose Поголема доза пиев, не се сеќавам од која фирма беа капсулите, ама се пиеја 2x500mg. Освен тоа пиев витамин Ц 1000мг, цинк 25mg, витамин Д 2000IE, селен и бета каротен. Сега се сетив дека по препорака на матичната и Изопринозин пиев по шема. 2019год се занимавав со ова, па сум подзаборавила некои детали. Не. Матичната прво ме гледаше на колпоскоп, кажа само дека има делови кои не се пребојуваат, па ме препрати на специјалист. Во Систина директно биопсија со киретажа закажав.
Biopsijata ja pravev so celosna anestezija i pominav ok...kako shto kazhav ne sum zadovolna od remedika i se somnevam vo tochnosta i struchnosta bidejkji me prasaa od koj del da zemat biopsija pa se javuvaa na matichnata taa neshto im objasnuvashe..mislam deka oni pred da pravat biopsija treba da proverat i da napravat kolposkopija inaku kako bi znaele od koj del..
Имам хпв на лицево ги горев со течен азот ама повторно ми се појавуваат , како го излечивте овој досаден вирус ?
Не сум имала досега, но првично, работи си и на имунитетот, и природно и земај некои препарати ги има од најразлични производители. Потребно е да одиш неколку пати да ги горат. Не знам дали користат на лице, постои метода со радио браниви при која се сечат израстоците и се работи со анестезија (локална на местото). Можеш да се распрашаш повеќе каде има.