Здраво женски После 4 месеци од породувањето правев ПАП и на него пишува да направам ХПВ типизација, искрено се загрижив многу..од кај па сега ова чудо..инаку имав ХПВ 2021 правев и конизацијаа односно LETTzz правев редовно контроли и лани февруари правев ПАП тест,беше се ок,и хпв правев лани во април немаше ништо..и после тоа август останав бремена..за да сега ова ова чудо треба пак да правам..Ваши искуства после породување да имал некој ваква ситуација
Јас правев во Систина кај Лазаревски. Супер помина, целосна анестезија, ништо не осетив. Опоравувањето е месец дена, а два месеци пазење (нема бањање во море/езеро, секс, тешка активност).
Девојки пред скоро еден месец правев ласер CO2 за ЦИН1, но мене ми доцни две недели скоро. Дали е нормално? Исто дали некоја знае кога е океј да направам нов пап и нова колпоскопија после ласеров? Некако 6 месеци ми е многу чекање
Девојки имам хпв високо ризичен 33 и нискоризичен 44. Пијам isopronosine прашок и colpofix. Ми рекоа треба биопсија поради раничка. Дали е во ред да направам биопсија или да почекам неколку месеци со терапија за имунитет и со исхрана па да се проверам пак? Поздрав
Добар ден,сакам кој има искуство и се разбира ако може да ми помогне.од оваа година наваму на пап тестот се појави ХПВ при што типизација излегоа 16,18 и 45.Се направи колпоскопија при што докторката ми рече да се вратам по два месеци.поради односот и не заинтересираност сменив гинеколог и закажав пап тест.на самиот преглед докторката од голо око примети нешто и на лице место изврши биопсија без анестезија.Денес ги добив резултатите и резултатот е ЦИН 3. Сака операција уште следната недела.Прашање ми е затоа што немам раѓано што е подобро класична или ласер конизација.Сечиј одговор би ми значел.Благодарам однапред
Јас крварев неколку дена а после тоа имав исцедок кафеав. Прашај си за капки, обично даваат едни за да се сопре крварењето? Друго, колку крвариш? Полниш ли повеќе од една влошка дневно?