Дечки само кратко инфо за сите што се плашат да направат биопсија (поради болка или анестезија) само што направив во ремедика кај Симонида Котларова, со спрејче ме прсна и НИШТО не осетив. Со киретажа. 6500 денари.
Не знам како толку наплатила кога мене ми земаа 31.000 со анестезија целосна..како од ракав да им се цените
Со целосна анестезија? Ова не е скапо, но ми е чудно бидејќи други кажаа дека е мн поскапо. Иначе зошто ти правеа биопсија? Имаше промени?
Претпоставувам поради целосната анестезија ти земале толку. Сепак и анестезиолог е вклучен и одма е покомплексно. Има логика цената тогаш.
Со анестезија е доста поскапо, моево беше со спреј анестетик локално. Имав промени да. На пап беше цин 1, ама бидејќи хпв 16 е зезнат испадна цин 3 на хистопатологија.. сега конизација ќе треба со општа. Џабе се радував дека поминав со спреј
Девојки, 3 месеци после CO2 ласер за ЦИН1, го повторив пап тестот. Дали некоја знае што значат леукоцитите и еритроцитите? Матичната ми кажа во ред дека е ама некако пак сум загрижена.
Да, баш така. Првин направи ПАП тест и откако испадна позитивен, направи типизација. Во меѓувреме матичната и рече да направи киретажа и да отстрани полип кој го имала со години на грлото на матката - го направи и тоа. И после киретажата стигнаа рез од типизација - ништо нема на нив. Сега чекаме рез од Ск од киретажата и пилипектомијата.
Пиев сѐ и сешто ) еден куп пари потрошив. Сите витамини по препорака, и изопринозин и AHCC и не знам веќе што не.. И papilocare редовно ставав. Ама осеќам дека ништо од тоа не ми го крена имунитетот.
Никакви симптоми, годишен пап ко што си правам и излезе цин 1 и хпв, па на типизација покажа тип 16 што е упорен ептен. После месец два бев на колпоскопија и пак ми рекоа дека мора биопсија дека голем дел од матката е зафатен и дека е тип 16. Па пак не сакав да направам, отидов во ремедика демек да ме премачкаат со ТЦА киселина што е за цин 1, најмногу 2. И таму ме убедија да направам биопсија и ете излезе цин 3. Не знам дали од старт било цин 2/3 а на пап покажало 1, или во меѓувреме се влошило. Што мака имаш ти?