1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Incel

Дискусија во 'Психологија' започната од Gosh, 18 ноември 2017.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Инцел е личност во целибат ,, против своја воља ,, (обично маж), кој има ужасна личност и ги третира жените како сексуални предмети и смета дека причината за неговиот недостаток на сексуален живот е тоа што е ,, грд ,, , а всушност причината за тоа е неговиот бесрамен сексизам и ужасно однесување.

    Тотално несвесни за себе си, дури и кога гледаат други ,, грди ,, мажи со девојки, тие сметаат дека овие луѓе се измамници кои некако го победиле системот и можат да добијат жени и покрај тоа што биле проколнати со непривлечност (со други зборови, тие ги почитуваат жените, и жените ги сметаат за привлечни нивните личности, но инцелите не се во можност да го сфатат таквиот ,, феномен ,,).

    Тие веруваат дека жените им должат секс, и многу од екстремните инцели го поминуваат времето во заедници на интернет изнаоѓајки начини да ги натераат жените да имаат секс со нив ( најчесто размислуваат за геноцид на луѓе со различна боја, геноцид на "Чед"-ови (мажи кои имаат секс), одземање на правата на жените, силување, сексуални односи со мртви жени и други одвратни работи, никако разбирајќи дека тоа е главната причина зошто никоја жена не сака да има ништо со нив ).

    Сума сумарум, инцел е фустрирана девица која смета дека светот и должи секс, и ги обвинува сите останати 6,999,999,999 луѓе на Планетава за тоа, освен секако себе си .
    И секако, самопрогласен ,, добар ,, дечко, кој смета дека ако се однесува со почит кон некоја жена, она по дифолт мора да го сака и да има секс со него. Па зашто побогу он се мачи да се однесува кон неа како кон човек? За пи*ка, наравно.

    Терминологија :
    1. Чед - згоден маж на кој се во животот му е дадено, и е белец.
    2. Тајрон - црната верзија на Чед.
    3. Стејси - згодна девојка која добива се што ќе посака, и ги шири нозете за секого ( освен нели за нив, логично).
    4. Норми - некој кој не е ни Чед, ни Стејси ( демек као нормален ).
    5. Бел витез - маж кој им излегува на жените во помош.
    6. Кук - кукавица.
    7. Роусти - жена, или пак промискуитетна жена ( од зборот печено, демек вагината почнувала да личи на печено месо после секс со различни мажи. За секс со еден маж, ова правило магично не важи повеќе ).
    8. Фемоид - female human organism ,дехуманизирачки назив за жена.
    9. Бета - слаб маж, лигуш, кој се однесува спрема жените како спрема луѓе, и др.


    Оваа заедница беше многу активна на Редит, но подфорумот беше забранет од таму пред некое време, затоа што членови почнаа да бараат совети за тоа како да не те фатат ако силуваш некого.
    Други теми на дискусија беа тоа дека не постои такво нешто како силување, дека требало да се смени Уставот на Америка, и на секој маж да му следува жена, да се легализира проституцијата, дека сите жени се курви, и беа воспевани убијци кои самите ги препишуваа своите убиствени нагони и омраза кон жените, на својата невиност.
     
    Последна измена: 18 ноември 2017
    На dayla, Nigredo Odor, blonde_supergirl и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не сум знаел за ова нешто, па и цела терминологија има :x
    Чест е случајот внатрешната ружноча кај одредени ликови да е надополнета со надворешна па така се јавуваат чудни ситуации.
    Но да сме на јасно, таквите ликови не само што не знаат како да се однесуваат со женска особа - не знаат ниту со машка особа, ниту на работно место или било каде, тоа се тие ликови кои возат такси и ако им е досадно те прашуваат a ti brad ebes neso posledno vreme a? a? a?

    Денес нема некои јасни правила на игра затоа што во меѓуполовите односи сме во историска и биолошка транзиција, немаме примери од минатото кои ќе не научат а сегашноста налага импровизација.
    Порано советите на дедо и баба биле ок, она што важело во 1699 важело и во 1899, денес советите дури на претходна генерација мама и тато тетин и тетка се веќе комични, па и советите и солењето памет на 9 години постари братучеди се безвеза...
    Во таа импровизација не се снаоѓаат многумина и сметаат дека некој/а нешто им должи. Има и женски особи со такви проблеми но тие помалку се експонираат (освен по анкети каде пола тинејџерки мислат дека праф маш удара јак шамар).

    Мене ми е интересна перцепцијата за тоа што е праф маш (и права жена) во денешно време, но треба да се напомене дека лицата кои инсистираат на бидување праф маш се извор на сериозен сеир и заебанција, една од оние ствари кои никогаш нема да пропуштат да ме насмеат :D

    Е сеа тоа понекогаш знае да ескалира, такви ликови да се дограбат до власт и да тргнат да ја освојуваат Полска во униформи дизајнирани од Хуго Бос...
     
    На blonde_supergirl, Bender Rodriguez, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Познаваш ли некој ваков имбецил или така ти текна за темава!?
    Постои ли уште тој форум?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Еднo време нa редит гo читaв нивниoт субредит и се згрoзив. Среќa штo вaквите личнoсти се мнoгу исмевaни и не се прифaтени кaкo нoрмaлнo. Тaкви екстреми кaкo нa тoј пoдфoрум немaм сретнaтo вo вистинскиoт живoт (aкo беa дoвoлнo сoвијaлизирaни зa дa ги знaaт луѓетo немaше дa бидaт инцели), aмa сите имaме приметенo мaжи кoи мислaт декa немaaт девoјкa бидејќи се мнoгу фини и дoбри, a женските се мaтеријaлистички кучки штo сaкaaт сaмo aлфa мaжјaци штo ги третирaaт кaкo ѓубре.

    @baba Rada пoдфoрумoт е бaнирaн, aмa еве пoдфoрум штo ги истaкнувa нивните нaјгoлеми испaди. https://www.reddit.com/r/IncelTears/
     
    На Bender Rodriguez, Victorian, daylight и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    :o што ви требаше темава и линкот... :x
    Свашта држи Земјава и интернетов, страшно. Среќа што не сум читала редит... Све ова треба да се пронајде и смести во психијатриска установа.
     
    На GirlLove, tessie, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сите жени се к*рви, спонзоруши, сакаат да се омажат во Скопје за да избегаат од нивите и од плевните во кои живеат во другите градови, па строго бараат богаташи.
    Може екстремите кои смислуваат начини да силуваат девојки ги нема на секој чекор, ама сигурно секоја од нас се сретнала со "поблаги" форми на incel-и, со размислувања како овие погоре.
    Доволно е да отвориш коментари за било која вест за силување на социјалните медиуми и веднаш ги гледаш господата со "сакала голем к*р хахаха", "сигурно сама му се соблекла" и слични мудрости.
    Секаде ги има, во реален живот, по социјални медиуми, по анонимни форуми (кај што добиваат најмногу сила па си го покажуваат своето лице), а всушност ти е некој forever alone плачко кој пишува од неговата детска соба и целиот свет му е крив што не е способен да се однесува кон девојка како рамноправно човечко суштество.
    @Gosh има ли термин за девојките кои подржуваат incel-и?
     
    На kravce, Bender Rodriguez, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Има, очајнички.:D
     
    На Bender Rodriguez, Nigredo Odor, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  8. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Имам прочитано за такви кои бараат легализирање на силување.. Па нема доволно лудници за вакви умови.
    f82ac37083c3730970751a13faee8d32b42699d7_hq.gif
     
    На GirlLove, Lolo5, blonde_supergirl и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    А најиронично нешто е што ЖЕНА го започнала ова, секако немала намера involuntary celibate да биде синоним за психичко растројство, ама дури после неколку години сфатила какво оружје создала.

    Еден екстремен случај на инцел е човек по име Елиот Роџер, 22 години, кој што убил 6 лица само затоа што никогаш немал секс. Сепак припадниците на оваа група ја поддржале оваа акција и се изјасниле дека Роџер НЕ бил виновен, меѓутоа дека не би го примиле во нивната група затоа што бил згоден( не затоа што убил некого), и као дека ако сакал може да има секс. Психопатска работа..
     
    На Lolo5, Nigredo Odor, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Остај, се зачитав малку и сега ќе треба да се истуширам за да го измијам туѓиот срам што ме јаде, :D:D
    пазете муабетиве :

    [​IMG]
    [​IMG]

    Веднаш да си направат иницијатива и писмо кај Бан Ки Мун во ОН, да го прогласат сексот за основно човекото право.:party::party::party:

    Само не знам како замислуваат дека ќе се оствари тоа "право", едно е пристап до вода за пиење ама пристап до секс, ќе треба да има жени 24/7 на располагање па овие да сексаат, како планираат да не бидат одбиени никогаш, кој филм е ова :D
     
    На Bender Rodriguez, Victorian, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.424
    Постов е психопатство, доказ за тоа дека секакви луѓе шетаат низ земјава. [​IMG]

    Прв пат после овој пост отворив да прочитам што се пишуваше на тој форум. Јас лично бев згрозена како некои луѓе можат да бидат толку огорчени. Дури сопствените мајки и сестри си ги понижуваа и вреѓаа. Како они ја имале таа несреќа иако родителите им биле преубави они да бидат subhuman (грди).

    Пресреќна сум што им го банираа форумот, иако можеби ќе си најдат друго место за собир.
     
    На Lolo5, Victorian, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Грдосии :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Зарем има вакво нешто? Ова треба да се лечи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што ве чуди постоењето на оваа појава.
    Јас, пак, сум речиси убедена дека ги има на не толкава далечина од нас ваквите луѓе.
    Не до овие екстреми можеби, не секогаш можеби, ама со таква тенденција.
    Само што мислам дека има доста примери на личности со вакви особини, што сепак успеваат да легнат нешто, ќе се најде некоја среќница да се излаже. Ама, тоа повеќе говори за жените што ги прифаќаат во своите животи, отколку ли за нив.
     
    На Lolo5, blonde_supergirl, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Сепак сме 21 век и сетете се дека во минатото било дозволено силувањето и секакви други "злодела" што денес се забранети.
    Не ме чуди да има вакви психопатски работи, затоа што силувањето денес е во среден пораст. Годишно се силувани многу жени и тоа најчесто од некој демнач, близок пријател.
    Но не знаев дека луѓето со екстремно намалена самодоверба се нарекуваат инцел.
    Несвесни сме за многу работи во денешниов свет и сметам дека треба да бидеме запознаени со истото.

    Оваа теорија развива многу теми во едно, но прашањето е дали мислите дека се започнува од човечкиот мозок?
     
    На blonde_supergirl и Briar Rose им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Интересно е што нема таква сила која може да ги убеди лудациве дека не се во право. По тоа однесување најлесно ќе процениш кога некому не му се сите на број (не мора да биде инцел). Разумен и нормален човек ќе се преиспита, по некое време дури и ќе отстапи макар и да е неговото точно, едноставно престанува да се замара.
    Друг симптом на овие мизогини пациенти, е често да се повикуваат на Господ. Во денешно време, каде е радикализмот, таму има вера :D „Којзнае зошто“.
     
    Последна измена: 19 ноември 2017
    На Bender Rodriguez, Victorian, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Од таму и почнало, а најголемо влијание има околината.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Кога го прочитав воведниот пост, веднаш помислив на една личност.

    Младич ( 28 ), чија животна цел е да има секс со што повеќе жени, кои се само предмет на испразнување. За него е нормално се што не е. Глуми дека има почит кон жената се додека не го добие она што го сака. После тоа прекинува контакт со неа, зошто смета дека ја постигнал целта, а нема храброст тоа да го направи во живо.
    Дечкото поминува премногу време пред огледало, се труди да изгледа средено, понекогаш вежба, па некоја девојка би помислила дека е хомосексуалец. За себе никогаш не сака да зборува, можеби смета дека е грд, но тоа не му смета доволно зошто е нарцисоиден.
    Еднаш во текот на разговорот ми призна дека често помислува на силување и дека кога има секс со жена сака да ја силува ( нешто како сексуална фантазија).

    За мене тој е психопат. Човек што тврди дека не постои љубов, а сака да има сексуални односи со секоја можна жена, без да се приврзе, а истата да ја нарекува со погрдни зборови.

    Долго време барав збор за неговата состојба, па ете ја најдов изгледа. Уште да имаше некој линк за пријавување и сместување во соодветна институација каде може да биде згрижена ваква особа би било супер.
    Јас сум за овие лица да се сместат во психијатриска установа и да им се даваат соодветни лекарства.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Една работа не ми е јасна, зошто ваквите особи не емигрираат во Сауди Арабија, Афганистан, Либија, фино лепо таму шеријат си има, само еден сунет треба да направат, да пуштат брада, умот на пасење (лесна работа пошто и онака не се баш бистри:D) па на некој начин таму сексот е "право" кај мажите, вака само кукаат по нет...

    Не сум сигурен дали е психопат, може да има социопатски тенденции према ова што го пишуваш но повеќе би рекол дека таквиот вид односи е само крајната фаза на проекцијата на капитализмот во меѓучовечките и меѓуполовите односи, спротивниот пол се гледа само низ призма на полови органи, инстант задоволување, потрошувачка на продукт.
    Освен тоа има емоционално неписмени и осакатени лица кои не се во можност да остварат некоја позначајна конекција со друго човечко битие...
     
    На blonde_supergirl, theowndemon, sjdgo и 2 други им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Само да појасниме уште подобро:

    Incel е кратенка од англиските зборови Involuntarily celibate = Недоброволен целибатер
    Болдираното би било сосема легитимно барање во демократските земји, проблемот е што тие посакуваат тоа да биде задолжително за сите жени.
    Не само затоа што тој бил згоден, туку пред сè затоа што имал прилично многу пари па ќе можел дури и да си плати убави проститутки од повисока класа и на тој начин ќе си ги задоволел своите потреби па и остварел своите евентуални сексуални фантазии.
    На повозрасни години веројатно не, но доколку овој проблем би бил препознаен некаде отприлика до 18-22 години со правилен пристап низ разговори, верувам дека би можело многу нешто да се ублажи.
    Но не само на господ, туку и на харизматични лидери, политички партии обично со радикални идеологии. Тие лидери и идеологии не мора да го делат нивното видување но им даваат чувство дека припаѓаат или подржуваат нешто посебно, „возвишено„ а бидејќи тие идеологии се склони кон насилство или негово одобрување (демек војната била нужно зло и сл.) гледаат можност во некоја неодредена иднина да ги остварат своите луди намери.
    Психопат е некој што нема емпатија т.е. не е способен да има сочувство бидејќи центрите во мозокот кои тоа го контролираат не се развиени. (тнр. амигдала) Психопат не мора да е и силувач. Психопатот едноставно ќе биде искрено рамнодушен доколку слушне или види дека некоја ја силуваат. Но многучесто садистите се и психопати.
    Ако тој има секс со жени, а потоа ги остава како што велиш тогаш тој не е инцел. Инцелот е некој кој многу би сакал/-а да има секс а го нема бидејќи има искривена перцепција т.е видување на себе си дека не е доволно убав/-а и атрактивен/а за да другите сакаат сексуално да го задоволат.
    Но што би се постигнало со тоа? Установата би го прекинала и онака слабиот социјален контакт со средината а лекарствата само привремено го потиснуваат нивниот проблем, но не го решаваат. Ним најчесто им треба психотерапија - посебни длабоки разговори со кои се доведуваат до увид и решение на проблемот(за да решиш проблем, првин мораш да го спознаеш и прифатиш дека постои), а не фармакотерапија(лекарства).

    Интернетот од една страна е лош бидејќи им овозможува на лицата со вакви гледишта да се бодрат во своите непотребни луди идеи, од друга страна е добар затоа што дава можност и оние нормалните да укажат. Грешката на нормалните е во тоа што неретко веднаш тргнуваат кон исмевање или дури отфрлање и насилно справување со овој тип на луѓе, што пак на нив (ненормалните) им дава само потврда дека тие всушност се „обесправените„, наместо да погледнат што би можеле да променат кон позитивно кај себе за да ја променат својата ситуација.

    Кон темава го препорачувам видеово кое го постирав и во темата „Не можам да си фатам девојка„.
     
    Последна измена: 20 ноември 2017
    На Someonespecial, Yowannty, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.