Но дали било која жена би сакала да има нешто со него ? Поголем дел од женската популација веднаш ќе најде одбивност кога ќе слушне како размислува за жените. Можеби тој сам се смета за грд, ама не признава пред други. Тоа не успеав да откријам. Не знам со сигурност дали има, може има може е исфрустриран дека нема па вика дека има. Не знам зошто викаш дека ние треба поинаку да гледаме на работите, кога очигледно е дека на тој што е инцел му фали нешто во главата. Ним им треба психијатар, а секој психијатар пропишува соодветна терапија. Не значи дека ќе е на тешки лекарства.
Во наше време и во наше село сексуални манијаци ги викавме. Имаше неколку низ град, знаевме сите дека им фали нешто, "менално заостанати" беше универзална дијагноза во недостаток на знаење за разгранетост на болестите и состојбите. Како и да е, не верувам дека овие луѓе нема да ги познаеш во живо дека нешто вистина им фали, по поглед, по енергија, по држење, мимики...Нема потреба од страв дека се работи за сосема нормални личности навидум во кои ете вакви страшни ставови тлеат па лесно може да се излажи женски род, да се вплетка со него и да настрада. Сигурна сум дека таа нивна морбидна внатрешност или болест или состојба се манифестира и надворешно, освен кога се работи за благи верзии на вакви ликови, кои па од фрустрираност или од мака си зборат, не дека некому некогаш ќе наштетат.
На овие изгледа во животот покрај женските што не ги рецкаат им фали и ќотек кој многу често излегува дека навистина потекнува од рајот.
Искрено и со жалење морам да признаам дека оваа појава не ме изненадува онолку колку што можеби би требало. Не се сомневам дека вакви ликови постојат (и постоеле), но денес едноставно појавата на интернетот им овозможила да излезат „од сенките“ без да си ја загрозат анонимноста и нивното мислење да биде слушнато, а групирањето во групи и форуми само ги зајакнало нивните ставови и ги охрабрило да бидат погласни. Менталитетот на „инцелите“ го има и голем број на луѓе (воглавно мажи), кои можеби и не се вклопуваат во дефиницијата на недоброволните целибатери. Сетете се само на некои од зајадливите коментари за слуачајот од пред некој месец кога туристка од Холандија беше силувана од овчар. Ваквиот тип на дискусии не само што се невкусни и тотално несмешни, туку и покажуваат на сериозен проблем во перцепцијата за силувањето кај луѓево. Генерално, за мене проблемот лежи во табуизацијата на сексуалноста во нашево општество, која можеби не е во толку големи размери како во минатото, но сѐ уште е и тоа како присутна. Сексуалните табуа и општествените ограничувања создаваат низа проблеми кај просечниот човек – сексуална нереализираност, чувство на страв и срам од сопствените желби и потреби и, на крај, креираат омраза и нетолеранција кон оние поинакви од нив, а често и кон полот кој е предмет на нивните сексуални фантазии. Затоа што некоја жена не сакала да има ништо со него таа е површна или материјалстка, затоа што некоја жена имала повеќе сексуални партнери од него таа е курва, нечиста или скината вреќа, затоа што некоја жена се облекла провокативно таа сама си го барала силувањето, итн. Ако на тоа се додаде фактот дека еманципацијата и еднаквоста на жената се релативно нова појава (а во многу земји жените сѐ уште имаат статус на предмет за исполнување на сексуалните потреби на мажот и раѓање деца), ситуацијата е јасна. И тука лежи проблемот на сите мизогонии, телегонии и слични глупости кои и денес наголемо се присутни. Тезата дека самиот факт што живееме во организирани општества е доволен за да речеме дека општеството на нас ни должи нешто е толку апсурден што нема ни да го коментирам. Муабетов дека општеството има обврска да ни овозможи секс е на ниво на размислување на дете кое се треска од земја у маркет затоа што мисли дека родителот е должен да му купи киндер јајце.
Арно ние си слушаме Колдплеј, си готвиме специјалитети и се', толку далеку од ваквите, Фала Богу! Никогаш да не се сретнеме со ваков хорор, зошто баш тоа е - ХОРОР.
Involuntarily celibate ... една од причините зошто сум тежок мизантроп и ми е срам да помислам со кого го делам воздухот на оваа планета осудена на прораст од сопствениот вид Оваа психолошка болест, а воедно и злосторство врз женскиот пол, ја гледам преку неколку перпективи: 1. Изгледот на просечниот човек и стандардите за убавина поставени од општеството - Ќе бидам брутално искрена овде - Изреката дека не постои грд човек е погрешна. Постојат луѓе кои се привлечни, просечни и грди. Во спротивно не би постоел ни поимот friendzone ниту пак поимот incel како прво и прво. Една од причините поради која оваа изрека не е точна е поради фактот што не е можно буквално цел еден вид да има пријатна симетрија и коскена структура на лицето, како и складно тело поради х фактори. Освен тоа, стандардите за убавина низ текот на историјата се менувале и ќе се менуваат додека homo sapiens е населен на Земјава. Секој историски период имал одредени карактеристики и очекувања за лицето и телото кои ги сметале за идеални, секако поставени од самото општество. На пример : Во Антички Египет (с 1292 - 1069 В.С. ) се преферирало да се има симетрично лице, тесни рамења и витко тело. Во Античка Грција (с 500 - 300 В.С) се преферирало полно тело и светла кожа. (Освен тоа жените се сметале дека се деформирани верзии на мажите) Во Хан династијата (с 206 В.С. - 220 A.D) било препорачливо тенка половина, бледа кожа, големи очи и мали стапала. Италијанска ренесанса (с 1400 - 1700) идеално било големи гради, заоблен стомак, полни колкови и светла кожа. Викторијанска Англија ( с 1837-1901) било пожелно да се биде пополничок, со полна фигура и со згрчена половина, поради која жените носеле корсети за да го постигнат идеалниот облик на телото. итн ... Всушност, човековото општество делува на многу дволичен начин- од една страна вели да се сакаш себеси онаков каков што навистина си, а од друга страна те одбива и критикува бидејќи не ги исполнуваш потребните ,, стандарди ,, за да се однесуваат со тебе како со нормална личност. Кој знае, можеби ќе дојде време кога лицата кои сега се сметаат за грди да бидат симбол на идеален изглед додека привлечните лица сега би се сметале за грди и поради тоа би развиле вакви болни размислувања како incel непотребното човечко ткиво кое се движи. 2. Перцепцијата како алатка со која се осудува. - Да бидеме фер, секој прво развива свое мислење и блискост со други луѓе базирано на изглед. И со самото тоа доаѓа до искривување на фактите кои го поврзуваат карактерот со изгледот. Всушност, кога за прв пат ќе здогледаме или ќе се запознаеме со одредена личност, првото нешто што го забележуваме е неговиот надворешен изглед (лице, облека ...) а не карактерот на личноста поради фактот што е невозможно да читаме туѓи човечки умови. Но филозофијата кај incel е тоа што тие мислат дека сите луѓе донесуваат одлуки врз основа на изглед а не врз карактер. И сметаат дека женскиот пол има голема предност во однос на промената на физичкиот изглед, со тоа што додека мажите не носат шминка немаат можност да ја скријат својата грдотија, жените кои не се природно убави можат да нанесуваат шминка и да направат убави, така сметајќи дека шминката е една голема измама и дека женскиот пол ги лаже мажите. За ова мислење немам што друго да прокоментирам освен дека едноставно не вреди да им наоѓаш оправдување на оние луѓе кои се доволно глупави да обвинуваат дека жените имаат природно црвени усни и дека се родени со smokey eyes очни капаци 3. Потребите за задоволување - Па и немам многу што да кажам овде ... Иако ова се смета за една од основните човекови потреби, сепак дури и да не му се допаѓаш на никому, постојат одредени места каде за таков вид на услуга треба само да платиш Навистина просто и едноставно решение. 4. Поставувањето на улогите во општеството - Најчесто се прашуваме што се променило? Кој беше оној пресуден фактор што дозволи жената да се спушти на пониско ниво од мажот ... Од моментот кога матријархатот се заменил со патријархатот. Првично, функцијата на жената да раѓа деца и да се грижи за домаќинството било од големо значење но тоа било поради тоа што единствено на тој начин се обезбедувала личната егзистенција на семејството. Но со развивањето на општеството и со појавата на работата, се сфатило дека мажите поради нивната телесна сила и физичка развиеност биле поспособни да работаат потешки физички работи и со тоа да го издржуваат семејството. Односно, во овој период важело правилото дека оној кој го носи лебот на масата има главна улога во семејството,а и ужива високо место во самото општество. Од овој момент па натака жените биле потчинети врз волјата на мажите и главно служеле за задоволување на потребите на машкиот пол. Но и покрај тоа што правата и обврските на мажот и жената се изедначени, сепак incel лицата се сеуште умствено заглавени со традиционални, закоравени сфаќања дека жената претставува објект, а не субјект и еднаква со мажот како човечко суштество.
Да ја оживиме темава малку. Minutes before turning his van onto a Toronto sidewalk on Monday, killing 10 people and injuring more than a dozen others, Alek Minassianm wrote a post on Facebook according to the Canadian authorities. “The Incel Rebellion has already begun!” the posting read. Извор: https://mobile.nytimes.com/2018/04/...ning-rebellion.html?smid=fb-nytimes&smtyp=cur
https://www.reddit.com/r/incels Баниран со причина. Токсична работа се. Немам што да наведам, се сложувам со Бриар / Бендер. - Брајар Роуз Но и покрај тоа што правата и обврските на мажот и жената се изедначени, сепак incel лицата се сеуште умствено заглавени со традиционални, закоравени сфаќања дека жената претставува објект, а не субјект и еднаква со мажот како човечко суштество. Самите се ставаат во таа состојба, и моб менталитет влага, што и да се лажеш ке поверуваш. Прашање на време. @Afrodite¥ Насловот е многу кликбејт, и често се смируваат страсти во вакви случаи. Повик на востание 99.9% не успева. Го читнав сега. Форчен не сум бил 8+ години, реддит нажалост и после банот ги имаше. ЕДИТ- Властите ионака пратат такви клучни зборови, ако е нешто озбилно, се надевам ке реагираат на време, ако не реагирале лажна узбуна.
Случајов е сличен со тој со Елиот Роџер во Америла, кој напиша ,,манифест'' и уби неколку луѓе од својот факултет бидејќи жените не сакале да спијат со него. Типот не беше ни грд, очигледно дека од друга причина го избегнувале жените. Мажи со неразвиени социјални вештини и психички пореметувања кои мислат дека жените им должат секс оти постојат се универзална појава, затоа постојат вакви случаеви, фрлања на киселини и киднапирање на невести. Не е за шала работава ама морав.
Баш сега читав за ова. И страшно е. Страшно е што постои толкава омраза. Страшно е што некој мисли дека треба да добие нешто само зашто е маж. Страшно е што им се зголемува бројот. Што не е еден, два, десет, илјада... Уште пострашно е што постои место каде овие можат да се соберат и да си ги потпалуваат налудничавите идеи. Да се бодрат еден со друг во својата изопаченост. А најстрашно е што почнале да напаѓаат.
Вчера го прочитав и ме згрози, нека стои на темава: https://medium.com/the-noösphere/i-...-what-they-really-think-of-women-862eda9f2edf
Уау. Не ми се верува што прочитав, страшно и жално, во каква ментална каша треба да си за да можеш да бидеш дел од таа заедница. Не сум приметила досега вакви верувања кај некој што го познавам и се надевам дека е ретка појава, ама ако статијава е точна…
Ма ако знаеш да го спуштеш како жена има нози да му се стреса не да те гледа како предмет, обично таквите инцели се бета мажи кои се очајни за внимание и немаат енергија во себе за привлекување на нештата кои ги сакаат па се обидуваат со сила и негатива, универзумот не ги сака.
Wow стварно не очекував дека ќе има тема за вакво нешто овде. Кога првнат наидов на зборов помислив дека е некоја навреда а не цел култ да ти било По мене ова е длабок психолошки проблем кај маж, кои во во нивните 18-35г немаат почуствувано што е сексуална активност, скоро и да немале девојка во младоста, немаат осетено што е бакнеж или прегратка и поради ова си самите на себе си набиваат големи комплекси од кои всушност патат и доаѓа до ова, и овој "hatred" кон женско шо можи да се види по нет. Обично ваквите луѓе се екстремно интроверти, комуникација со луѓе нема, игра игри на ПЦ цел ден, невработен итн.. Ова можи да е потикнато од трауматично детство, bullying додека учи, исмевање така наречено body shaming. Женската страна им е крива за се бидејќи тие се неприфатени и невидливи. Можи и да забележите дека поголем дел од mass shooting во светот се од вакви лица.