Првично ја отворам темата сега за поќе луѓе да ја видат. Инктобер е интересен со друштво. Зборовите се објавени уште од први Септември, ама неќев тогаш да ја отворам тема зошто учам од стари грешки. Лани ја отворив недела порано и не седеше во нови теми зошто стана активна недела покасно и не беше видена од многу луѓе. Инктобер уствари е глобален настан каде во текот на Октомври се црта ( со мастило, стило, туш) на одредени зборови. Има по еден збор на ден и сте слободни да го интерпретирате зборот на свој начин. И тоа е уствари како Инктобер ја добива убавината зошто разлика во интерпретацијата гледам меѓу мене и другарка ми шо во карактер сме како едно исто јаже свиткано во топче. Зборовите се објавени уште од Септември, од страна на креаторот. Овие со официјални правила, како треба да ги објавуваме цртежите секој ден со хаштаг, ама тука нема потреба од ознаки. Простете шо сликата со правила е од 2018 ама пуста мрза за да најдам од годинава. Ама правилата се исти така да... Следно, има три начини на кои можи да учествувате во Инктобер: Објавувате цртеж секој ден према дадениот збор Половичен маратон е кога цртате секој втор ден И 5К е кога цртате и објавувате на крај на неделата. Зборовите: Мал мајтап, како голем дел учествуваат во Инктобер: @SStasia оваа слика ја смета за личен shade кон неа, и ова ти е покана да дојдиш да не ти пишам приватно. Посекако ќе учествуваш. За да учествуваш во Инктобер не мора да си цртач ни во слободно време. Доволно е да сакаш да се дружиш и зато се надевам дека голем дел од вас ќе се нафатат, надеж последна умира. :') Цел на темата: еден цртеж на ден, каде темата е одреден збор. Цртежот треба да биди завршен со мастило (стило, туш), ама основата можи комотно да е со молив, кој после нели се покрива со стило. Апсолутно сите сте добредојдени и се надевам ќе се појавите во поголем број утре! Предлог: можите да ја ставите темата на надгледување и кога некој ќе објави цртеж да се потсетите дека Инктобер уствари е активиран. Линк до ланската тема.
Одлично! Јас сега одам на шопинг по тетратка. Овај ми е трет Инктобер до сега и секогаш купвам блокчиња со 30 лисја ама сега се думам да купам тефтер и уште неколку години да ми се внатре, да е средено, се на едно место. Ама на крај ако пак се вратам дома со блокче - то е. Едит Совет: немојте да земате големи блокови и лисја за цртање зошто се црта секој ден и нема да имате време да се посветите на целиот лист.
Сакам да учествувам. Одам после да си купам тетратка (ако не ја најдам таа од лани каде што цртав за инктобер) и туш или црно пенкало.
Со туш мислам ќе ти се смачи секој ден да вадиш и да пазиш да не истуриш, ама гелни стила се д шит. Е са поскапи се, најефтино кое сум нашла било 30ден или 40 шо е многу ефтино према други шо имам земано, ама пак вредат скроз. Ова се моите за почеток, како ќе ги трошам ќе ги заменвам:
И јас се приклучувам на Инктобер оваа година, веќе 2 години учествувам. Истиве цртежи ќе ги споделувам на мојот инстаграм @art_la_mila https://www.instagram.com/art_la_mila/ Еве го мојот цртеж за денешниот prompt - Ring
Јас и уметност никако не сме за во исто мислење, ама едвај чекам на сите инктобер цртежите да ви ги видам.
Се мислев дали да го прикачам. Катастрофа е знам. Ми препиша едното пенкало што си го најдов од лани и ми направи несакани линии. Башка немам молив фатено да цртам од лани ова време. Утре ќе си купам друго ново пенкало и се надевам поубаво ќе испадни од ова денеска.
Многу завидувам на сите што знаете да цртате и ми е криво што го немам тој талент а пак сакам да учествувам (цртам stickman за човек..). Дали смее да се гледа слика некоја од интернет и да проба да се нацрта нешто слично на тоа или мора да е лична инспирација? Мислам дека доколку гледам некој цртеж ќе можам колку толку да направам да личи на нешто, ама верувам дека не е дозволено такво нешто и разбирливо е . Ако ништо друго, тука сум да пуштам лиги на секој цртеж.
Апсолутно. Гледај, се ова е за забава, нема ништо против то да гледаш и да нацрташ нешто. Дали гледаш од друг цртеж или од жив модел - независно. Јас лично можам да цртам само мандалас, се друго гледам, најчесто спојвам поќе работи во едно ама колку да имам модел зошто сама не можам. Џејк Паркер, креаторот, го направи Инктобер и за забава ама и за било кој цртач да се подобри зошто да, талент е многу мал процент, се друго е вежбање. 30/1 ден прај многу разлика во то шо можиме да напрајме. Така да ако сакаш ич не се срами и не се плаши, стикмен- стикмен, гледано- гледано. Прво ќе бидиш ти среќна, следно со то шо ќе се обидиш ќе научиш нешто ново. И најважно, ќе се дружиме.
јас малку покасно ја видов темава и сакам да учествувам, имам такви слични цртежи цртано во една тетратка што ми е посебно за цртање во слободно време. Ама од утре ќе почнам дека треба да купам такво мастилно пенкало.