И јас овака го решавам овој проблем. Радо би стоел него да седам до прозор во градски автобус. Смрт ми е кога седи некој и сакам да седнам, наместо он да оди до прозор, само ќе ти направи пат за ти да одиш. Многупати сум знаел и во воз да си стојам меѓу вагоните и никој да не ме замара. Еднаш знам дека седнав и до мене седна една девојка и цел пат се туткаше, врткаше, па јадеше нешто, па го пикаше тоа целофанчето меѓу нашите седишта. Па ептен ми беше доближена и го имаше оној контактот со нога (лето беше, по кратки бевме) што ми беше крајно незгодно. Цело време се поместував, а она идеше поблиску како се да и е малку местото. На крај скроз бев залепен до прозор, а она залепена до мене. Ме пукна едно незгодно, станав и си отидов меѓу вагони. Ете ја неа по 5 минути иде и ми вика, што избега море (од ПП беше) тука? На пуш пауза да не си? Се вратив назад и видов едно место се ослободило и се преместив таму. Сигурно девојчево си помислило дека сум некој фрик. Иначе не знам дали е за темава, пошто ова повеќе е некое ОЦД или така нешто отколку интровертност, но имам запазено дека си ги сакам парните броеви и тие ми се добри, а непарните лоши и секогаш ги избегнувам. Па така секогаш си пуштам ТВ/ПЦ на парен број или на број делив со 5. Кога одам низ град неретко знам да си ги "бројам" тие плочките или кога седам и чекам некаде да си решавам некои математики, геометрии, факториели и да тепам досада. Еднаш така седев во ходник и чекав и видов дека уствари има непарен број на ламби на таванот и чувствував некоја нелагодност цело време зошто така скратиле/додале уште една ламба. Ви се случува ли и вас нешто слично овакво или само јас сум фрик?
Не знам дали ова спаѓа во (благ) ОЦД но јас сум ваква со шарки/несиметрија неможам несиметрични шарки мора да бидат претходно изаналзиирани до детаљ пред да се земе облека/мебел/постелнина
Уморна сум многу. Последниот атом енергија го потрошив денес. Неделава ми беше кнап. Едвај чекав да дојде friday night. Од понеделникот си планирав како да уживам. Пижами, мекото ќебенце и малку музика, малку серија, малку анализирање на тоа што поминало и тоа што допрва треба да дојде.....рано планирам да си легнам. Колку ми е само убаво .
Јас денес цело утро и ден на нозе, и пред да бегам си купив миксови со шумски овошки и си направив пита. Дур се печеше/ ладеше си гледав серии и сега еве си секов парче и ќе гледам нова епизода. Цел ден превртен, барем нешто да оди како шо треба.
@Peperutce1115, и мене секогаш петок вечер ми е резервиран за рефлексија на настаните од изминатата работна недела и секако, правење на нови планови за идната недела. Сето тоа придружено со многу музика, кафе и добра храна/грицки, зависи колку сум гладна Е кај мене е само без серии, не гледам тоа. Друго има од се' по нешто.
Јас малце касно на петочна интровертна собиранка/ журка но добро само да се јавам Introverts darlings иде Нова Година/новогодишна атмосфера и започнуваат спреманки за иста. Како планирате да го поминете дочекот на фамозната 2020 и влегување во нова деценија ? Малце е рано но don't mind me јас сум веќе влезена во новогодишен/божиќен филм гледам на youtube веќе почнуваат божиќни декорации на мое гоолемо задовослтво мада јас мислам ќе си почекам до 1ви (Декември) .That being said дали сте љубители на новогодишна атмосфера?
Петочнава вечер си ја поминав со либе, но не бевме по кафичи или ресторани. Си седевме кај него в кола, се почастивме со пица и гледавме "Солзи и смеа". Цел ден дома бев па сакав да се излуфтирам. Инаку да, голем љубител сум на новогодишна атмосфера. It's the most wonderful time of the year. Уште од сега ме има фатено новогодишна еуфорија. Обожавам новогодишни декорации, китење елка, украсување и сл. За Нова година уште не се знае каде ќе се оди. Ништо чудно до последните денови да не знаеме. Ако се собира друштвото од либе, тие ќе се договараат на 31.12 каде како што. Најкомфорно би ми било со либе и уште 2-3 луѓе со кои си живееме, не сум ич фан на големи собиранки.
Интересно прашањево за Нова Година. Не знам дали сум само јас ама ужасно ме замара денот. На украсите порано им се радував, сега ми се повеќе обврска. Сета таа фама, гужва и спремање како да ќе биде Армагедон на 31ви ми е премногу искрено. Ама со оглед на тоа дека во многу мал круг ги славам последниве Нови Години, некако ја издржувам самата вечер. Порано ми беше премногу, навистина премногу изморување. Па големи друштва, па договарања, па на секој нешто му смета, ту мач за мене. Е сега кога веќе тоа го кажавме, Божиќниве празници ми се врв. Надвор ладно, дома топло, семејство, љубов, убави мисли, убава храна. Секогаш убаво сум ги доживувала. Чекам да чујам и од вас, да видам дали само јас сум вака малку фрик со НГ
Славам Нова Година со луѓе кои ги знам, со кои се дружам долго време. Една година отидов на прослава преку другарка со луѓе кои прв пат ги гледам и воопшто не поминав убаво. Така да оваа година ќе си прославам со мал круг на луѓе и дури подалеку од градов. Сакам на убаво спокојно место.
Минатиот дочек на Нова Година за мене беше кошмар. Годинава не знам со кого ќе славам,рано е. Ама уште сега размислувам од каде да се купи нова елка,а за лампиони знам,нешто од Кам,нешто од Веро кога ќе добијат. Инаку,едвај го чекам Божик.
Нова Година ич не ja сакам. Божиќ не славам. Во принцип не сакам празници, не сакам денови кога се сите дома собрани и кога се чувствува притисок дека мораш да славиш дури и ако не ти е до славење. Зимата и празниците во тој период за мене се најдепресивен дел од целата година. Целото тоа безделничење, журки со многу храна и алкохол на кои многу луѓе одат зашто така треба, зашто таму некаде кажале дека мора да одиш и да славиш и дека е срамота ако останеш дома за Нова Година, а следниот ден се чувствуваат одвратно и мамурлукот им трае недела дена, до Божиќ, кога пак ќе си најдат изговор за прејадување и алкохол во ненормални количини. А плус и трошењето пари, неразумно и непотребно, на некаква трпеза со пилешки прсти, руска салата, кифли и неквалитетни грицки, лош алкохол... Па после чуди се како до крај на месец. Нова Година може само со либето да ја поминам, не планирам искрено ни излегување некакво посебно. Сигурно нема што да се слави, се менува само бројката од 2019 во 2020, а се' ќе си биде исто следниот ден. Не знам каде прочитав, најголем број на самоубиства се случуваат во јануари. Притисокот е голем, трошењето е страшно, деновите се кратки, ладни... Абе ужас. Не ги сакам празниците, да сумирам.
@INNERBEAUTY, не верувам дека постои некој што повеќе ги презира празниците од мене Озбилно, не ја сфаќам поентата на целото тоа изнасилено славење. А да ги прашаш луѓето, мислам дека повеќе од пола мислат така ама ете... срамота е да не се оди никаде за нг
@prominent Не сум ни ја љубител на самиот чин што ќе се заврши за неколку часа ниту ми се јасни овие што слават така што ќе се изалкосат до степен да изгубат секој траг во меморија што укажува дека таа ''незаборавна '' магична ноќ се случила уопште . Домашна атмосфера со најблиски за мене фала никакви плоштади/клубови/ ресторани(со ора) на ова еднаш се нафанав и никад више . Едино се мислев за оваа да се иде негде во странство дека децениска ама вероватно ништо од тоа и ќе си биде пак домашна атмосфера што и немам против. Но ја обожавам пред-новогодишната атмосфера и украсување градско/домашно небитно само да светка и да го задоволи и радува детето во мене Иначе овој период ми е за рефлекција и анализа на претходната година колку сум се променила/созреала,што ново сум научила/пробала и сл. како и одредување и започнување со новогодишни револуции пред Нова Година во екот на таа атмосфера додека ме држи и мотивира не после откако ќе се заврши . Некои и веќе се во тек на остварување. Гледам од наредна недела започнува продажба на новогодишни украси по големиве маркети(џамбо не го рачунам) така да мислам дека тоа ќе го сфатам како зелено светло од Универзумот и толку од чекање до 1ви Декември
НГ ми е само "свечен премин" кој го планирам недела унапред чисто оти дечко ми ради работа сака да одмори па одиме негде. До сега една НГ ептен убо ако сум поминала. И то е то. Гужви, непотребно трошење пари. Два пати сум била во ресторан/ пицерија на дабл дејт. Двата пара раскинаа скоро после то. Годинава ако не побара нов пар ќе брчам дека за нив ни е, не дека неќам во ресторан. Ужас. НГ во мојот омилен бар ми е едина НГ шо ми беше уба. Штета лани немаше организација. Другите сите ми се со друштвото дома, гаража, двор, изнајмен простор и така.
Денеска веќе начекав празнична реклама на телевизија. А гледам и украсени кафичи и излози од продавници. Не е малку рано или јас нешто не сум во тек? Минатите години како на почеток на декември да почнуваше еуфоријата Како и да е. Интровертчиња, да ви посакам убав почеток на работната недела Мене понеделник ми е омилен ден, ми дава некаква структура во секојдневието и не ми пречат обврските што ми ги носи, баш напротив
Јас ги обожавам празнициве што доаѓаат. Нова Година, Бадник и Божиќ, its all about family. Сакам да поминувам време со семејството. Па кога цела година сум сама, тие неколку празници сакам да си ги поминам дома со најмилите . По ресторани и кафичи одамна не одам. Подобро ќе испаднам некој ден претходно, со другарките, да одбележиме демек на музика, отколку да си ги давам парите за една обична ноќ. Поминаа годините кога дупло повеќе плаќав, за нешто што го има секој викенд. Демек имало неограничено пиење . Остај тоа неограничено пиење, додека чекаш келнерот да ти донесе пијачка, старата отишла, новата дошла . Евентуално парите би си ги дала за шетање. Секако, колку ми дозволуваат времето и можностите. И сега доаѓа декември, почнува украсувањето, се е светкаво и магично. Одма почнувам да менувам шољи за кафе, па и пижамките и чорапите гледам да ми се вклопат во сезоната . Уште снегче ни фали, а ние уште прилично високи температури имаме.
Да сумираме . Ви посакувам уживанција во наредниов период на оние кои уживате а на овие другиве со лесен помин нека е