Ух,се рашетав по маркети,еден цел круг во населба. Добро ми дојде,ама нема место како дома. Јас за хобија си ги рачунам трчањето по милениците дома и гледањето серии и филмови. Кога бев помала си правев алки и ланчиња од рибарски конец и монистри.
И јас горе доле имам слични хобија како @nightingale и @INNERBEAUTY. DIY things многу ме релаксираат. А исто би додала и цртање. Планирам нешто со темперни да почнам да си ја украсам собата. И така иде зима ќе си најдам некоја занимација.
Не знам за вас, но јас обожавам да пијам кафе сама Особено ми е убаво по напорен ден, да се приберам и да испијам кафе скроз сама, без друштво, само со цигара, тивка музика, пред компјутер, сама со моите мисли Незамисливо ми е на пример цел ден да сум некаде излезена, со обврски, на работа, помеѓу луѓе, и после пак да седнам на кафе и уште муабет да треба да правам
Многу ме мрзи од телефон да пишам во последно, видов дека за хоби сте пишеле и си прам „на следно известување од пц ќе отворам и ќе пишам“ и сум пропуштила следно известување за темава. Јас цртам, гледам серии, изигравам мајка на мачки и куче. Многу сакам да готвам благо. Сакам некогаш да напрам и ручек ама благо е благо и е незаменливо. Сакам да пешачам. Онака пуштам нозе и само шетам кај шо оди. Кога го шетаме кучето на другарка ми некогаш го оставаме тој да не носи нас, не ние него. И така си играме патуваме- откриваме низ град. Е сега решив да им преградам еден дел на мачките за да не се качуваат на таван и сакам да правам куќарка на моето ново куче. Така да денојве со план сум да ковам шајки. Неодамна открив дека ковањето шајки е презабавно и ме релаксира. До толку ме релаксира шо татко ми влезе в соба да ме предупреди дека ако продолжам вака ѕидот ќе падни и дека ако сум праела дупки на другиот ѕид, од другата страна ќе паднеле плочките, во другата соба. Релаксира еј, anger management 101.
Тоа е затоа што дејствувањето е подобро од седење кое те тера на прекуумерно размислување кое најчесто е некорисно. Физичките работи уствари многу позитивно влијаат врз психата, само најчесто ги гледаме како казна. Се е до mindset-от. Плус, нема ништо боље од креативно изразување. Башка задоволството што го добиваш откако ќе создадеш нешто со свои раце. Си замислил нешто, си го изработил и вуала! Имаш твоја креација пред очи. Патем кога сме на тема хобија, како прав интроверт: читам книги (as in на дневна база, главен "филтер" ми е), слушам подкастови, медитирам (се рачуна као хоби?) цртам/креирам на Ps и Ai, играм кантер (пробувам да намалам, ама тешко иде), вежбам, гледам серии (as in секој ден без исклучок) (повремено филм) пишувам книга, готвам (со задоволство), шетам (се рачуна као хоби?), пишувам дневник (се рачуна као хоби?). Понекад дури мислам дека претерувам у соло активности... ама па едноставно не ми се дружи многу со други.
@MissChievous, исто исто, и јас некогаш мислам дека се' што правам ми е соло активност. Ми се случува да сум излезена некаде и едвај чекам да се вратам дома за да правам нешто сосема обично ама сама да сум, да си го одморам мозочето. Јас многу пишувам. Имам дневник, планери и слични работи, Пишувам кратки раскази и поезија, исто така. Слушам и подкасти, многу ми помагаат со мојата прекумерна загриженост и кога имам некој немир.
Мене ми е големо оптеретување да излегувам било каде, освен на прошетка или нешто слично на отворено. Ваква станав посебно откако се сторив со дете и навистина ми е мака да одам на гости, по кафичи, слави и било каде. Денес треба да одам на слава и ми создава толкава анскиозност и нервоза, па колку само не можам со сила да се смеам па тоа чудо едно е. Не ми се ни разговара, ни ми се смее, ни ми се слушаат муабети, ни ми се одговара на ступидни прашања. Инаку и јас кога ќе излезам едвај чекам да се вратам дома.Дури и не ми се ни разговара по телефон. Од некоја страна си викам се ќе се пуштам во промет, а после се одложувам. И трпам критики ради мојата интровертност, но што да правам кога попријатно ми е да разговарам сама со себе.Се ми е изгустирано.
Исто, ми помага да си ги организирам мислите и во спроведување на планови во акција @BlackNight been there done that, гледај од позитивната страна после тоа ќе се вратиш дома и повеќе ќе ги цениш и уживаш во соло активностите . Ако тебе те прави среќна и задоволна ваков начин на функицонирање нема место за критики немој да дозволиш да се чуствуваш лошо поради тоа живеј онака како што ти одговара.
Исто многу мразам непланирани дешавки каде од култура морам да се појавам. Искрено отсекогаш сум била интроверт, иако имало многу периоди кога,сум била често излезена по дискотеки, барови, клубови и се по ред. Малку и со детево се затворив. Страв од настинки, па,страв од испади од тантруми, па да не и се спие... И така почнаа,да ми годат соло активностите. Повеќе милувам да си терам моја шема за свој мерак
@BlackNight, сосема те разбирам. Има периоди кога и мене не ми се излегува никаде. Јас веќе долго се борам против анксиозноста и домот ми е комфорт зона. Ако ми веруваш, имам дадено и отказ од едно работно место поради ова... Самиот пат дотаму ми создаваше таков немир, едноставно не се појавив неколку дена по ред зашто доживував панични напади секогаш кога требаше да се спремам, па знаев дека патот дотаму ќе ми биде ужасен, едноставно стресот надвладеа над мене. Можеби звучи смешно, себично и егоистично, нели има луѓе што плачат за работа а јас пребирам. Но, искрена сум, го ставив на прво место својот мир и психичко здравје. Најдов работа што повеќе ми одговара. А за излегувања кога не ми се излегува, слави, журки итн. ако не ми се оди не одам. И не објаснувам никому. Така што нема зошто да се чувствуваш виновно и прави си како што ти е убаво!
Хоби ми е цртање, слушање музика и во последно време се повеќе пронајдов во готвење. Многу задоволство ми причинува да следам некој рецепт и да готвам. Па потоа резултатот. Сакам разни рецепти да испробувам. Инаку на факултет организираат предновогодишна забава и многу души ќе одат, ама мене не ми е сеедно. Чувствувам анксиозност на помислата, па цело време се прашувам колку ќе трае, како ќе изгледа, па ќе имало студенти од други години. За повеќето тоа е доживување, за мене не е воопшто. На крај мислам дека нема да појдам. Се тешам дека не е big deal. Не сум фан на големи забави, особено кога нема луѓе кои ми се блиски. Инаку си го сакам времето сама, но си има граница донекаде. Потоа доаѓам до момент кога сакам да се "излуфтирам" со блиска(и) личност(и), како во моментов дм. Колку што си го ценам времето сама на мир, толку и кога си пијам кафе и си правам муабет за душа со некој што ми значи. И тоа ме исполнува многу.
Кога станува збор за блиските личности, никогаш не ме гушат. Сакам да поминувам време со нив, едноставно чувствувам дека се дел од мене. Дури и да не зборуваме, сакам да се во моја близина. Дома кога сме, најубаво. За хоби, сакам да слушам музика и да решавам крстозборки. За повеќе немам многу време. Пролет/лето, редовно трчам. Сега гледам да пешачам повеќе. Особено убаво се чувствувам навечер кога ќе се вратам од пешачење и ќе си легнам. Сакам и да готвам, а во последно време почнав и да пишувам дневник, па сето тоа што ме "измачува" го споделувам со парчето хартија.
Мене и домашните ме гушат,па наоѓам начини да бегам и од нив,а со некои и не комуницирам повеќе. Подобро ми е,дури милион пати. И јас пишувам во дневник и го кријам од сите.Сметам дека заслужувам бар таква приватност.
Во врска со пишувањето дневник, ви се има ли случено некој да го најде и да го чита? Јас имам непријатно искуство од тинејџерските денови. Моите знаеја да си читаат се' мое што ќе им паднеше во раце А ќе речеш, најблиски нели, но колку и да ти се блиски немаат право на тоа. Најмногу мразам кога некој ми чепка во приватноста и за тоа сум спремна на многу расправии, а не сум некоја што избувнува и не сакам конфликти. Ама тоа може така да ми погоди нерв... Така што, едно време ми беше страв да пишувам и да не го искинам/фрлам/уништам листот потоа. Сега немам такви проблеми веќе. Но тоа многу зависи и со какви луѓе живеете.
@prominent Ме потсети на трауми од моето тинејџерство, исто ми се има случено со дневник. И ја си ја ценам строго приватноста (ипак сум шкорпија у подзнак ) и граници мора да постојат мислам тоа на секој здрав разум му е јасно и нема потреба од дебата. За тоа Ќе си земеш /уствари требало да си земеш од тие со катанче и да го скриеш клучот негде во cia стајл мада ако добро се сеќавам и мојот беше со катанче така да не знам како дојде до таа случка вероватно заборавив да го заклучам изгледа. За ова со работава што си го напишала дали те исполнуваше таа работа,паничните напади си имаат и своја добра страна и знаат да бидат добар компас да те натераат да бидеш подобра верзија на себе ко што беше во мојот случај и знаат да бидат потсвесен сигнал од психата дека не си таму каде што сакаш да бидеш . Кога ги спомна планериве гледам на нет има планери за 2020,па да прашам имате новогодишни резолуции,дали сте таков тип и колку во глобала ги исополнувате/спроведувате во акција? Воедно и да си одгговорам на ова јас имам за план/резолуција меѓу другото да си организирам соло-патување негде во eat,pray,love стајл да си ја разбистрам малце главата.
@prominent не ми се случило. Прилично сум нова во водењето дневник. Пишувам исклучиво електронски. На парче хартија запишувам само клучни работи или некои поуки од тоа што сум го напишала. Не водам класичен дневник, туку едноставно го споделувам тоа што го чувствувам ...кога стварно имам потреба од тоа. Никој не може да дојде до истото. Прилично сум претпазлива и си го чувам само за мене .
Се случило да ми чепкаат во дневник како дете. Од една страна толку многу ме изреволтира тоа шо прекинав да водам дневник. Од друга страна беше поттик за да поставиме граници на врската со мајка ми. Кај смеј и кај не смеј и долго ради ова бев затворена со неа. Ако нешто некој ми чепни шансите се дека јас ќе знам пошто се ми е хаотично средено, за човек од надвор моите работи личат хаотични ама јас до цм знам како седат. Сега имам Bullet Journal, тоа е се во едно. Воглавно го користам како планер ама ако нешто ми остави впечаток и како дневник. Сакам полека да си вратам и таа навика.
Се случува да си го оставам дневникот под јорганите на креветот дур сум во веце или излезена некаде,но благодарение на најстариот мачор,некој и да сака не може да пријде таму.Мачорот многу сака да се излежува на мојот кревет и не дава да го помериш,па никој не може да дојде до дневникот.