@Peperutce1115, е во мое време немаше електронски дневници Мислам можев нормално и на компјутер да пишувам ама тогаш баш беа во мода хартиените дневници со катанчиња како што спомна @INNERBEAUTY, па имаше споменари што одеа од човек на човек во школо, ние ги викавме и лексикони тие Инаку, мислам дека катанците на дневниците не беа баш сигурни, т. е. лесно се отвораа иако беа заклучени претходно...
Јас дневникот го користам на 2 начини: едниот ми е планирање (на дневна, неделна, месечна и годишна база) (може да се отвори посебна тема за дневник, интересна е за разговарање) за нешта што морам да ги направам, а другиот ми е дрдорење, буквално за се' и сешто, го оставам мозокот да си мисли, а рацете да пишуваат. А кога станува збор за приватност... Уште во моментот на започнување на водење дневник, не размислувај дека некој ќе ти го чита дневникот. Ти решаваш дали некој некогаш би го прочитал тоа што го пишуваш. Фокусирај се на самозапознавањето кое го правиш додека пишуваш и откако ќе ја испишеш последната страна на нотесот, ако се чувствуваш несигурно тогаш уништи го. Поентата е самото пишување и она што ќе го научиш за време на процесот. Дури и да знаеш дека во иднина некој друг ќе го чита твојот дневник, да речеме твоите внуци, додека пишуваш не смееш да мислиш како звучи тоа што го пишуваш, бидејќи на тој начин ќе го осмислуваш напишаното, ќе го форсираш изгледот на твоите мисли и емоции, и ќе ги формулираш речениците да изгледаат на одреден начин. Поентата на пишувањето е да ги пренесеш мислите и емоциите во моментот такви какви што се. Инаку, кога станува збор за новогодишни резолуции, најчесто не правам конкретни, туку се "решавам" дека на пример, оваа година повеќе ќе патувам. Иако цврсто верувам дека ако нешто сакаш да направиш не треба да чекаш да почне нова година (или нова недела или месец), ама ете овој пат некако се поклопуваат нештата со завршување на една и започнување на друга година. Така да, овој пат ќе направам КОНРЕТНИ резолуции, на пример ако желбата ми е да патувам, резолуцијата ќе ми биде: Посети го Амстердам (на пример). Кога лабаво си поставуваш цел, помали се шансите дека ќе успееш да постигнеш нешто. Во наредниве месец дена ќе размислам добро што точно сакам, што е реалистично и што можам да направам околу остварувањето. Туку, дали водењето дневник и правењето новогодишни резолуции се особини поврзани со интровертноста? Just a thought.
@MissChievous Се сложувам со ова за резолуции и реалистично планирање на чекори на осварување, јас оваа година започнав со остварување уште на почетокот на есента тогаш дојдов до одлука, оваа ја напишав затоа што ми се издвојува и сеуште немам одлучено кога и каде ќе ја остварам .Ова со резолуциите само го споменав дека се спомнаа планери па нели има и годишни се ближи Нова Година па си поврзав .
Мојата работа е поврзана со екстремна комуникација и услуга на луѓе (туристичка агенција). Пред да отидам на работа, 2 часа оставам простор да се излежавам чисто онака, спремна сум све, и само се излежавам и зјапам во телефон. Што поише се наближува времето за да тргнам, станувам поуморна и поразлегната и едвај се наканувам да станам да тргнам - знаејќи што ме чека таму ! А таму, отвори затвори врата цел ден, клиентела, а поготово ме препотуваат клиенти со премногу прашања, а ги обожавам тие што седнат и зјапаат у телефон. И покрај тоа, пак највеќе сакаат кај мене услуга покрај колегите наоколу! И обично не земам клиенти ако колегите се слободни, праќам таму, па одговарам на телефон јас или водам пошта и соц. Мрежи. Јадење си носам од дома спремно, и како и секогаш, чекам сите да се налапаат за после јас намира да излезам и да си се накркам, или ако одат сите групно негде да јадат - обично измислувам дека имам неодложна работа на компјутер па кога ќе излезат заклучувам канцеларија и се релаксирам. Вчера беше на колега именден и куќна слава, па бевме поканети сите после работа веднаш таму. Цел ден обмислував што и како да се извадам, па фино лепо му купив вино и пуловер christmas type, и обидувајќи се да не се смешам или мојата фаца да ме издаде, му честитав се гушнавме и му дадов ќесата велејќи ,, Мала пажња од мене, жал ми е што после нема да можам да дојдам, внука ми ќе ми ја остават веднаш после работа"! Тој: ,,Еј па донеси ја внука ти што ќе си играат со ќерка ми" Јас: ,,Не е тоа баш добра идеја" - пробувајќи да го одбегнам. Идејќи накај мене - ,, Неќам изговори, внука ти тука нека ја донесат и право сите одиме, после ќе ве префрлам до дома, а и жена ми сака да те запознае многу"! Јас: ,,Ќе видам што можам да направам". И така, цело раб време под притисок, ми се доближи и као што бива, а ја као ќе дојдам ама пола саат максимум ако седам, зашо внука ми кај 9 ќе ми ја донесат а ние работиме до 8! Па, завршивме и се собравме некако у колата сите 5 и отидовме. Дома кај него уште на влез 20-30 пара обувки, маси споени од кујна до спална, луѓе, деца прескачааат, ме удри топол бран, се поздравив и седнав. И секако, се плашев од најлошото, кога бев посочена од татко му : ,,И сеа која е шефицата од овие две лепотици" Му одговара син му. И тука почнаа еден тон прашања, почнав да се гушам, ништо не пипнав и и пишав порака на другарка ми да ми ѕвони веднаш да ме избави од ситуација, па ми поѕвони и се јавив и као ,,У оу ќе тргате? Ајде и ја веднаш тргнувам". Колегата:,, Каде бе, ништо не касна!" Јас: ,,Тргнале накај мене, морам да одам" Тој: ,, Па нека ја довезат тука" Јас: ,, Не можам, и куче имам што само било 8 саати дома" Ух...... многу стресно ми беше се. А за периодов можам да кажам, фала ти временце што конечно можам да носам и капа, и слушалки и наочара и шал и да си шетам и никој да не ме застанува дури ми пее Селин дион или Тајра Турунен!
@INNERBEAUTY, во врска со работата каде што едноставно престанав да се појавувам... Интересно е што е истата работа што ја работам сега, значи работа по струка и по мерка ми беше (зборувам за самиот ангажман). Проблемот беше патот дотаму, јас не возам и имав долг пат со јавен превоз, плус некако самото место ми создаваше немир, претпоставените итн. Тоа беше проблемот мислам, а не самата работа. Бидејќи и сега во принцип ја работам истата работа но на друго место и немам такви проблеми. Друго многу битно, тогаш имав и некои лични/љубовни проблеми и едноставно не ми ни беше дојдено до никаква работа. Таков никаков период. среќа помина @1992g, welcome to the club! Иста сум пред да одам некаде... И само барам изговори да киднам побрзо
Многу би било полесно да речам само "НЕМА ДА ДОЈДАМ, ИЗВИНИ" ама сепак си имаме работа со екстроверти чудни некои си примадони.... А од хоби, пукање, стрелаштво, боречки вештини пливање(само кога нема никој , или многу малце луѓе), џогинкг и секакви активности околу милениците. Денес слободна, од алиекспрес ми стигна ранецот за мачка што е како астронаутски костум, па ја лудача со мачорот у ранец и кучето у градски
@faye, ова со фризерите ми е многу познато. Долго време одев кај една фризерка што супер ми ја погодуваше косата, не требаше ни да и' објаснувам многу, презадоволна бев од услугата. Проблемот беше што многу зборуваше. Нормално, често одев кај неа, па морав и јас да зборувам нешто, барем да и' одговарам на прашањата... Почна да ми поставува и многу лични прашања, а јас не чувствував дека треба да кажувам се' пред неа. Колку и да ми беше драга, не ја чувствував за толку блиска. Најдов друга фризерка од која сум исто многу задоволна, и сега како да се појавува истиот проблем. Колку почесто одам кај неа, толку повеќе очекува да и' правам муабет. А воопшто не сум љубител на small talk, рекла-казала, да не кажам оговарање. Така што, изгледа пак ќе одам во потрага по нов фризер Барем кога сум на фризер не сакам да зборувам, сакам да се опуштам
Ќе си најдеш машки фризер, ама само да не го потрефиш да е геј, пошо уста не затвараат А оние другите, ќутат и работат. Ама ретки се.
@1992g, омилен дел од посетата на фризер ми е фенирањето, зашто тогаш и да сакаат не можат да зборуваат. Оваа зборлестата фризерка дури и со фенот се надвикуваше
Интроверти, дали и вас ви се случува да не сакате да одговорите на телефон, посебно кога ви ѕвони некоја особа со која не сте се чуле некој период и така го гледате телефонот, го ставате на нечујно и чекате да заврши повикот? Јас обично на такви избегавам да им се јавам или пак ми треба време ментално да се подготвам, па наместо да им одговорам веднаш, јас им ѕвонам по саат-два као еј, сеа видов блаблабла. Дури сум знаел и онака да им пишам некогаш на некоја социјална мрежа као во гужва сум и не можам да зборам во моментот, а јас лежам дома. Само и само за да избегнам разговор. На непознати броеви или броеви што не ми се во именик, воопшто не кревам. Од друга страна пак, иако мразам толку разговори, од некои личности едвај чекам повик и можам да поминам часови во зборење без притоа воопшто да чувствувам притисок, напротив, ме релаксира.
@Billy Idol ехее, и тоа колку пати. Само што, ако видам непознат број и ако не одговорам, после цел ден мислам зошто ме бара, кој ме бара, да не е нешто важно а јас да не знам итн. Тоа е преголема неизвесност за мене и затоа ми се случува да се јавувам кога ми ѕвонат непознати броеви, само од таа причина. А инаку, на прсти се бројат луѓето од кои едвај чекам повик ама затоа со нив разговорот навистина ни оди, не се само површни муабети
Поради сериозен здравствен проблем годинава,почнав да одговарам на непознати броеви. Кај знам инаку што е и како е... Разговорите преку телефон не ми се проблем,но во живо понекогаш ми се комплицирани.
Кога одам на фризер - одам со придружба која е зборлива. Многу поќе сакам да прам работи во живо него на телефон, од таму нарачвам такси исклучиво преку апликација и ако таксистот не ми збора, му давам пет ... Многу пати кога пишам мејлови за нешто и ми дават број да се јавам пцујам сочно и ставам патики и одам лично да средам работа. Ако видам пропуштен број - не прејавувам сем ако очекувам повик. Одам со филозофија: "ако на некој му требам ќе е упорен", а ако имам поќе од еден пропуштен повик прејавувам. Ако ѕвони телефон и ми е в рака и е непознат број, одам во друга соба и одговарам. Не можам да зборам на телефон кога има луѓе околу мене. ^накратко за то шо сте зборале да кажам и јас.
Читајќи ви ги коментариве за фризериве сама себе сум си благодарна што научив сама да си се шишам @prominent битна е енергијата(да е позитивна) на работното место . Btw одлична страна https://introvertdear.com/news/how-to-listen-to-your-introvert-nudge/ YES Иначе интроверти дали сте благословени со тоа интровртските одаји(домата) да ви е на мирно место? Јас немам тишина никогаш од будали без никаков осет и култура (поготово пијани) пред мојата зграда имам казино ,кафана,и главна улица/моторџии секој ден(поготово лето) Да не ги заборавам секако и прекрасните комшии кои се натпреваруваат кој повеќе зидови од зграда ќе срушат и со петар пан синдром да и нa 30 + годиште со мали деца испод 5 год пуштаат гласна музика(секој ден ,техно) (ова го земав под контрола и научив да го менаџирам ask me how i dare you и оттогаш се ко мали мишеви(што и се) со подвиени опашки @1992g каде има ова за стрелаштво/пукање или некој ако знае каде и како можам да набавам боксерска вреќа мислам дека добро би ми дошло за релаксација Ете ова ми е уште една новогодишна резолуција get the f outha here. оваа година.
Кога станува збор за фризерки, мора три дена дома да седам и психички да се одморам пред да се соочам со неа. Па така најчесто фризери закажувам после викенд или неколкудневен одмор. И влгувам јас кај фризеркава моја и ме бомбардира со 83738282828 прашања. Дури понекогаш и не ми остава простор за да го одговорам. Мислам дека уште пред да дојдам она си ги има смислено сите прашања на кои сака одговор. Едвај чекам да заврши. Со оглед на тоа што фризерскиот салон и е во близина на мојот дом, некогаш кога одам во град, вртам од подалечниот пат само за да го избегнам поздравот со жената. Не сакам да ја сменам, задоволна сум од нејзината работа, па морам да научам да ја трпам. Телефонски повици . . . често ми се случува кога не ми се прави муабет по телефонот само да го гледам како ѕвони и да не се јавам. Имам една другарка, еднаш ако испаднам на кафе со неа и после наредниот ден одма ме бара за уште кафиња или прошетки. НЕ МОЖАМ, обично не се јавувам, па и се јавувам при крај на денот и се вадам на тоа дека сум учела или сум била кај баба ми па не сум го слушнала телефонот. Иако, телефонот е констатно покрај мене и ретко се случува да не го слушнам . Собата ми е на мирно место. Понекогаш само се слуша гласот на еден дедо кој живее на спратот под мене, најчесто си разговара со телевизорот, ама не ми пречи . Инаку исто како со телефонот, често пати кога сум сама дома и ќе заѕвони некој на врата јас се правам дека не сум дома и не отварам . Се затварам во собата и не мрдам. Не сум дома . Еднаш некој пријател на татко ми ѕвонел ли ѕвонел, јас слушам ама не отварам. Човекот требало нешто да ми подаде. Татко ми му рекол дома е ќерка ми оди. И ми ѕвони татко ми на телефон: Тато: "Каде си?" Јас: "Еј, еве тато по дома, пијам кафе." Тато: "Зошто не му отвориш на чичко ти * * * *, ѕвони човекот на врата треба да ти подаде некои документи?" Јас: "Еј, извини тато, слушалките ми беа ставени најгласно, ништо не слушнав, сега ќе му отворам."
Иако живеам во главниот град, домот ми е на релативно мирно место. Ретко има бучава од автомобили, а исто така е и релативно чисто, така што тоа е win-win ситуација Имам само едни бучни соседи, но не сум се осмелила да излезам и да ги опоменувам иако многупати сум помислила и на тоа. Особено за викенд се бучни, собиранки, друштва, типични екстроверти, постојано имаат некој кај нив дома Ама сега во последно време поретко го прават тоа, да се надеваме дека ќе биде така. Имало периоди кога биле апсолутно неподносливи, цели денови седев со слушалки
Мислам дека и јас сум за во оваа тема Кога станува збор за зборување на телефон појма немам зашто ама и јас неможам да зборувам кога има луѓе околу мене, бегам во празна соба или место кај што нема никој. Дома кога бев порано ако ѕвонеше домашниот знаев дека е некоја роднина и знаев дека ќе ми постави милион прашања и никогаш не кревав, на моите им викав дека не сум го слушнала или сум спиела. И се ќе направам само да избегнам телефонски повици. Идење по комшии на кафе премногу ме изморува некако, сестра ми сабајле станува и одма оди кај комшиката кафе пијат и така секое утро а јас еднаш или двапати дали имам појдено во годината и кога ќе појдам дремка одма ме фаќа од некои глупи муабети . Кога ќе излезев од дома од спроти мене комшиите одма ми викаат - Кај си бе Џуси, од кога не сме те виделе... хахаха Уживам да седам сама, дали да гледам филм или слушам музика па дури и ништо да не правам. I love it Имав голема желба пред да се омажам да живеам сама во стан, ама не ми успеа. Штета