Одам сама на шопинг. Воопшто не сакам кога некој е со мене и знам дека ме чека. Не знам, се чувствувам под притисок и затоа кога сум сама најубаво ми е и на раат си разгледувам. А многу ме викаат мене па за шопинг. И да признаам воопшто не ми се иде да разгледувам ако е само за онака. Да помогнам во предлог да, ама да идам колку само да разгледувам, не.
А шојма врска како некој не гледа ако одиме негде сами? о,О Ако не ми е гајле дека сум излегла сама, дефинитивно нема да ми е гајле ако некој помисли дека негде сум излегла сама и гајле ми е ако некој мисли дека било срамота или лошо илинезнамтишо. До сега сум била пред кино на два пати спремна да влезам сама ама се случило другарка ми во последен момент да купи карта и да влези, као буквално во последен момент. Првиот пат јас веќе бев влезена и седната па ми јави да ме праша кај седам точно. Вториот пат чекав ред на врата. Шопинг не прам баш класичен. Кога сум излезена на кафе знам на бегање да поминам по некоја продавница да разгледам шо има и да видам дали ќе ми фати нешто око. Као ако сум негде на Широк Сокак, ќе влезам Ваикики да свртам еден круг. Ако бегам од кај дечко ми, имам уз пат еден бутик и ќе влезам да видам дали ќе ми фати нешто око. Ако ми фати внимание, само земам пари и се враќам да го купам. Ретко излегвам со намера да барам нешто, па да шетам и слично. Некогаш излегвам со мајка ми, ама поќе за неа ко ќе купваме зошто сака второ мислење. Многу кафиња имам пиено сама. Си имам „безбедни“ места, шо се баш онака релаксирани, па кога знам дека ќе треба да чекам нешто, си пикам книга в ранец да имам занимација дур си пијам кафе. Сама на себе препуштена на мислите не е паметно. Често знам мајтап да си играм дека сум била со Каспер на кафе. Дур пишев ми текна нешто. Дали кога сте договорени за излегување касните, или пак одите на време, или можда пред време? Јас ако стојам добро со време тргам баѓи порано за да имам време да прошетам, па да стигнам на време. Да каснам имам многу проблем. Ама немам проблем некој да ми касни, сем на зима нели, пошто си земам кафе за носење и скролам на редит се занимавам и онака ... јако ми е. Да каснам неќам, лошиот дел од мозкот ми се активира и почнувам да паничам.
Ретко ми се случува да каснам,5-10 минути.Ако каснам,се извинувам.Не ми пречи ако некој малку касни. Во основно и средно не каснев ич,па бев „класен фрик “поради тоа оти за нив беше кул да касниш/доцниш на час.
Мене многу проблем ми е да излезам сама. Многу се грижам што ќе речат другите, иако знам дека тие не се замараат со мене. Исто така ако сум сама излезена се враќам по друга улица, за да не ме забележат дека сама сум излезена. Сакам да се ослободам и сама да можам да излезам без да се грижам што ќе речат другите. На шопинг идам обично со другарка или сестра ми. За каснење, кога сум договорена гледам да бидам на време. Мене многу ме нервира кога некој касни, па размислувајќи вака, знам дека и јас ако каснам другите се нервираат. Затоа скоро секогаш на време идам.
Не каснам скоро никад ако е се во ред, обично ако испадне нешто гужва, затворени улици, па да каснам. Баш паника сум ако каснам. Ама јас не сакам касначи. Ама ги толерирам зошто скоро сите што ги сакам каснат Не се лутам нешто страшно, ама знае нервоза да ме фати ако ми каснат и така ќе си мрчнам и ми поминува. Инаку не ме држи лутина ич зa работи што не се некој дил брејкер. Така ќе си кажам, ќе си мрчнам, ќе ми олесни и се по старо
Сте за изнапишале За шопинг, па скоро секогаш сакам да одам сама. Да си разгледам без брзање Обично сакам да купувам и некое мало изненадување за либето, така што ми одговара скроз сама да излезам. Второ прашање, за каснењето: Јас никогаш не каснам. Може да сум само пред време. Многу добро знам да си го организирам времето. Ако не сакам да одам некаде, едноставно не се појавувам, кажувам дека нема да дојдам и толку. Ама не каснам. Ако сум рекла дека доаѓам, значи дека навистина сакам да присуствувам и ќе направам се' за да го испочитувам туѓото време Е, и мене не ми е јасно што ако гледаат другите дека седам сама? Што има толку чудно и интересно? Остајте ме да си уживам и бркајте работа
Се извинувам што пишувам мислење едно по друго, ама ова е и прашање за совет: Забележувам дека емоциите многу ми влијаат на продуктивноста. Во случајов, на работата. На пример, секогаш кога сум добро расположена (поради љубов, најчесто) не можам да се сконцентрирам на работата, само гледам да забушавам, да излезам порано ако може... Не можам да си ги соберам мислите и мислам само на тоа што не треба да мислам додека сум на работа! Не знам како да си помогнам.. А жал ми е, зашто многу си ја сакам работата и сакам да сум фокусирана и ефикасна додека сум таму. Кога го добив работното место бев пресреќна, сега некако знам дека не е фер ова што го правам. Сакам да си дојдам дома побрзо и да бидам со либето или сама со слушалките на уши, сакам да се исклучам од надворешниот свет. Но емоциите секогаш владеат со мене Што да правам за да станам малку поразумна? Некогаш мислам дека се однесувам како заљубена средношколка, а не како возрасна, зрела личност...
Ок, почнува периодот на СОБИРАНКИТЕ! Лани, кога станав акционерка на моето работно место бидејќи инвестиција вложив, веднаш барав и да го заземам местото управител-прокурист. Чим сум вложила- сакам да водам. Е сега, тоа беше крај на Декември лани. Тогаш работеа 7 луѓе, со моето доаѓање, една напушти а еден најде друго раб место па превземав сите одговорности. До 14 Јануари не работевме, после почнавме. Едвај се вклопив со колегите, бидејќи им давам до знаење што нешто ми смета.И тогаш не знаев ништо за ова.... Ама сега..... ТИЕ ДА ТИ ИМАЛЕ НАВИКА ДА ПРАВАТ ПЕРСОНАЛСКА ВЕЧЕРА СЕКОЈ ПЕТОК ПОСЛЕ РАБОТА !!!!!! Е НЕ МОЖЕ, ПРЕКУ МОЈ ЛЕШ, НЕ ИДАМ! Побогу, како и што да се вадам???? Некни за празникот Св.Михаил и Ангел ил како год, бев притисната буквално да отидам! А денес добивам информација дека од овој петок почнуваат персоналските! Секој од нас одбира кај ќе не води на вечера петок вечер и одиме, тој плаќа, наредниот пат друг, па трет- тоа да ти било како некој обичај, колку вработени толку петоци до нова година частење! Ако сме сакале можело и дома..... Дали е време за искрен разговор со нив?
@prominent Телефонот да е подалеку од тебе. Пробај да мислиш само на работата,сè друго исфрли од глава. На еден лист хартија запиши си дека работата ти е приоритет во моментот. @1992g Да,ќе им кажеш дека не можеш секогаш да идеш на собиранки.Ете,уморна си и петок ти треба за да здивнеш на раат или некогаш се погодува тој ден да имаш обврски околу милениците..Нешто такво кажи им.
Досега за се околу тоа се вадам! Ај, првиот петок болна ќе сум, а што кога ќе треба тој петок ја да ги угостам? Ќе зеам да им закажам маса у Ла Тана и нека кркаат па нека ми ресторанот пушти фактура, само за да ќутат! Офф леле.... а утре ќе влечеме ждрепки кој кога ќе биде домаќин, па сеа глејте му ја....
@1992g, искрено, се мислам дали е подобро да измислуваш изговори или па да кажеш искрено дека ти е потребно време за себе, дека работата и онака те исцрпува и дека ти треба одмор. Или па да се појавиш еднаш колку да помине редот и толку. А тоа со закажувањето маса ти е добра идеја, јас би постапила така, да не испадне дека се вадиш од частење. Кажи дека си на пат некаде, патување што одамна ти било планирано и не можеш сега да го откажеш. Не знам од кога стана погрешно тоа човек да сака да одмори малку. И ако нешто ми оди на нерви тоа се afterwork собиранки. Толку ми е на сила тоа некако, немам зборови. По работа секој нормален човек сака одмор. А исто и она team building. Лигавење до максимум. Ајде сите по дома
Нормално е дека емоции влијаат на целокупниот живот, ама мислам дека мораш да контролираш концентрација. Секој има добри и лоши денови, ама работата денешно време за жал не трпи. Јас гледам вака на тоа, дури сум на работа, тоа време максимум да го искористам за работа. Така времето после работа повеќе си го ценам, повеќе уживам во се и задоволна сум со себе зошто дента сум дала се од себе да сум 100% продуктивна. Оу бој. Кај мене на работа вака беше на почеток, секој ден кафиња, муабети, секој петок афтер, секој викенд собиранки... Ама како ја префрливме повеќето 30ката лани, веќе не се собираме како порано. Едноставно сега други работи ни се на сите приоритет. Мене ако ме прашуваш, колеги се за на работа. Имам јас и блиски колеги, на прсти се бројат, со кои ми е ок да се дружам и надвор од работно време, ама не мора баш секој петок. Е сега те сфаќам дека некад и овие збирања ти се битни за да се социјализираш на работа, за да имаш поок однос со нив, ама може да им спомнеш дека петоците ти се главно зафатени, и барем да бидат собиранките поретко. Или ако сте помлади, чекај ја 30ката хахахаха. Природно ќе прекинат овие собиранки Едит: Јас па ги сакам овие предновогодишните од работа, не се кафани кај нас, секогаш е некоја тематска забава. Може дека сега поретко се собираме, па поинтересно ми е
@nightingale, за жал така е, работата си е работа и никому не му е гајле дали ти во моментот цветаш од среќа и не ти е дојдено до работа или па воопшто не можеш да се сосредоточиш на тоа што се работи. Сепак е тешко да се контролираат емоции, посебно во случаи кога човек е добро расположен, барем кај мене е така. Треба да научам да се справувам подобро со ова, не знам како, страв ми е да не сум си таква по карактер и да не ми бидат залудни обидите. А пак ќе кажам, жал ми е, зашто го сакам тоа што го работам. @nextredstyle, па телефонот секако го чувам во ташна, уште со телефонот да почнам да си играм, кај ќе ми биде крајот Се знае дека на работа приоритет треба да биде работата, ама треба да се спроведе тоа во пракса
Не мислев на играње,туку да не копаш во фотографии,пораки или соц. мрежи,секаде каде се спомнува љубовта. Можеш и во себе да си повторуваш дека работата ти е важна.
@prominent Искористи го моментов што си среќна за да бидеш продуктивна. Верувам дека знаеш, ама со негативни чувства, или кога си во некакво исчекување на нешто важно, или кога се соочувааш со некој посериозен проблем уште е потешко да одржиш фокус. Затоа пробај овој убав период да го искористиш да цветаш на сите полиња Тоа нека ти биде во мислите, дека сега си во супер период и дека имаш одлична шанса да го искористиш тоа најпродуктивно што можеш
Утре ќе видиме кој по редослед носи/прави вечера петоков. Се влечеле чкорчиња. @nightingale , па сите петорица се 30+, дури едната колешка е 42-3 години. Океј ај еднаш да се собереме на персоналска и тоа да биде на товар на фирмата - разбирам и ќе се појавам, шефот ќе биде таму, ама тоа си била башка вечер кога шефот ќе одлучел, обично втора половина на Декември Што да кажам...
Damn, не знам што да кажам. Не дека годините толку имаат врска, да не ме сфатите погрешно, ама природно е на луѓето да им се смачат вакви собиранки, или може јас само така си мислам, којзнае Да се согласувам јас, многу е секој петок. Па уште да частиш секој втор месец сите колеги е многу за наеднаш да се дадат. Колкава плата и да се зема, сепак тука е заштеда, непредвидени трошоци, кредити за стан, штедење за учество и слично. Не се мешам, секој си го менаџира сопствениот буџет, но ова го кажувам од моја перспектива, кога јас би се ставила во таа позиција. Што да кажам, некако претерано ми изгледа. Ти можеш да се појавуваш еднаш месечно. И не се секирај што ќе кажат. Ете еднаш однеси ги ти, па скокни неколку, па појави се на некоја, па пак на твојата и така. Нема лутење за тоа, секој си има обврски.
За среќа не е секој петок, ту ту чукни у дрво, си ме сфатила погрешно, , ами секој петок до нова година. Еден колега веќе "частеше" бевме на слава дома. Сеа на ред сме другите, само редоследот да се знае. Агенцијава веќе работи 13 години, тие сите се од почеток, си го имаат тој обичај... дури и кога им се родендени на деца или нивни или слави, и тогаш честат ама тоа е многу ретко и непредвидливо. Планирам јас утре да им кажам дека едноставно не можам, кога е мојот ред ќе ги почестам и ќе дојдам на персоналската од шефот кога ќе биде организирана, ама повеќе нема да можам, ќе им објаснам дека едноставно не е до нив, ќе се снајдам нешто ќе речам петок и сабота внука ми ја чувам вечерта, плус кучето морам веднаш да го изнесам инаку ќе напраи беља дома, што и е така. Тие сите се мажени/женети со партнери дома, свекрви и слично, пораснати дечиња, не им фуфка веднаш да се приберат, ама мој Душман со душа ме чека да влезам преку врата и да го изнесам пошо ќе се измочка у лифт дури едвај додржува не е лесно 8 часа (рачунај 9 ) да држиш. А друг не смее да е дома кај мене или да го изнесе пошо ќе го најдам распарчен, така да....