@Billy Idol, донекаде си во право, но со тоа што реков ригидна мислев на тоа дека не отстапувам лесно од рутината. Секогаш ми е полесно, на пример, да одам на места каде што сум била (ресторани, кафичи, места за летен одмор, а новите места ми создаваат немир, анксиозност). Си го сакам тоа што ми е веќе проверено и испробано Единствено сум спремна да правам компромиси кога е во прашање саканата личност. Тогаш дури и природно ми доаѓа да се прилагодам, да попуштам, и воопшто не го гледам тоа како товар, а тоа ме прави среќна, кога ја гледам таа насмевка. Тогаш заборавам и на рутини и на планови и на мојата (релативна) нефлексибилност. Но кога станува збор за другите... Тешко попуштам, тешко.
Фризерка од соништата. Јас пак кога се во прашање нови места баш сакам да менувам затоа што на нови места има нови луѓе кои не ме познаваат и нема да можат муабет да ми почнат ако идам на исти места треба да се зближам со сите секојдневно што ќе ги гледам а јас не сакам зближување и кога ми снемува места пак почнувам од тие каде што не сум била одамна, сепак коа си на дистанца со некој може само здраво да ти каже а ако ептен се зближиш треба муабети да почнуваш а тоа не ми оди во прилог.
Сум морала да излезам од комфор зоната и сум излегла.Ништо страшно! Добив некоја храброст. После тоа не се препознавав себеси.Знаете како во рекламана за Несквик кога малото маче пие од напитокот,па се претвора во тигар...
Јас имам проблем за идење у дискотека и кафич на излегување, и често ми се лутат пријателкиве. Откако престанав пред 6-7 години да одам по дискотеки, изгубив можеби 60% од луѓето со кои излегував од помала. Моето перфектно излегување е вечера во некој ресторан, може на кеј, или во театар, или на кино или пак концерт што ќе биде на отворено и тоа со одбрани луѓе со кои се осеќам 100% конектирано.. У кафич може само една пијачка на шанк и толку! За играње воопшто никогаш не играм, едноставно ми е преодвратно тоа. Играм дома со слушалици и со имагинација само. Инаку како стоите со тоа кога ке се сретнете со пријателка или пријатели една две три (мене тоа ми е максимумот на кворумот што можам да го издржам) и одеднаш испаѓа дека и некоја си друга ќе дојде непозната братучеда, пријателка од друг град и слично? Јас веднаш се онерасположувам, но и давам шанса на личноста, ако е откачена, брлива и отворена без да поставува многу прашања и ми испадне смешна, ја прифаќам и се орасположувам и може најбоља другарка да ми биде, во спротива веднаш станувам нервозна, ќутам и наоѓам причина за да си станам и идам. Како таа личност се да ми покварува, цел план за убав излаз со моите пријателки. Не реагирам на машко на тој начин, што е чудно, ама ако е геј и е од тие бла бла бла онда можам и дрско да го спуштам. Алфа сум ама не сакам пратњи и да ми лижат газој.
Јас би сакала да знам ако некој друг доаѓа. Не ми сметаат, ама за основна култура го сметам да спомнеш/прашаш ако веќе си се договарал со некој. Инаку класични дискотеки/гужва излегувања ми се страшно здосадени. Сега сакам некои опуштени местенца со интересен концепт. Па и отсекогаш алкохол ретко пијам, и тоа само вино некое или некој коктел, жестоко така не пијам. Прашање од мене, колку сте спонтани? Јас не сум воопшто. Што и да е, од кафе до излегување секогаш ми е испланирано. Другите обврски си ги планирам во зависност од тоа што имам договорено, па многу ретко се случува да излезам ако не сме се договориле на време. Се случило да ми биде префрлено како не сум доаѓала никаде, ама ми било кажано попладнето за истата вечер, па веќе сум имала планови или други обврски.
0 спонтана! Мразам спонтани работи! И мразам и изненадувања. Ако имаш изненадувања за мене, нема да се видиме. Или ќе кажеш што е или дрш си го изненадувањето. За 23 роденден пробаа да ми направат журка дома изненадување, бидејќи и дипломирав ден претходно па моите се испланирале. И се испушти на пријателка 1 саат порано и дознав све и не се појавив на сопствената забава, и кружев со дечко ми наоколу додека не стане 12 па да си идам. Две недели домашните не ми зборуваа...
Мене ми праќаа цвеќе дома во неколку наврати. Ама секако пропадна елементот на изненадување, зошто не отворам врата ако не ми е познат човекот (ова има друга позадина) па мораа секако да ми се јават за да отворам
Сесре и ја не отварам врата Нема позадина, едноставно таква сум. Кога никој не ми е најавен и ако е некој друг освен мајка ми, песот го пуштам да ржи. Еднаш забораив дека пица сум нарачала, ѕвони ли ѕвони дечкото, а јас инаетлива не станувам се дури не ми вртеа од пицерија. Па се извинив и му дадов бакшиш, кутриот...
Хахахахахаха Ама ме насмеа леле Инаку за вратава мене будала ме прават вака чим спомнам. Има една случка на блиска личност заради која категорично не отворам врата никому што не го знам или не е најавен. Ама и не гледам која потреба во денешно време да идеш ненајавен некаде. Има телефони, јави сe, договори се. Јас ни кај најблиски не идам без да си пишам или да се јавам. Инаку кај моите дома, тоа е гунгула, комшии/пријатели си идат ненајавени, си седат со саати, така отсекогаш функционирале тие неколку куќи во маалото. Кога идам кај нив се чудам. И како дете ми било чудно, сега уште почудно.
Мислам дека интроверти станаа сите од кога постои ератa на интернетот и,поготово,социјалните мрежи. Зошто? И повеќе од јасно е зошто.
Можеш да елаборираш зошто? Јас користам само една социјална мрежа, на другите немам профили. И пред да го направам тој профил, иста сум била како и сега. Од дете сум таква, а немав ни компјутер до мои 10тина години. Можеш да објасниш на што точно мислиш?
https://www.psychologies.co.uk/self/are-you-an-introvert-or-an-extrovert.html Пробајте го квизов. Инаку јас не сум ни на една социјална мрежа освен фемина и странски форуми. Од фејсбук на мајка ми проверувам нешто некогаш кога ми треба или ми праќаат луѓе.
Да кажам нешто за темите кои сте ги дискутирале: Мене старите другарки ми се лутеа кога не сакав да одам во ноќен клуб со нив. Кај и онака ми беше пресмачено од в кафич стоење 3 саати најмалку само заради нив, па уште во ноќен клуб да одам после 1. Тортура е тоа за мене. Не знам некои како го живеат тоа секој викенд или скоро секој викенд. Откако не ме викаат со нив одамна немам така излезено, 2ипол години отприлика. Само 2-3 пати со либе и пријатели негови, но тие дека се повозрасни не сме стоеле повеќе од 11ипол/12. Многу ми е пораат во пица ресторанче на мир да си поседам со неколку драги луѓенца. Ама другарките тоа го исмеваа. Индиректно, ама в лице ме исмеваа за тоа. И јас нормално многу си сакам комфорна зона. Голем немир ми се ствара кога морам да излезам од неа. И кога тоа се случува едвај чекам да се вратам назад и чувствувам големо олеснување. Арно ми е вака, барем си велам. Не сум воопшто спонтана. Сакам се да ми е испланирано: каде, кога, со кој, колку, како. Полесно ми е кога имам одреден план. Инаку најдов една слика што можам да кажам секоја чест на тој што дошол до оваа идеја, се гледа дека многу ги разбира интровертите или самиот е интроверт. Многу мнооогу мразам кога продавачки ме следат додека си гледам во бутик и ме прашуваат што си барам, како да ми помогнат. И да знаете ги избегнувам тие бутици каде сум имала такво искуство, не ни влегувам да разгледам во нив. Одам стриктно во оние каде знам дека не се мешаат продавачките додека разгледувам (на пример, Ваикики Битола ми е омилено за тоа), туку само стојат настрана и си бркаат работа, но се на располагање ако ми треба да прашам за големина и сл. Ајде нека направат и кај нас вакво нешто, многу ќе биди од корист. Вие како стоите со ова?
@Amellie13 Не да неќам да ми стојат над глава. Впрочем, не знам кој сака, знам и екстроверти што не сакаат.
Можам да бидам многу дрска. Многу, многу дрска ако по некоја основа не ми се допадне продавачката што ќе ми се приближи и да ме натега. Воглавно ги прекинувам веднаш со '' Благодарам, ако имам потреба од помош ќе ве побарам" или '' Сама сакам да разгледам, фала". Ако после тоа почне уште да натега, знам да и кажам дека е за на Струмица на пазар а не у убав посетен бутик, при што, се повлекува. Давам прва шанса, back off , на втор обид ќе бидеш средена. Ако и после тоа продолжи, можам и до менаџер са стигнам. Обично такви се тие што се штотуку вработени, па таквие ко мене сме им лекција.
Јас имам разбрано дека некаде газдите ги терале да ти стојат над глава и да те прашуваат, да ти понудуваат од тоа што бараш или сл. Да се обидат да те натераат да купиш. Само не знам дали знаат дека тоа кај повеќето можи да има контраефект, како кај мене на пример. Ме губат како муштерија. Ама како и да е, тие си знаат.
Не го негирам фактот дека има личности кои се родени со таква карактерна црта,да бидат целосни интроверти. Меѓутоа,повеќе зборував за оние кои се 50-50.Со користењето на интернет и социјални мрежи,немора да се вложи труд,енергија и многу време,така да личната комуникација,онаа во 4 очи максимално почна да се избегнува,со што,со тек на време,и самите личности некако се привикнуваат на таквиот начин на живот,дури и забораваат како е да се има квалитетен социјален живот,па седењето затворени сами во 4 ѕида им станува секојдневие,и притоа се анимирани.
Луѓе мене ме познаваат со добивање на социјални мрежи, пред то можев комотно да бидам забораена пошто ќе бев тој човек кој не си сигурен дека беше со тебе излезен вечер и не си баш сигурен дека ако беше таму - дали зборна. Благодарение на социјални мрежи се опуштам и во реален живот. Мислам, имам во поќе наврати кажано дека многу си го ценам моето време, имам со недели неизлегувано од дома ама дека во последно, атер за луѓето кои ми станаа важни уз пат, сум „лажен“ екстроверт кај шо научив да толерирам одредени ситуации атер за луѓето кои ми значат, целосно на моја сметка. Едно време седев со мојов дома и ме учеше да прам small talk. Еднаш уз мезе ми спомна дека не знам да прам small talk. Дека не знам да отворам муабет. Дека не знам да прашвам прашања и воглобала дека не знам да изгледам заинтересирано. И еднаш гледав јутуб видеа како да ги научам овие работи, па благодарение на тие видеа дознав дека не гледам некои си „знаци“ кога да прекинам да зборам и кога упаднам во муабетот. И јас се ова го учев, иако многу, многу ме мачи. Ко ќе легнам на вечер спијам како да нема утре и сабајлето се осеќам како да неќам да станам од кревет пошто сум имала социјален ден. И искрено професијата да не ми беше со луѓе, можи и немаше толку да се трудам да научам како да зборам со луѓе и да се форсирам непотребно на истото со надеж дека ќе се навикнам и дека некој нареден ден помалку изнемоштено ќе се осеќам. Зошто сите ... „станаа“ интроверти со ерата на интернетот и социјалните мрежи мислам и самата сфати зошто. Не е некоја edgy, quirky карактеристика туку тука е место каде можи да дојдиш до глас. Кај шо некој не ти го гледа лицето и кај шо можиш да земиш некое име и тоа да ти е онлајн „персоната“. А, кај многу, вклучително и кај мене во моите тин години, сме имале и голема анксиозност да почниме да се експонираме онлајн, ама ете сме. И тука можам да кажам нешто без некој да ме прекини, пошто irl ако некој ми се дај во муабет јас прекинвам скроз. Шо забележав до сега е дека е неочекувана реакција пошто ми се извинват да продолжам. Ама па шо било то истовремено зборање.
Сепак,не ми го смени мислењето во врска со ова. Секој со својот став,нели На социјални мрежи можеш да се претставиш било каква,а да нема врска со тоа што си во живо.