Кај мене навикнати се. Немам проблем пример другарка- две да ми дојдат дома кога си седам и ништо не прам. Немам проблем кафе да пијам и после то серијата да ја гледам во друштво. Пак си гледам серијата битно. Со поранешната другарка со која се дружев, беше секој ден кај мене, ама против моја желба. Сегашната поќе ја сакам и ја викам јас. Па еднаш се погоди брачед ми да дојди. И седиме тројцата на маса, тие екстроверти, јас ... не. И збораат, викаат, се дерат, дискутираат. И јас само станав, си ставив слушалките и гледав серија. Не ни сетија дека ме снема. Ама па од друга страна моиве имаат разбирање, и тоа многу. Некогаш ме бараат, и им викам: „Имам план“ и одма се као: „Која серија ќе ја гледаш“. Или најново од некни, другар не ми верваше дека бегам порано пошто ми се спие, туку ми се напна да му кажам шо ќе гледам вечерва, и тој немал идеја шо да гледа. И си заминав да си легнам, и уште не ми верваше дека одам да спијам, и ќе провервал на тв тајм да види шо апдејт ќе напрам и му реков и да гледам за инает не внесвам одма епизодите. едит. Многу често за излегвање прашвам кога немам план. Зошто некогаш ако испланирам дека вечерта ќе седам дома и ништо нема да прам, и то за мене претставува план и нема сила шо ќе ме извај од дома. Онака ќе си легнам и ќе си сонвам со отворени очи дур во позадина имам џезче.
И ова, и ова, и ова Стварно ок е, се видовме, се дружевме, ама утре пак ми ѕвони (ај пак), епа толку де. Сега се видовме и здравје после некое време (читај 4-5 месеци). Во диско не сум била 13 години,може летна бавча, градина, ресторантче лајт Многу ми е убаво во темава, да ви кажам
Јас сум пола интроверт,пола екстроверт. Сакам да се дружам,но не со многу луѓе оти многумина ме повредиле и сега сум повнимателна. Немам доверба во луѓето.
95% од најуспешните луѓе на светот се интровертни... нека не ви биде тоа проблем. Мислам дека е важно да најдете баланс, средина помеѓу интроверт и екстроверт.
Изненадена сум од интересот за темава, искрено. И плус сега со мемињава, ми го направивте денот Еве да раскажам малку подетално и за мене. Од мала си бев таква, најмногу сакав да поминувам време сама со себе, цртање, боење, доста рано научив и да читам и пишувам, најмногу поради тоа што сакав да поминувам време со детски книги, сликовници, па се сеќавам и на една детска енциклопедија што ја добив за роденден од моите, по цели денови седев со неа, "истражував" и учев. Интересот за науката го имам и денеска. Како и за пишувањето. Часови/денови можам да поминам истражувајќи теми што ме интересираат, како сосема да се исклучувам од светот Кога моите врсници почнаа да излегуваат, беше тешко да се натерам и јас да го правам тоа. Сум наидувала на осудување и од нив, а едно време и од моите родители, зошто не сум била и јас како сите, што правам по цели денови сама, ќе сум останела сама без никого цел живот. Епа не е баш така. Имам неколку вистински пријатели на кои можам да сметам во секое време. Не ми требаат површни познанства и не уживам во собиранки на кои често има и лицемерие... На училиште бев онаа што е малку чудна т.н. аутсајдер. Никогаш не сум била од оние популарните, никогаш не сум се ни трудела да бидам прифатена и "сакана" од сите, никогаш не сум се трудела да бидам во центарот на вниманието. Ќе бидам искрена, во школо сум била жртва на т.н. bullies од класот. Ништо сериозно, но сум била исмевана баш поради тоа што претпочитам да не сум дел од толпата. И денеска во кафето најмногу сакам да уживам сама. Не можам да поднесам кога некој ми ја нарушува приватноста и ме тера со сила да излезам, и покрај тоа што експлицитно сум рекла дека не сакам, дека не ми се излегува во моментот. Ќе продолжам да пишувам за ова подоцна, не можам целосно да се изразам во еден пост.
Повеќе претпочитам други карактеристики кога опишувам личност отколку пустото -интроверт или екстроверт. Не значи дека секоја срамежлива личност која не сака да се експонира премногу или нема баш социјални вештини е личност која длабоко и аналитички размислува, често се мисли дека е и поинтелигентна, посочувствителна. Може е анксиозност во прашање или депресија или истата таа личност со познати луѓе е многу поотворена и забавна а и треба време да се отвори пред непознати... Ниту пак личности кои ќе ги оцениш како екстроверти се површни или драма квинс или постојано среќни и весели, храбри и самоуверени, постојано надвор со друштво...што и да се мисли. Познавам многу успешни луѓе, полни со знаење и мудрост кои истовремено се асертивни, забавни и отворени, секако и интроверти кои ниту се попаметни, ниту поголеми аналитичари. Пошто гледам дека само за позитивните страни на интровертите сте сконцентрирани. Во тинејџерство и адолесценција ок, но со тек на време се бара од тебе поголема отвореност и способност за правилно изразување, дел од растење и созревање е. Не да се претвориш во шоу ѕвезда но барем основни социјални вештини да поседуваш за нормално функционирање. Нешто измеѓу. Да не се етикетирате непотребно само како вакви или онакви.
Некои луѓе не разбираат,но човек понекогаш мора да си дава „me time“, да се исклучи од сè,инаку нема да може да функционира.Мора да ги извадиш батериите кога те гушат другите. И да си 100 посто екстроверт не можеш 100 посто од времето да им го посветиш на другите.
Здраво другари. Не би сакала ниту себеси ниту на други да лепам етикети бидејќи сметам дека сите сме различни во одредени ситуации. Нема да раздлабочувам на темава бидејќи генерално другите многу работи веќе ги напоменаа. Најчесто преферирам мирни места со не многу луѓе ако одлучам да излезам надвор, иако во последно време уживам во домашна, опуштена атмосфера. Ми треба долго време за да се опуштам пред некого, на почеток не зборувам многу, но бидејќи работата сега ми е таква, се привикнувам. Да немаше такви ситуации во животот, можеби уште ќе останев она повлечено, тивко девојче од порано. Немам излезено во клуб којзнае од кога и немам ни желба. Премногу ми смета галама и гужва, паги одбегнувам во што поголема мера. Претерано отворени, гласни и наметливи луѓе не сакам и со задоволство се тргам настрана од нив, ме цедат. Никогаш не ја разбирав потребата цело време да си опкружен со луѓе и уста да не затвориш. Сум слушала дека им било досадно така на некои луѓе и немало што да прават, едноставно не знаат како да живеат на ваков начин. Ако сама со себе ми е предосадно, имаме проблем. Најдобро друштво треба да сме сами на себе, впрочем, цело време секаде сме во сопственото друштво најпрвин.
Да се надоврзам, заборавив да споменам колку ми пречат бучни луѓе. Сметам дека може да се прослави и човек да се радува и без да биде претерано гласен. Малер е што сите соседи ми се бучни, сите Не сум се побунила и не мислам да го правам тоа, едноставно ми пречи кога луѓето можат да разговараат со нормален тон, а не за се' и сешто да се крева ненормална галама... Досадно сама со себе не ми е и никогаш нема да ми биде. Како што спомена @Anabelle.Amorette, жално ако е така. Не смее човек да се потпира на туѓо друштво, туѓа поддршка, туѓа помош. На крајот на краиштата, единственото нешто што ни е сигурно сме си самите ние. Ми било досадно во големи групи, кога по некоја случајност сум се нашла на такви настани. Само бучава, комуникација меѓу луѓето нема или е сосема површна, за мене тоа е губење на време и преферирам да сум дома, но да правам нешто корисно со што ќе се унапредувам самата себе.
@Bridget А што има толку погрешно да споделиме нешто на темата што ни било интересно? Ако не ти се допаѓа скролаш надолу и готово Не знам зошто таква негатива. Да дополнам за да не пишувам нови мислење, беше спомнато погоре дека интровертите треба да имаат social skills. Не значи дека ако си интроверт не знаеш да се однесуваш во група луѓе или дека не знаеш да разговараш со луѓе. Не се основа поделбата на способности за интеракција. Повеќе е на тоа што ти ја исцрпува, а што ти ја полни енергијата, т.е. што те исполнува. И никако не се едните подобри од другите во глобала. Едноставно различни афинитети имаат. И може подобри профили да се за различни професии, ама и не мора да значи.
Јас сум по природа таква што го сакам животот под рефлектори, веројатно сум родена со предиспозиции да бидам екстроверт зашто да сум сама ме потиштува иако тоа целосно го камуфлирам, но во детството, како единица, при повеќето први братучеди 10-15-20 години постари од мене, и деца на моја возраст во улицата речиси воопшто, го попримив самотничкиот начин, иако после повеќе години сфатив дека не се вклопуваше во мојот карактер, а сето тоа време за интроспекција и анализириње што го имав на располагање, до ден денес се одразува врз начинот на кој функционирам.