Introverts united

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 12 октомври 2019.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.119
    Пол:
    Женски
    Апсолутно секој има свој став, конечно имаме глас да го кажиме нашиот. Како шо рече, причините се поќе од јасни. :D
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.401
    Пол:
    Женски
    Тоа што на нет имаш глас,а во живо немаш само значи дека тоа не си реалната ти.
    Зад екран можеме свашта да збориме.
     
    На Lunadeeztac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    :rofl:

    Screenshot_20191127_184010.jpg
     
    На INNERBEAUTY, Juicy, Lunadeeztac и 4 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.156
    Допаѓања:
    175.119
    Пол:
    Женски
    Океј. Не сум. Ова ми е алтер персоната, сакам да вервам дека е секси.
     
    На Billy Idol, nextredstyle, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Дали се родивте интровертни, дали станавте интроверти преку пубертет, дали некоја случка или нешто влијаеше да станете интроверти?

    Јас сум се родила откачен екстроверт и иста бев до матура.
    Сакам да чујам мислења што како...
     
    На INNERBEAUTY и prominent им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Како и секогаш, најактивни сте додека сум на работа и имам 100 прашања за одговарање. Но не пречи :D
    Да почнам да елаборирам на темите:)

    Дали сакам да ми стојат над глава додека пазарам? Апсолутно не, која и да им е причината, сметам дека е многу нападно, буквално како дишење во врат доаѓа. Ми се има случено толку да се изнервирам и да излезам од продавницата иако сум била со намера да купам нешто. И јас си кажувам експлицитно дека немам потреба од помош, ете знам да бидам и многу директна кога е потребно. Сфаќам дека и тие сакаат да ни продадат нешто или па внимаваат да не посегне некој по робата без да плати:D ама јас не сум од вторите секако, а тешко и можеш да влијаеш на мене да купам нешто ако мене не ми се допадне, колку и да ме убедуваш.

    Дали се родивте интровертни, дали станавте интроверти преку пубертет, дали некоја случка или нешто влијаеше да станете интроверти? Интроверт од мала. Откако паметам за себе. Моите ми раскажувале дека секогаш сум знаела сама да се занимавам и по цел ден со некои мои активности, сликовници, цртежи, а рано сум почнала и да учам букви, па со часови сум ги вежбала :) Не сум била ниту многу гласно дете. Единствено паметам дека сакав да одам во градинка, можеби тоа е мојата единствена екстровертна црта од детството. Додека сите скитаа по улици, јас повеќе сакав да поминувам време дома, во мојот свет:D

    Дали сакам изненадувања? Не, воопшто. Посебно па ако насетам дека нешто се спрема, а не можам да дознаам што. Тоа ме доведува до голем немир, анксиозност, до лудило :)
     
    На emiliana, INNERBEAUTY, Independent Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Мили интровертчиња, ептен ја разработивте темава, едвај пристигам да ве прочитам :). Ама да знаете дека ве читам и во скоро секој пост интровертски се пронаоѓам :$.

    Немам проблем никаков со ова. Ако има фидбек можам да се вклопам без проблем. Ама ако од другата страна наидам на крут и некомуникативен човек (дури ни од чиста култура), се повлекувам.

    Мојот одговор е делумно. Кога станува збор за спонтано кафе со другарките, во 90% од случаите не одам. Или спонтано излегување. Не сакам во 5 до 12 договарање за такви работи. Сакам да бидам средена кога ќе испаднам, а не да брзам за да се спремам. Освен тоа, можеби нешто друго сум имала во план, а многу се нервирам кога не се почитува планот. Принципиелна сум :).
    Ама од друга страна, некои работи колку и да ги планираш не се планираат. Па токму тие работи се едни од најубавите спомени што се врежани во мојата меморија.

    Никако. Или не одам во продавници каде продавачките ти стојат над глава или одам со некој друг, помош од пријател :D.

    Интроверт од раѓање. И мајка ми е таква. Никогаш не го сакала тоа секојдневно безделничење со комшиките. Од дома поубаво нема. После напорен ден, доаѓаш дома и уживаш. И јас бев таква. Другарував во школо, ама ретко другарував после школо. Средно некаде при крај имав еден период со бубачки и тогаш бев прилично екстроверт, ама пак си останував по неколку денови дома за да се изрегенерирам :D.
     
    На emiliana, INNERBEAUTY, Independent Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.405
    Пол:
    Женски
    Дали сакам да ми стојат над глава додека пазарам? Не, затоа и одам во продавници каде што нема да оди со мене продавачката. :)
    Дали се родивте интровертни, дали станавте интроверти преку пубертет, дали некоја случка или нешто влијаеше да станете интроверти? Од мала сум ваква. Секогаш слушам и порано бев многу срамежлива. Секогаш поцрвенував ако очите се вперени во мене или зборам со некој кој не го познавам многу.
    Дали сакам изненадувања? Сакам, многу. И јас подготвувам изненадувања ама сакам и за мене кога се.
    Колку сте спонтани? Скоро па ич. Кога сум дома и сум со мисла дека нема да искочам вечер, одбивам ако некој ме викне во меѓувреме.
     
    На Independent Girl, INNERBEAUTY, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.878
    Пол:
    Женски
    Само во ДМ ми пречи она пратењето со поглед,инаку не ми пречи ако некоја ме праша дали ми треба помош и што ми треба.
    До 6 години екстроверт сум била,со сите сум зборувала и сè ме интересирало,типично љубопитно дете,така ми кажуваа. :o
    Од основно училиште наваму амбиверт.
    Секако дека сакам пријатни изненадувања.
    И сум и не сум спонтана.Чудно некако,правам планови,ама знам да му ја летнам некаде без план.
    Ако не ми е добро дома,само излегувам без да размислам каде. :rofl:
     
    На Peperutce1115, Independent Girl, nightingale и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.405
    Пол:
    Женски
    Дали сакате кога ви се менуваат плановите? Пример: ако се смени време на излегување и тоа да е само пола саат покасно/се смени локација на излегување/некои личности ако дојдат плус или откажат?
     
    На Independent Girl, nightingale, 1992g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    @1992g, уште едно прашање имало :)

    Инаку како стоите со тоа кога ке се сретнете со пријателка или пријатели една две три (мене тоа ми е максимумот на кворумот што можам да го издржам) и одеднаш испаѓа дека и некоја си друга ќе дојде непозната братучеда, пријателка од друг град и слично?

    Измислувам изговор да си отидам порано. Ама обично кога се гледам со блиска другарка (или две, максимумот ми е мене тоа:D) знаат дека не е пожелно да викаат друг зашто сум им кажала да не го прават тоа. А и да не сум кажала, ми се чита од изразот на лицето дека не ми е по мерак:D

    @Blue.Sky, со оглед на тоа што не сум спонтана и флексибилна, мразам менување на планови. Сум стигнувала до ситуација на паничен напад. Кога е договорено на пример во 20ч на одредено место, сакам тоа да се испочитува, освен ако не е нешто многу, многу итно и битно или па ако ми е најавено дека ќе има промена на плановите барем ден пред тоа, а не саат или пола саат пред тоа.
     
    На nextredstyle, nightingale, 1992g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сакам промена на планови. Ако се промени за порано или покасно нема проблем, а ако откажат некои личности многу се нервирам. Јас секогаш гледам да одам кога сум договорена и ептен ретко откажувам.
    Ако дојдат и личности што не ги знам, тогаш за мене е страшно. Срамежливост и анксиозност на максимум се уклучени. :D
     
    На 1992g, nextredstyle, nightingale и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lunadeeztac

    Lunadeeztac Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2019
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Дали сакам да ми стојат над глава додека пазарам? Искрено, тоа најмалку го сакам. Кога некој ми виси над глава скроз губам концентрација и не ни знам што гледам, а што не.

    Дали се родивте интровертни, дали станавте интроверти преку пубертет, дали некоја случка или нешто влијаеше да станете интроверти?
    Со оглед на тоа што до неодамна бев во пубертет, уште ми е тешко да ги разграничам работите. Можно е самиот пубертет таква да ме направил, а можно е да има влијание и нешто што ми се случи еднаш.

    Дали сакам изненадувања? Генерално да, ама пак, зависи. Зависи од самата ситуација/личноста. Не сум обрнала многу внимание на тоа дали сакам или не и како се чувствувам во тој момент. Наредна прилика.:)

    Колку сте спонтани? И ова зависи од самата ситуација. Ако сум дома, а ме викне некој за излагање може и ќе се премислам. Може и не. Еве на пример сега неколку викенди по ред останав дома, затоа што навистина ми беше потребно време сама со себе. Пред некое време целосно се изолирав од сите, бев исцрпена и физички и психички, угасив телефон и петокот наместо да излезам јас цел ден го преспав. Во таква ситуација за никого и ништо не би изглегла. Многу сум чувствителна на туѓа енергија и ако сум во група на луѓе и притоа уште не ги знам доволно, не можам баш да кажам дека сум спонтана. Веројатно степенот на спонтаност зависи од самиот човек. Со блиски/поблиски луѓе сум спонтана затоа што сум опуштена.

    Прашањава ме мотивираа повеќе да посветувам време на тоа како реагирам/се чувствувам во вакви ситуации. Многу е битно да се самоанализираме.
     
    Последна измена: 27 ноември 2019
    На Peperutce1115, prominent, INNERBEAUTY и 4 други им се допаѓа ова.
  14. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сум парадокс некој, бидејќи не сум интроверт од раѓање...
    Имено, како бебе сум идела кај сите, освен кај татко ми. Сум била толку екстровертна што у маркет сум се губела и сум фаќала за рака непознати луѓе.
    Во градинка бев шоу, прва за главна улога кога сме имале претстави, без проблем глумев, рецитирав и тоа пред мноштво публика. Обожавана од учителките и вистинско шоу меѓу луѓето, претемпераментна и речита со огромна имагинација. Дома како дете чекав само гости да ни дојдат и нонстоп кроев бељи.
    У Основно, тие првите години 1-4 то одделение бев ѕвезда на одделението!
    После 5-8 одделение бев најлуда, бев од тие девојчиња што тогаш више почнуваат да се занесуваат, прва си фатив дечко и слично.
    А во средно..... просто бев незапирлива. Претседателка на клас сите 4 години, претседателка на цела средношколска заедница во 4 та средно. Правев проекти за размена на ученици со други училишта од други градови, сама во тоа учествував и бев на размена цело полугодие во трета година во Калифорнија. Имав еден куп пријатели и друштва, излегување у дискотеки у кафичи средношколски забави дрн дрн друштво ваму друштво таму пијанчење.....
    Е, после матурата, како да станав друга особа. Не знам што се смени, почнав да ги откачам сите, почнав да не излегувам, преферирам малце луѓе, дискотека за мене беше заборавен поим. Се посветив на факултет и од предавања дома учење и толку. За моите бев непрепознатлива. Не сакав луѓе да ми доаѓаат дома, а во тој период и свадбата на брат ми ми создаде огромен притисок.
    После заминав на мастер студии во Лондон, таму, све интроверти, па си влегов у колосек.
     
    На INNERBEAUTY, Peperutce1115, prominent и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.393
    Допаѓања:
    40.785
    Пол:
    Машки
    Многу прашања сте поставиле на темава како за интровертни луѓе. :D

    - Не сакам никој да ми стои на глава. Ако ми треба помош, сам барам. Шопинг со мајка ми е најчесто смрт за мене. Уште имам трауми од порано, од тинејџерски години кога се здружувала со тетката продавачка, па ме терала да излезам надвор да ме видат, и онака и двете застанати, а јас како на модна ревија да сум, па ме коментираат, па продавачкава ме убедува дека добро ми стои... (facepalm)
    Мразам исто и кога ќе отидам во гардероба и кога ќе ми викне продавачката (во соработка со мајка ми): "Најдов едно блузиче, многу е убаво, пробај го, многу ќе ти стои." :sweat:
    Еднаш ми се деси еден "немил" настан кога отидов во еден познат бутик каде често пазарував и се беше зафатено. И така ми вика продавачката: "па пробај овде, не се срами." А ја онака целиот нервозен, викам: "Не, не. Ќе си почекам, не се брзам." Од тогаш веќе не влегов таму.
    Самата мисла на шопинг за мене е измачување.

    - Да. Се родив интроверт и цел живот сум оваков. Мајка ми знае често да каже кога сум бил мал, таму каде што ме оставала, таму ме наоѓала. Глас не ми се слушало. :)

    - Не сакам воопшто изненадувања, всушност ги мразам. А секогаш пак сакаат да ми прават. Еве не знам зошто. Иначе на нив реагирам исто како 1992g, па така на едно изненадно ѕвонење со торта во рака пред врата за роденден, јас се скрив на таван и таму поминав додека сите гости не си заминаа. :)

    - Сакам да планирам и ако нешто не ми е испланирано знам да го откажам експресно пошто не сум подготвен за истото. А некој пат пак успеваат другариве да ме извлечат од дома така спонтано и да уживаме во некоја авантура. Таквите дешавки ги паметам цел живот.
    Иначе знаеа да ми речат, уживаше нели? Уживав, ама не значи дека повторно ќе излезам. Ова посебно за клубови/дискотеки. :D

    - Ако се смени локација или нешто друго во планот, освен ако бил некој посебен повод или ептен да не го обожавам тоа место, тогаш не сакам. Доколку не е нешто пребитно, сеедно ми е. Побитно ми е друштвото, отколку местото.

    За други луѓе со нас. Зависи. Не ги сакам многу и најчесто таквите ги викам "падобранци". Во зависност од тоа каков карактер се и како ќе се постават, така се поставувам и јас. Можам да бидам пријателски настроен и да се понашам со нив како цел живот да ги знам, а можам и да им ставам до знаење дека не се добредојдени.

    Имаше една случка кога излегов со другаров мој и ми рече као да отидеме у кафичов да се видиме со цимерот негов. Го имав него видено 2-3 пати во живот, па и муабет правено, ни годеше овака разговорот па прифатив. Отидовме таму и јас се осеќав отфрлено пошто они цело време си збореа меѓу себе на нивни теми, па јас земав да си зборам со другиот другар и им го игнорирав постоењето.
    После другаров ме праша оти не сум се вклопил во муабетов. Му реков дека сакав да пробав, ама не се чувствував добредојдено и се тргнав на страна.
    Поради такви моменти и не сакам такви "падобранци" кога одам некаде.

    Прашање: Пошто ние како интроверти не шириме голем круг на пријателства. Како ги стекнавте вашите?
     
    На Peperutce1115, prominent, Independent Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  16. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Јас сум од дете ваква. Во текот на основно и средно не бев баш најповлечената и вака ако ме гледаше од страна некој сигурно ќе мислел дека сум поприлично екстровертна, ама толку енергија губев на тоа зошто мислев дека е правилно тоа во тој момент. Скоро сите активности во кои учествував овие години беа типично екстровертни, настапи на сцена и слично. Не можам да ви опишам колку ме црпеше ова.

    Како почнав да созревам сфатив дека на крај мирот ми е најбитен. Почнав да правам тоа што сакам, да не правам тоа што не сакам.

    Инаку како стекнувам пријатели, па спонтано. Може да се каже дека они ме наоѓаат мене повеќе :D Обично преку заеднички активности сме се зближувале. Јас имам и супер пријателства кои сум ги стекнала во работата, па иако сме смениле фирми, сепак сме останале во контакт и се дружиме. Ама сепак, тие што ги сметам за блиски можам да ги избројам на една рака искрено. И доволно ми се.
     
    На Peperutce1115, prominent, Independent Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.626
    Пол:
    Женски
    Од раѓање се едни исти што ми се најблиски. Двајца геј пријателчиња шо си ги сакам како братчиња, и три пријателки.
    Е, и сите заминаа в странство. Малта, Германија и Америка. Мислам дека тоа влијаеше да станам интровертка малку.
    Во Скопјево сега за сега имам 2-3 блиски што ми се, ама не можат да се мерат со тие што ми заминаа. И исто пријатели машки имам блиски. И тоа е тоа, све остало е познананици по пат стекнати. Обично такви познаници знаат да ме истераат од памет и од немајкаде да ми поѕвонат и нормално не им кревам. Магнет сум за луѓе пошо сум жив одечки хумор, ама јас сум си интроверт и ќе си го праам тоа што ми одговара.

    Прашање: Дали сте религиозни?
    Јас, не. Атеистка можеби ме прави тоа ама одбивам да сум labelled т.е да припаѓам на некоја општествена матрица. Верував во христијанството се дури не станав интровертка и почнав малце повеќе да истражувам па сета таа небулоза околу религиите просто не изгледаше реална.
     
    На INNERBEAUTY, prominent и Billy Idol им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    56.955
    Пол:
    Женски
    Цел живот сум интроверт. Како мала можеби имав некои "бесни" моменти, но генерално бев мирно и повлечено дете. Затоа и бев предмет на задевање доста често, што придонесе уште повеќе да се затворам. Ни во основно, ни во средно, ни сега на факултет не сум се истакнала воопшто.

    Сите што ги имав/имам ми се од детството стекнати освен еден со кој сосема случајно се спријателивме. Искрено не знам како да стекнам сега. :| Ми треба промена дефинитивно, но како..

    Бев религиозна најголем дел од животот, се' до пред 2 години кога станав агностик, сега оваа година сум атеист. :) Почнав да размислувам со своја глава, да истражувам, да се прашувам. Обожавател сум на науката и сметам дека е единствената вистина, се' друго е до умот на човекот.
     
    На INNERBEAUTY, prominent, Independent Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.881
    Допаѓања:
    129.878
    Пол:
    Женски
    Религиозна сум,православна христијанка сум.
    Вербата во Бога ми дава утеха и сила.Дел е од мојот идентитет.
    Едно прашање...
    Дали би поддржале смртна казна за злосторства врз деца?
    Јас да.
     
    На prominent, 1992g и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.786
    Пол:
    Женски
    Луѓиња не сте реални бе што се сте испопишале. Ќе идам од точка до точка ќе пробам да одговорам на се.
    -Born and raised baby :D А имаше и од ова другово. Ќе пообјаснам во друг поширок пост мада до нешто веќе се имам допрано во други постови на темава.

    Исто :D
    Тоа е тоа (y)

    -Верувам во Бог но не во религии (иако верувам дека има вистини во нив но не 100% ) пре би рекла духовна,не верувам во бесмислено и случајно постоење иако обожавам и наука и научни сознанија #geek исто ќе пообјаснам подетално во друг пост
    -Иначе се спомињаа социјални мрежи и алтер ега, јас ни аватар не можам да ставам а да не личи на мене.
     
    Последна измена: 28 ноември 2019
    На prominent и 1992g им се допаѓа ова.