Годинава ќе ја памтам по многу работи, почнувајќи од тоа што станав партнерка во агенцијава со учество - инвестиција и веднаш со тоа управител-прокурист. После тоа си купив гарсоњера станче, си се преселив. После тоа си го купив кучето и вдомив мала прцла од вардариште. Па бившиот ме побара за жена, и одбив брак. Сеа затоа е бивши. По феноменалниот одмор во Малта. По сообраќајката со колата и тоа што Душман ми го удри кола и мораше да се оперира. По пензионирањето на татко ми. По лудориите на внука ми! Сеа више не ми текнуваат работи, уште сум нервозна... А цел за следна година : Да ми го отстапат станот во центар од 130 квадрати мене, а моиве да дојдат да живеат тука во станчето. Сакам да отворам пансион за мали раси на кучиња, чувани стриктно во стан. И да се бавам со тоа во слободно време. Исто така планирам да земам учество во кинологијата во Македонија и да работам на афирмацијата на некоја мала раса (најверојатно ќе биде тоа Continental toy spaniel т.е Papillon dog ) и да одам на изложби и натпревари.
Јас одам, седнувам и јадам. Се е океј дури не почнат да играат луѓево и си седат мирни, а тоа е обично до танцот на младите. Кога ќе застануваат, станувам и си одам. Обично пола саат работа.
Ја сум парти брејкер и знам дека ќе зезнам односи со сите али не можам да се правдам никому па директно кажувам ја нема да идам кога има собиранки и на чисто сум дури некои ме имаат и прифатено како таква, не можам со сила френдли да глумам џабе само ќе се нервирам. Како се справувате со загадениов воздух? Посебно прашањево е упатено кон хипохондриците гледам ги има тука, јас за несреќа денеска отворив еден линк за последиците од загадениов воздух и сега цел ден не ми излегува од глава.
@senjorita-v, одамна престанав да одам на места/настани каде што не ми се оди, само за да задоволам нечиј хир или пак за да не навредам некого. Ако не е свадба на некој близок, ич не би ни идела ако не ми се иде. But that's just me Edit: А сега видов дека е свадба на прва братучетка Појави се, не мора до крај да седиш, измисли нешто таму, креативни сме ние интровертите кога станува збор за изговори @Independent Girl, јас сум хипохондрик ама од друга страна сум и пушач Така што искрено не се секирам многу, како што гледаш. Хипохондријата ми е насочена кон друга симптоматика Инаку, ќе излегувате ли вечерва? Јас не. Уште една вечер по мој вкус
Какво излегување,бре? Гледам Сител и покриена сум со 3 јоргани. Ќе станувам само за до веце и да си направам капучино. Воздухот е презагаден,ама таков и ќе си остане кога народот се понаша ко да не му е гајле. Инхалаторот со вентолин секогаш ми е до мене оти многу се гушам.
@senjorita-v можиш да си заминиш веднаш откако ќе ја дадат тортата. Некои тогаш почнуваат да си одат. Не мора до крај да седиш. Поиграј еднаш, двапати на оро после седи си. Си седам со нескафе и барам нешто за гледање. За излегување не знам точно уште, велевме до град да прошетаме малку со либе. По кафичи со гласни музики не иди во предвид. Инаку и јас покрај ресторани сакам некогаш и во кафана да си поседам. Доволно е да има храна, пиење и одбрани луѓе, да се видите раат. Многу подобро отколку да стојам некаде в гужви со гласна музика и да не можиш да зборниш, треба да се надвикуваш. @1992g леле, стварно без осет тие колегите. Не можи така, мора некогаш искрено да се кажува. Како можи да му седиш на некој до ниедно време, еве не знам. Јас 2 саати ако седам некаде најмногу, дури и тоа е многу некогаш, после ептен незгодно ми станува. Дури и кај либе да сум на гости, не па на друго место. Еднаш не појдов на една забава бидејќи ич не ми се одеше и не сакав дикретно да кажам бидејќи знам дека немаше да ме разберат па смислував нешто. И еве оттогаш никогаш повторно ме немаат повикано, ниту за обично изглегување. Понекогаш потребно е да знаеш каде стоиш во животите на другите, because chances are, те чекаат да направиш една „грешка“ за да имаат причина да те отпишат.
Какви сте вие кога ќе се напиете некоја чашка? Весела сум и постојано насмеана. Сакам да се гушкам и да пеам . Си го имам и муабетот со таксистите. Малку екстровертски се однесувам и јас . Како и да е, ретко ми се случува да се напијам повеќе од што треба. Можам да се контролирам и знам колку ми е доста. Како вие се снаоѓате во слични ситуации, и дали ви се случувало во јавност или пред некој друг лично вие да заплачете? Искрено тешко ми е кога гледам некој близок како плаче пред мене. Толку многу сум чувствителна што наместо да го тешам може и јас со него да плачам. Многу се потресувам кога станува збор за блиски. И не само за блиски, општо кога гледам некој дека плаче, не се чувствувам убаво. Значи, автоматски одговорот на второто прашање е да. Некогаш едноставно не можам да се контролирам. Посилно е тоа од мене. Ич не сакам што сум таква, ама ете... Дали сакате бебиња? Многу сакам бебиња и мали деца. Сакам да сум во нивна близина, да си муабетам и да играм со нив. Преслатки ми се. Сонциња мали . Штета што немам во фамилијата поблиска мали дечиња. Има/ло ли ситуации во кои едниот родител ви е/бил поомилен од другиот? На ова прашање мислам дека веќе неколку пати имам одговарано во ФМЌ. НЕ. Двајцата ги сакам исто и ми се подедднакво омилени. Денес читајќи ја темата за токсични родители, помислив само колку сум јас среќна девојка што ја имам приликата да имам до мене двајца прекрасни луѓе во секоја смисла на зборот. Среќна сум многу, ги ценам и сакам неизмерно. Дали ви е проблем цел ден да не излезете никаде? Ма јок бре. Тогаш сум најсреќна. Често ми се случува и повеќе денови да поминам дома. Си го обожавам домот, најубаво и најсмирено се чувствувам. Инаку, ќе излегувате ли вечерва? Јас не. Уште една вечер по мој вкус. Јас вчера излегов и мислам дека е доста излегување во наредниот период. Ќе седам и јас дома на топличко или ќе читам или ќе гледам нешто. Уживанција . Инаку многу прашања сте поставиле. Сакам да ве читам сите, ама не можам да ве пратам многу најискрено. Ако некого сум прескокнала со прашањата, се извинувам . Да не поставувам и јас прашања.....кога ќе има простор тогаш .
Дали ви се има случено да ви се случи да се "исклучите" во ( не толку) стресни ситуации? Као, наеднаш е тишина, и ти не си меѓу луѓето и наеднаш се е океј и ништо не слушаш само гледаш фигури како мрдаат со усни и мафтаат со раце. Се осеќам како престимулирана мачка.
Не! Досега бевме со кучето кај моите, па во парк, и само што се прибравме. Бев да земам 2 кила храна од пет шоп и ги нахранивме уличните. Околу 1 по полноќ, само ќе го изнесам да мочка или кака и да се истрчи 10 минути у дворот на градинката. Во спротива, јас, пуканки, мачорот у скут, кучето у нозе, папагалите пуштени кој каде знае и НЕТФЛИКС! Инаку, ај нека ми е честито новата бариера преграда на тераса со комшијата. Спојлер: Потешкотии Можеби е ова за во СДК, ама навистина било тешко да си сама а да имаш куче и да си вработена фул работно време. Да има како и на работа не би одела само ради миленициве Носам маска, и тоа 2500 денари ја купив, 100% ги фаќа сите честички. Нездрава работа, за маска.... Дома имам прочистувач и воедно навлажнувач на воздух за 50 квадрати, а станчево е 40 квадрати. У канцеларија исто имаме прочистувач, а и дома кај моите. Како што приметувам, скоро сите више имаат прочистувачи. Јас мојот прескапо го платив и мислам дека како што сум тргнала со трошење ќе банкротирам скоро. @theowndemon , ми се има случено. Се исклучувам често и тоа го рачунам за некоја нова димензија на способноста за задржување на здрава психа!
@theowndemon, па баш во стресни ситуации не, би сакала некогаш да можам да се исклучам но не успевам, баш тогаш мозокот ми врти сто на саат, често страдам и од панични напади. Ама кога ми е досадно во друштво, знам да се исклучам, па ми забележуваат зошто секогаш молчам. Тоа е зашто сум склона кон daydreaming Такво исклучување ми се случува цело време. Инаку вечерва си се посветив пак на една од моите омилени активности во слободно време, готвењетоНаправив феноменални пица лепчиња во рерна, волку добри одамна не излегле. И мали бисквит колачиња со чоколаден крем, без печење. Вечерва гозба и одмор со сите четири во вис Е ова е живот
Пушти бе наваму не се срами наши сме Само уживај Јас барам занимација, имав славје за вечер ама не отидов.
Кога не поднесувам некого или нешто,се исклучувам без разлика на нивото на стрес. Кога ми е ту мач,ме боли глава.
Темава мислам дека нема поасоцијално суштество од мене на планетава, со никој не се дружам, немам социјални мрежи буквално human interraction trrigers me. Тивка сум и тоа го очекувам и од другите. Животни сакам но луѓе не. Уште од мала сум интроверт, татко ми често знаеше да каже дека осаменоста е најтешка казна за еден човек а ја пак одувек се чудев зашто самица е најтешка казна за затвореници.
Гледам дека сум прескокнала некои прашања Какви сте вие кога ќе се напиете некоја чашка? Имам контрола и знам колку треба да пијам бидејќи не сакам да се опијанам туку само да се орасположам. Весела сум и сум насмеана. Како вие се снаоѓате во слични ситуации, и дали ви се случувало во јавност или пред некој друг лично вие да заплачете? Ми се случи, оваа година.....Јас инаку воопшто не сакам кога се покажуваат емоции во јавност бидејќи секогаш бегам од надворешниот свет и најопуштена сум дома, но годинава имав плачено не само пред дм и другарка ми, туку и надвор, додека чекам бус.....А кога ќе видам дека друг плаче пред мене пробувам да го смирам/гушнам за потоа и јас да плачам со него. Не е океј знам, но неможам да се контролирам. Има/ло ли ситуации во кои едниот родител ви е/бил поомилен од другиот? Колку и да ме болат некои нивни дела и зборови, сепак ќе кажам дека и двајцата подеднакво ги сакам. Се надевам така ќе остане и во иднина. Инаку, ќе излегувате ли вечерва? Јас не. Уште една вечер по мој вкус. Бев излезена до пред еден саат. Ништо посебно прошетка, разговори и дома. Дали ви се има случено да ви се случи да се "исклучите" во ( не толку) стресни ситуации? Во стресни ситуации не, тогаш имам само блокада на зборови. Како што кажа @prominent кога ми е досадно или кога сум многу уморна знам да се исклучам од реалниот свет и да си фантазирам за нешто, а често ми се случува да се загледам во една точка и да 'медитирам'?! не знам како да опишам ама се одмарам така.