Daydreaming шо спомнавте го прам скроз свесно и без грижа на совест научив да не слушам, а налик да слушам. Ова шо прашав е баш како јас да не сум јас, самата глава ми дава јасен знак дека е доста. Еве ќе кажам последно пред некој ден, сакав да бегам ама решив да останам уште малку и бевме во кола сите на еден рид и зборавме. И наеднаш беше толку гласно, толку бев overwhelmed до степен шо наеднаш цела бучава ја снема. Цк. Ја нема. Скроз тишина. Гледам дека зборат ама јас на 7мо небо. Гледам дека усните се движат ама јас не сум дел. Зато и не толку стресни го ставив во заграда. Очигледно не е стресна ситуација за поќето ова. Имам сетено дека ова ми се случва во слични ситуации, во големи друштва, при групни дискусии. Скроз несвесно и дефинитивно не пренасочувам мисли кон фантазија туку онака празно скроз. Како да ми се расипал процесорот.
Уфф, ми се напунија батериите вечерва! Пред тв, со поларни ќебиња, милениците, притаено светло, пуканки, чајчиња, топло чоколадо, нетфликс... Пред малце излегов за кучето пред спиење да моча, ќе умрев надвор од ладно, бррррр. Утре недела, што планирате да прајте вака интровертчиња?
Јас излегов вечерва, сега се прибирам. Роденден на другарка што имаше прилично тежок период, сега се расположи малку, па и ветив дека до последно ќе седам ОК беше, само почна да ми здосадува при крај. Приватна забава во нејзин стан беше, првиот дел беше ок, вториот веќе повеќе се напија некои и малку напорно почна да ми станува, со оглед на тоа дека не сум некој пијач па трезна сум цело време и досадни ми се пијани муабети. @1992g Се чудам на колегите твои. Они се приближно моја возраст, неколку години постари од мене, на крај памет не ми текнало да му седам на колега на гости толку касно, па уште си купиле вино и ракија бе, Бог да чува. Ко неизживеани тинејџери. Појела ме туџа срамота. Утре ќе се отспијам, па план ми е да зачистам и да зготвам нешто и за утре, а и за понеделник.
Добро утро интровертчиња. Денес немам никаков план дома ќе бидам цел ден. Моите заминаа на шетање во соседна Грција па цел ден ќе си бидам сама. Попосле либе ќе дојди на кафе да му направам од нескафето што си го правам секој ден. Веќе ми стана поубаво од тоа в кафич. Па му велам вчера на либе поарно дојди кај мене ќе поседиме отколку да одиме в кафич и да фрламе пари. Неделно уште малку решив да си се излежавам в кревет па ќе станам да барам појадок, да го палам каминот оти е ладно, и така.
Јас само ќе отидам до најблискиот маркет и ќе си вратам во кревет,под 3 јоргани. Ладно е.Ќе гледам серии и филмови во мачешко друштво.
Добар ден и од мене. И јас се наспав како човек денеска Сакам вакви сончеви денови, не дека имам намера да шетам некаде, ама многу подобро се чувствувам кога не е тмурно, макар и само од прозор да ми иде сончевата светлина. Мене многу ми влијае времето, и на расположение, и на продуктивност, и на емоции... Кога е врнежливо сум за никаде, последниве години како стареам почнува и глава да ме боли редовно Утре недела, што планирате да прајте вака интровертчиња? Ама баш никакви планови немам. Си седам со мокра коса и се канам да ја сушам, ги поминав ритуалите како маска за лице и депилација (сама си правам козметички процедури само за да не одам во салон) и ќе готвам нешто за ручек. Се мислам да украсам нешто малку низ дома, но нема да правам цела елка, само некое ситно украсче за да ме развеселува. Прашање од мене: Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/напнато (во позитивна смисла ама)?
Утре недела, што планирате да прајте вака интровертчиња? Денес најверојатно ќе уживам пошо со брат ми сум сама дома и ќе гледаме некое филмче. Подоцна ќе правиме ручек и ќе се собереме сите, а на крај од денов ќе се видам со дм. И нормално пред легнување се спремам за утре, понеделник. Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/напнато (во позитивна смисла ама)? Порано многу се возбудував и тоа два/три дена пред денот. Неможев да спијам, нон стоп мислев на тоа, за разлика од оваа година кога се возбудувам само вечерта пред тој значаен ден. Најчесто се обидувам да не мислам на тоа и да се опуштам. А сега јас да ве прашам, мислам дека ќе се пронајдете во ова - Дали ви се случува кога извршувате одредена активност да ја правите брилијатно добро, а кога ја правите пред други луѓе изгледате ко никогаш да не сте ја правеле претходно?
Ајде да ви се вклучам и јас во темава. Еве една слика да споделам. Само, не мора да е nap, дома ми е рајот кај што можам да си одморам, да си погледам некое филмче или серија, да прочитам книга, да си пуштам музика, да си готвам, да сурфам и учам нови нешта од Интернет. Знаат да ме прашаат: Не ти е досадно дома? Не, не ми е. Не морам и не ни имам потреба, а ни желба, да сум постојано надвор. Многу е убаво и дома.
Утре недела, што планирате да прајте вака интровертчиња? Малку учење и стандардниот ритуал за разубавување и нега у недела. Ништо посебно. Го сакам денов зошто секогаш ми е слободен, барем се знае, недела си е ден за дома. Малце вечерта ме фаќа тага дека утре е понеделник и имам обврски ама тоа е што е. Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/напнато (во позитивна смисла ама)? Се трудам да не мислам на тоа или пак да си викам дека се ќе е добро, само за џабе паничам и си давам примери од претходно кога сум се осеќала така ама се испаднало добро.
@prominent Нестрплива сум.Едвај чекам штом е позитивно нешто. Тогаш не паничам. @Blue.Sky Презентација.Дома вежбам и гласот ми е супер,а пред професори и колеги звучам како да имам проблеми со говорот.А,немам проблем кога се бунам за некоја неправда на факултетот. Прашање... Кој ваш миленик има интересно или невообичаено име? Едната моја мачка се вика Грејси Килер,а едната моја кучка се вика Крки.
@Blue.Sky, зависи од ситуацијата. мене многу често тремата знае да ме направи да изгледам и посамоуверено, зашто пред тоа сум се спремала поинтензивно. А ако си немам гајле за нешто и си мислам дека е чесно, тогаш може да потфрлам. Зависи. Јас не ги го сакам гласот @nextredstyle, мислам дека имам ужасен глас што ги иритира сите околу мене. Не ми е пискав или нешто слично, едноставно кога ќе се слушнам ми се превртува желудникот. Но не мислам дека е нешто невообичаено, немам сретнато човек што си го сака гласот (на снимка).
Утре недела, што планирате да прајте вака интровертчиња? Home alone бев до маркет да купам чипс си се сместив убаво во кревет сега планирам да си пуштам филмчиња на нетфликс. Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/напнато (во позитивна смисла ама)? Ги мразам ваквите денови самото исчекување ме прави нервозна посебно ако се работи за нешто врзано со луѓе.
Леле, сите сте зафатени со тој Нетфликс, некогаш се чувствувам како единствениот интроверт што не гледа филмови и серии, како аутсајдер Јас воопшто немам концентрација да изгледам цела епизода или па цел филм. Цело време наоѓам нешто поинтересно во меѓувреме и се префрлам на друга активност. Може во мене е проблемот, не може сите серии и филмови да не ги бива Затоа сум цело време со слушалки. Нема момент во кој не слушам музика јас Гледам и клипчиња на YouTube, под услов да не се многу долги, до кај 20мин максимум. Анксиозноста има тука замешано прсти, не можам да се смирам, да седнам и со внимание да изгледам нешто подолго.
И јас бев со години така, па затоа левото уво ми слуша со 30% капацитет. Оглушев и нема никогаш да ми се врати слухот и треба апаратче да носам. Затоа сеа слушалки носам само кога џогирам и шетам и тоа медицински од Лондон ми се купени со различни интензитети и ги чувам као очиве! Се потам и пијам апчиња и чаеви на природна база за смирување...
Прашање-Дали сте утринска(дневна ) птица или ноќна? Не си . Иста сум, имам хиперактивен мозок Моментално додека го пишувам ова имам пуштено серија на друг tab. и уште 10+. Ми помага да пуштам нешто што ќе ме заинтересира само тогаш сум сконцентрирана иначе нема шанси .
@1992g, и мене ме предупредуваат дека не е добро ова што го правам со слушалките, ама јас цело време си се залажувам дека е некаков мит. Но ете не било. Жал ми е што е така Јас дури и спијам со слушалки. @INNERBEAUTY, дневна птица во целост. Рано станувам, најдобро функционирам наутро и претпладне, сила ми дава дневната светлина и затоа во зима кога рано се стемнува не сум ни продуктивна ни па енергија имам за што било. Ме убива тоа што е ден само до кај 15 часот сега... И релативно рано легнувам. До 1 најкасно јас веќе спијам.