Луѓето се амбивертни. Опкружувањето е тоа што одредува во кој правец ќе се развијат. Повеќето нешта во вашите животи се производ на навики. За пример се земам себе, кога бев ученичка се изморував од луѓе и морав да наполнам батерии, што со времето кое измина, веќе не е случај. Сега преферирам друштво и движење и се чувствувам лошо ако нешто пропуштам, само од таа детска интровертност која околностите ја наметнаа, ми остана задлабочувањето во анализи, па наоѓам мани на места, луѓе и нивен начин на забава (не сум јас виновна што денешново време е кич) и поради многуте сознанија кои ги имам и изградено мислење на секоја тема, многу и пребирам и тешко е нешто да ми се погоди. Дали можам тоа да го променам? Можам, ама не сакам. Дали е пожелно да бидеш екстроверт? Секако, екстровертот повешто ги артикулира и манифестира своите желби и потреби, башка, колку повеќе се мешаш меѓу луѓе, толку повеќе врати можат да ти се отворат. Дали се интровертите попаметни? Генерално, да, затоа што се посветени на размислување, повеќето ограничени и невоспитани луѓе што ги знам се екстровертни, не познавам интроверт до толку глупав, ама да си паметен екстроверт е идеално. Но, интровертот може да стане екстроверт, а верувам и обратно, ништо од тоа не е на камен исклесано.
Јас спаѓам во оваа група. Интроверт сум и се пронајдов тука. Воопшто не сакам бучава, едвај трпам што живеам во бучно место, на прометна улица каде што само коли бучат и сега што прават една зграда во близина уште толку бучат тука, а што е најстрашното е на од страна кај нашата тераса и неможеш на мира да си пиеш кафе и да си седиш тука. Инаку, оваа тема е добра за да на некој начин се соберат тие што се тивки и несакаат некој да им труби над глава и екстровертите нека си бучат меѓусебе.. А тие пак екстровертите не те прифаќаат.. Епа добредојдовме сите во светот на интровертите. И јас баш заради тоа излегувам со една другарка која зборува што си сака и јас одам за да се дружам со неа. И јас ова го правам: Обожавам да се шетам во улици или сокачиња навечер кога нема ни глас ни трага од нешто, Слушам музика на слушалки за време на одмори нашколо и дома во соба дека така ми е подобро отколку да ме нервираат сите.
Само дојдов да го оставам ова па ќе се вратам покасно на дискусија. Мемињава мислам дека ми се омилена работа од мојата интровертност покрај me time секако и мораат да бидат дел од темава не ми е гајле
И јас спаѓам во оваа група. Ја сакам самотијата и да сум сама со себе, но не секогаш како што напишаа некои претходно. Сакам да сум во друштво на луѓе кои ги знам подолго време и со кои се чувствувам "сигурно", така да кажам. Кога сум со поголема група на луѓе и тоа дел непознати подобро ми е да откажам отколку да отидам бидејќи седам со тој/таа што го/ја знам и не се оддалечувам. И јас кога ќе излезам, после тоа ако ми е премногу земам пауза од една недела. Сегашната другарка исто е интроверт па си имаме "темпо" на искачање и немам проблем бидејќи ме разбира а не со екстровертот порано ќе морав да се објаснувам зошто не искачам и ги преправаше моите планови. Иако имам приметено дека немам проблем ако сум сама (ако ме остави другарката со која се познавам) на некои собиранки големи, немам проблем ако фокусот е ставен на други, а не на мене, само ќе ми биде криво што не останав дома и подобро не си го поминев времето, за разлика од другите што одма се бунат ако бидат сами и фокусот/вниманието не е кон нив. Отсекогаш сум сакала да излегувам на места каде што нема толку луѓе, најчесто во природа тишина, уживанции. Не ги сакам журките ни бучните кафичи, бидејќи неможам ко човек да разговарам а за играње и не сум баш.
Се пријавувам и јас во групава. Всушност не можам да кажам дека сум целосен интроверт, но не сум ни 50:50, далеку повеќе преовладува интровертноста. Сакам да поминувам квалитетно време сама со книга и кафе/чај или пак филм. Гужви и бучава не ми пречат во толку голема степен како што сте спомнале погоре. Да, јас не сакам да се дружам со голем број на луѓе кои прават голема бука и избегнувам дискотеки, но сепак сакам да излезам со неколку блиски пријатели па и во бучно место со многу луѓе наоколу. Понекогаш дури може да ми се јави желба и да излеземе во дискотека. Како и да е во 90% од случаите изборот паѓа на нешто помирно и поскромно. Од друга страна пак имам другарка екстроверт која ми одговара. Зборува многу и ми е забавна, а не ме напнува и јас да зборувам, полн погодок. Зборување - многу ме изморува. Молчалива сум, прво затоа што сум срамежлива но и да не бев ќе беше исто бидејќи ме нервираат површни муабети. Исто така не сакам да зборувам со таксист/сопатник во автобус/бабичка во болница итн. Имам колешка од факултет која упорно ме кани во кафани и дискотеки, сум прифатила неколку пати за да не ја навредам со постојано одбивање и сум и кажала дека тоа не е за мене, но не може да разбере. Дали на екстровертите им е чудно и тешко за разбирање тоа што некој едноставно сака да биде сам?
Колку сакам кога по убаво поминат ден, сама со себе си ги средувам впечатоците во главата. Доволно ми е да си направам кафе, да го испијам во тишина, со две-три цигари. Да седнам на терасата од која за среќа, имам прекрасен поглед, да уживам во глетката и во погледот на небото што полека се замрачува. Да земам парче хартија на кое ќе ги излеам чувствата без воздржување. Да уживам во долг туш. Потоа да ги ставам слушалките на уши, да ја пуштам омилената плејлиста и да се преселам на неколку часа во мојот сопствен свет, полн со многу мечти, полн со многу, премногу емоции. Вака ги полнам батериите секој ден, верувам ќе се препознаете
Хај интровертчиња Уживав додека ја читав темава и едвај чекав да пишам. Ако се навратам во детството, бев многу зборлесто девојче. Сакав и да се дружам, многу. Летата ги минував на улица, трчајќи, играјќи и дружејќи се со децата од околината на мојот дом. Имав и многу дружење со братучеди и братучедки, затоа што ги имам многу. Чести фамилијарни собиранки, бучава и луѓе колку сакаш. Но, ми годеше. Понатака почнав да се менувам кога сфатив дека луѓето всушност не слушаат толку многу колку што сакаат да раскажуваат. Може да се нарече и психолошка бариера, но верував дека никој навистина не го слуша тоа што имав да го кажам. За да го слушне нештото соговорникот потребно е да сака навистина да разбере, да го слушне со емоции, со потреба и жед да проникне во истото. Тука веќе почнав да се повлекувам. Си барав начини на кои ќе можам да ги искажам мислите без да се заробувам себеси во кругот на анализирањето дали истите се изедначени со шум од ветер во нечии уши. Не сакав да зборувам попусто. Научив да слушам. Она што јас сакав да го кажам го запишував во дневник. Читав книги, покажував интерес за индивидуални активности, одев на часови по гимнастика, часови за свирење инструменти, часови по пливање, учев текстови на песни и постојано ги вежбав гласните жици. Примарната цел на сите овие активности беше да си пронајдам начин за да го изразам сето она што го криев во себе, било тоа да беа емоции, сила, љубопитност, желба за откривање. Од денешен аспект, пресреќна сум што го правев сето тоа затоа што ми помогна да се изборам со срамежливоста (особено физичките активности). Интроверт сум, но точно знам кога треба да излезам од комфорната зона и да зборувам. Знам дека не смеам целосно да се повлекувам во себе, затоа што мислата е како океан. Неоткриените длабочини не секогаш ветуваат безбедност и возбуда. Сакам да се задлабочувам и да анализирам, но во мигот кога она свесно делче во мозокот ми зборува дека нешто почнува да ме влече кон тие вртлози, знам дека е време да кренам слушалка, закажам средба, да излезам и да се соочам со тоа што е надвор за да не ме нагризува внатре. Во глобала кажано: - Повеќе слушам, помалку зборувам; - Кога сум во друштво на некој што зборува уште помалку од мене, искрено ми е малку иритантно. Во тие случаеви повеќе јас зборувам; - Не сакам луѓе кои врескаат, зборуваат прегласно, се смеат прегласно или со некакво потпискување, луѓе кои и за најобичните активности прават бучава; - Не сакам ниту личности кои се арогантни, сакаат постојано да се во центар на внимание и прават се' само за да бидат личноста која ќе биде забележана од сите; - Секој ден ми е потребно време за себе, без тоа енергијата ми е на нула; - Не сакам 24/7 да сум во движење, но гледам барем две дружења неделно да ги имам. Било да е тоа на кафе, на свирка, во дискотека, во парк; - Многу сум awkward во оние small talks, но знам да се снајдам; - Знам да ги извадам најнезгодните тишини со некоја интересна тема, но знам и да се збркам и да имам некој „брилијантен“ момент во некоја сосема нормална ситуација. Ова е накратко кажано. Сигурно ќе се навратам пак на темава.
Ја знаете приказната за најголемиот екстроверт што постепено стана интроверт? Е па this is me Не знам дали годините играат улога али радо би одбрал да останам дома него некој да ме дави за разлика од порано кога искачавме турбо од среда до недела. Сеа ескивирам евенти освен оние што се must go.
Немам стекнато пријател најмалку деценија. Имам 4 пријатели кои ги знам речиси цел мој живот и дузина до две познаници. Причината е поради фактот дека сум интроверт. Сум имала топ односи со луѓе кои сум ги запознавала по разните работи кои ги имам работено и сме се дружеле одлично на работа, но дружењето никогаш не излегло надвор од работата. Сум преминувала на друго работно место и со тек на време, сум ги заборавала тие дружења и луѓе. Едноставно, немам желба и потреба од интимно дружење со други луѓе. Ме мрзи да поминувам низ тој процес и немам желба да споделувам лични работи. Но затоа кога сум со моите другарки гласот ми зарипнува. Као навистина, речиси секогаш од толку многу муабетење го губам гласот. Доказ плус дека обожавам да сум сама. Не мразам бучави како некои што напишале погоре, напротив. Сакам музика, сама кога сум 90% од времето ми иде музика у позадина. Понекогаш е чил, не секогаш правам галама, ама во принцип ако сум дома, не седам у тишина. Тишина сакам у парк. Не ми сметаат журки и концерти, но ми сметаат журки и концерти што не се по мој вкус. Затоа, ретко идам на журки и концерти. Треба да ми се допадне бендот или диџејот или евентот у целина. Обожавам да отидам у МКЦ на свирче или да седам у Woodstock на пивце дур диџеј врти плочи. Ама тоа го правам, once in a while. Ако има дешавка што ќе ми фати око. Порадо ќе излежавам на кауч со филм или ќе седам на клупа у парк, отколку исфорсирано да дремам на рендом журка со музика што не ми се свиѓа, само за да бидам опколена со луѓе. 2 работи највише се показател дека сум интроверт: првата, кога сум у "ново" друштво ретко зборувам, а кога зборувам зборовите ми се одбрани и гледам да завршам со зборењето побрзо и ми треба доста време да се опуштам околу нови луѓе, АМА кога ќе се опуштам и ако ми е личноста океј за дружење, тогаш почнувам дури и да праам будала од себе од зезање; втората, преферирам да бидам сама. Иако си го сакам дечко ми и обожавам да сум со него, и си ја сакам мајка ми и обожавам да сум со неа, и си ги сакам другарките и обожавам да сум со нив, сепак најмногу сакам да сум сама со себе. Обожавам наутро да се разбудам и да сум сама, на раат да си измедитирам, да си пуштам музиче, да осеќам дека нема ничие присуство. Обожавам да одам до паркче и да седам на клупа и да си читам книга. Обожавам да шетам у тек на булеварот од еден крај до друг за да се разгибам и да си слушам подкаст додека пешачам; обожавам да затемнам соба, да се пикнам под ќебе и да си глеам серија; обожавам да си одам по маркети и да си пазарам што сум си наумила, па да си зготвам една порција само за мене и да си ја јадам дур глеам клип на YouTube; итн, итн, итн. Иако си ги сакам тие пар луѓе у мојот живот и обожавам да се дружам со нив, многу голем дел од времето пре би да сум сама и да си терам мои занимации. Понекогаш дури дур се дружиме си помислувам како едвај чекам да се вратам дома за да праам некоја соло ствар. Или ако некој ми откаже план, скроз океј ми е, тоа значи ќе си праам нешо по дома. Убедена сум дека има нешто многу позитивно у тоа да си сам. Поготово по подолг период. Се запознаваш себе си во ектремности, што е преубаво чувство. Повеќе се цениш, повеќе се грижиш за себе. У принцип, кога си сам тоа си вистинскиот ти. Жал ми е за тие луѓе што не можат да поднесат да се сами.
За ова сум дефинитивно guilty, дефинитивно морам да се присоберам Ќе престанам со мемињава ветувам само сеуште не сум спремна Го ставив само колку да не бидам off topic ќе може ли некој да ми каже како да означувам членови во пост наместо да цитирам? Едит. @nightingale фала ти многу