И двете.Некогаш станувам во 6 наутро,а некогаш во 10 или 11,си легнувам или во 1 или во 3 по полноќ. И домашниве ми се такви.Комшииве вампири нè викаат,гарант.
Не сум сигурна. Да не одам на работа сигурно би била ноќна. 3ч по полноќ секогаш ме фаќа сон, а алармот ми е пуштен во 10:30 преку неделата. Викенди спијам обично многу и останувам до доцна. Затоа во недела вечер обавезно кај 2ч земам мелатонин за да заспијам докај 3. А пред 12ч немам заспиено па можеби од средно.. така да да речеме ноќна
Дали сте склони кон дебелеење т.е дали како интровертна особа што обожава да биде сама сте склони кон повеќе храна, грицкање, десерти итн ?? Јас апсолутно. Првин пред се сум гурманка! И секое зимо ставам 8-12 килограми плус.
Баш спротивно,пишував во темите за фитнес и храна имам проблем да се здебелам(не многу некои 3-4кг), зимово ми е тоа во план уз соодветни вежби за мускул тука малце сакам да се активирам отсекогаш сум го сфаќала телото здраво за готово пошто имам природна витка фигура и никогаш не сум вежбала.With that being said дали и ако да што вежбате? @nightingale спомена дека практикува јога
Склона сум на дебелеење и како луда пазам што јадам цело време. Многу труд вложувам за да ја одржам килажава, а баш па обожавам храна. Посебно јаглехидрати во секаква форма
Да, постојано си гнетам нешто. Понекогаш од досада, а при стрес, нервоза, веднаш посегнувам по благо и ако не најдам нешто благо дома како полудена сум. А чудна работа слаба сум многу и никако да се поправам! Ич не сум склона кон дебелеење, такви гени имам. Лани редовно вежбав во теретана и actually почнав да се поправам, да добивам малку облини, стигнав до моите долго посакувани 55 кг и кога престанав со вежбање почнав да се топам. И веќе не ми се ни оди, ја изгубив цела мотивација и желба, многу ми е поубаво кога седам во еден ќош дома и се легачам. Сега бев дијагностицирана со полицистични јајници и докторот беше малку зачуден зошто сум слаба покрај тој disease и беше ко сепак мора итно да почнеш повторно со вежбање и да ја одржуваш тежинава и се ќе биде во ред. Така да сакала неќела ќе морам да си го мрднам газот од удобното ќоше дома и да почнам пак со вежбање. Ама колку само не ми се живее во последно време.
Џогинг и пливање. Ама веќе месец дена немам отидено да пливам пошо не се загрева соодветно салата и базенот. Трчање исто така Јануари-Март is a NO NO NO ! Се е заледено можеш да паднеш да се испокршиш, плус ладно многу. Затоа мислам дека се дебелеам пошо намалам со актовностите. Имам лента за трчање и онака собира прашина а орбитрекот ми е најубава закачалка за алишта
@INNERBEAUTY Да ама тоа во домашни услови Идев порано во клуб, сега некако не ми одговараат термините. Инаку јога да наутро вежбам, ама тоа повеќе го правам заради проблеми со грбот, не за да се извежбам нешто многу. Инаку имам справа дома па со неа најчесто вежбам зимава.
Леле луѓе, некои може се запознаени со мојот проблем ама јас никако не можам да се здебелам цел живот. Јадам многу и јадам што сакам и кога сакам, не внимавам на исхрана и не вежбам. Мразам вежбање и каков било вид на физичка активност. Се соочувам често и со skinny shaming, сите си дозволуваат да ме нарекуваат костур, скачка, па дури и анорексична (толку знаат дека е тоа психичка болест ама ај), ме прашуваа како мала дали дома ми давале да јадам итн. Апетит си имам, немам проблем со тоа. Обожавам мрсна храна, млечни производи, сувомеснато Знаете дека сакам и да си готвам Рамна сум како даска, уште некоја година 30ка ќе начукам а ми се случува да купувам облека и од детски продавници зашто нема доволно xxxs за мене Утеха ми е што барем можам да уживам во храната Некои викаат дека сум била многу нервозна или дека од анксиозноста и постојаната вознемиреност се топам ама па нема баш логика тоа. Од друга страна слушате дека стресот придонесува кон дебелеење. Да не знае во што да верува човек. Веројатно си имам брз метаболизам и тоа е тоа. Секој со своите маки
Ама сте отвориле теми. Сега да одговорам: Гледам да не мислам многу на тоа, да се зафатам со нешто друго. Мачето мое има повеќе имиња, ама најинтересното ми е Туту. Не знам зошто, така ми доаѓа да му викам. Даа секогаш. Кога ме гледа некој што правам како под стрес сум, мислам како изгледам од страна и секогаш згрешавам. Нешто измеѓу. Не можам да се сместам ни во едната ни во другата категорија. Си легнувам кај 11ипол 12, а ако не сум на факс другиот ден спијам до 9,10. Така да, I have no idea. Дааа. Ако се опуштам со исхрана малку одма качувам килограми. Таков ми е метаболизмот. Од летото до сега 5 килограми имам вратено, многу бев под стрес и емоционално јадев многу нездрава храна. Ама се враќам во нормала полека, не можам да си дозволам повеќе да качувам. @prominent сакам да сум ти. Треба и да почнам со вежбање нормално. Дома имам орбитрек, досега многу ми помогнал во симнување килограми, па не вреди да стои како закачалка за алишта само. Еве прашање едно и од мене: Дали некогаш ви се лутеле другите бидејќи сте интроверти? Во смисла, ако нив им се излегувало секој ден на кафиња и секој викенд во ноќни клубови, а вие одбивате бидејќи не можите да сте секој ден покрај многу луѓе.
@Amellie13, и тоа колку пати. Се додека не научија дека едноставно сум си таква. Тие што ми се поблиски знаат дека ако ги одбијам, не е поради нив самите туку поради тоа што мене лично не ми се излегува и сакам едноставно да сум сама и да си ја одморам главата од меѓучовечки контакти. Знаат дека може да помине некое време дури да се видиме и сега не ми го земаат тоа за зло. А за тие што не ми се блиски т.е. што ми биле само за излегување/пиење, искрено не ми е гајле што мислат. Со такви и не контактирам веќе
И јас спаѓам во оваа група овде. Уште како мала сакав времето да го поминувам сама, буквално се правев сама цртав, си играв, гледав цртани филмови, се занимавав со некои сликовници. Порано исто така бев многу срамежлива и дури срам ми беше да кажам нешто ама сега во последните 2-3 години малку се поопуштив. Моите другарки се спротивно од мене и малку е тешко да ме разберат дека јас не сакам да излегувам по дискотеки. Тоа не е за мене не сакам многу гужва и буки. Подобро се осеќам кога сум дома и си уживам на мој начин . Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/ напнато? Па се обидувам да не мислам на тоа и си наоѓам нешто да правам. Кој ваш миленик има интересно или невообичаено име ? За жал немам домашно милениче, но најголема желба ми е куче да имам таа желба можам да си ја остварам само кога сама ќе живеам. Дали ви се случува кога завршувате одредена активност да ја правите брилијатно добро, а кога ја правите пред други луѓе изгледате ко никогаш да не сте ја правеле претходно ? До сега тоа ми се има многу пати случено и некако незгодно ми падне. Сега пред 2-3 дена го доживеав тоа. Дали сте утринска (дневна) птица или ноќна? Преку неделата си легнувам рано,а кога не одам никаде тогаш седам и до 5 часот сабајле. Дали сте склони кон дебелеење т.е дали како интровертна особа што обожава да биде сама сте склони кон повеќе храна, грицкање, десерти итн? Секако дека да. Порано одев на Фитнес ама после се откажав некако многу ми беше стресно заради работата и предавањата. Па мајка ми беше ми купила Crosstrainer, и 3-4 пати неделно вежбав на него. Оваа година во јули се зачленив повторно на фитнес до сега сум задоволна со постигнатите резултати. Одам од понеделник до петок.
Денес бев до Прилеп да се видам со другарот. По пат ме фати главата ама сакав да го слушам дечко ми како ми збора за бомби #relationshipgoals Сега седам дома и пробвам шо помалку луѓе да знат дека сум дома зошто си се топлам во ќебе. Која радост беше кога дојдов одма и не само шо беше топло, оган беше запален. Доста беше со клима. Децата ми имаат убави имиња: Адолф, Бетмен, Бенито, Гарфилд, Като, Никола и Бобан. Посинок ми е Слободан. Не сакам исчекувања. Пробвам да пренасочам мисли на нешто друго. Омилен дел од денот ми е утрото, ноќта не ми е проблем ама морам да ја жртвувам за утрото. Јас сум склона кон дебелеење. Не знам дали е то ради благото. Мислам, неќам целосно мојата свињатура да ја кривам на благото. Ама мислам дека е до благото, не е до мене. А можи сум опседната со демон кој уствари ме тера да јадам. Не сум јас крива. Жими се.
Да. Например пред малце. Мој бивши комшија и близок пријател кој што се ожени со моја најблиска пријателка летово, заедно со неа ми се јавија дека можеби ќе наминат. Јас бев кај моите на ручек баш, и пред саат време ми ѕвонат, ми текна мене бев забораила и не се јавив. Тој ми има вртено 4 пати таа 3 пати, дојдоа и до врата ѕвонеа, тропаа, викаа јас не изреагирав. Ме знае другаркава дека сум таква па ми пишеше порака : Знам дека си дома. Али океј! И ништо. Причината да не ве гњавам дополнително, у спојлер: Спојлер: ? Пишав у Сдк, дека знам дека другар ми ја вара многу долго и покрај тоа се земаа. Е сега, откако се земаа, јас не можам да се понашам исто ко претходно, а сакам да е се ко порано. Мразам што двата у тандем идат заедно и што да им зборам? Не сакам едноставно
Јас си наоѓам мир во поминувањето време сама, луѓе ме изморуваат. Целиот живот се мачев да сфатам што не е во ред со мене, за конечно да се помирам дека едноставно, ми треба самотија. Не цело време, ама без моето alone time во денот не можам да функционирам. Како помала, покрај тоа што бев интровертна бев и срамежлива, а меѓу другото и социјално анксиозна. Сега, луѓе би ме дефинирале понекогаш како тивка, ама тоа не е од срамежливост, едноставно имам денови кога ми е тешко да се социјализирам. Често ми се случува во денот да имам прееемногу комуникација со разни луѓе на работа, па кога ќе се вратам дома да сакам само да гледам во една точка и да не постојам. Со многу работа некако успеав да ја надминам социјалната анксиозност, иако понекогаш чувствувам како ми се враќа на моменти. Да одговорам на отворениве теми: Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/ напнато? Се трудам да се спремам најмногу што можам за тоа што ме чека. На пример ако е состанок, ќе направам план на работите што треба да ги кажам, ќе си спремам белешки, цртежи, табели... Посигурно се чувствувам кога знам дека нема што да ме изненади. Кој ваш миленик има интересно или невообичаено име ? Немам милениче, имам кактус на маса во канцеларија, се вика Светислав. Дали ви се случува кога завршувате одредена активност да ја правите брилијатно добро, а кога ја правите пред други луѓе изгледате ко никогаш да не сте ја правеле претходно ? Ова ко првото прашање, се спремам до степен да можам во сон да го направам тоа што треба. Дали сте утринска (дневна) птица или ноќна? Секаква птица сум, се будам во 6, си легнувам доцна. Дали сте склони кон дебелеење т.е дали како интровертна особа што обожава да биде сама сте склони кон повеќе храна, грицкање, десерти итн? Оооо да.
Сфаќала земала* @prominent мене ми се случувало од стрес да изгубам 10кг за неполн месец ,зависи кај кого како јас се топам Знам како ти е и колку знае да замара ова кога постојано ти викаат земи јади,слаба си а ти не знаеш како да си помогнеш баш поради ова иако у глобала сум си нормална тежина /неколку кг под нормала за моја висина.
@INNERBEAUTY, во ред е кога добиваш добронамерни совети. Не го оспорувам фактот дека треба да се здебелам (и тоа баш да се здебелам, зашто ми фалат некои 7-8 кг за да си дојдам до нормалната тежина што би била за мојата висина, гледано како бројка). Ама знаеш што ми пречи? Тоа што на слабите сите си земаат право да им коментираат, па дури погоре пишав и какви невкусни коментари/надимаци сум добивала. Почнувајќи од даска, па исушена, па скелет, па костур од кабинетот за анатомија, па и дијагноза анорексична ми поставувале Оди искоментирај така на некој/а со вишок килограми, веднаш се сфаќа како навреда. Јас колку и да имам ладнокрвна фасада на мене, чувствителна личност сум и знае да ме погоди и тоа како некој ваков коментар. (Ова ми беше само краток rant, не ми замерувајте)
И едното и другото треба да се сфати како навреда, и имаш скроз право да им кажиш дека ти сметаат такви коментари. Крај краева некој сака да е слаб/ дебел, некој не можи да ослаби или пак да се здебели. Треба многу, многу дур се опкружиме со луѓе кои нема да фрлаат вакви коментари.