@1992g Најверојатно нема да одам никаде, ќе си останам во ладното и загадено Скопје Но и онака не планирам да поминувам многу време на отворено, така што сеедно. Домче ќе си седам, ќе си спојам четири дена викенди ќе се одморам, ќе уживам во моите омилени активности Не знам дали сум ви спомнала, воопшто не сакам да патувам. Многу ме исцрпува самото планирање, пакување, патот, а и несигурноста кога сум на некое ново место, далеку од дома, само ми ја засилува анксиозноста.
За овие што се борите со анксиозност/панични напади,како започнавте, дали одреден настан/период имаше клучна улога или?
Нема поубаво место од дома. Прашање... Кој ви е омилен музички артист или повеќе,да речеме и бендови и/или диџеи? Мене ми се Еминем,Енрике,Џастин Тимберлејк,Сем Смит,Шакира,Ријана,Лејди Гага,Халси,Скајлар Греј,Џеј Ло,Џејмс Артур,Џон Њуман,Rag 'n' Bone Man,One Republic,The Script,Калвин Харис,Џонас Блу и Kygo.
Хмм... по хронолошки ред? Идеме вака- Пеачи: Селин Дион, Витни Хјустон, Фреди Меркјури, Тоше Проески, Никол Шерзингер, Тајра Турунен, Адел, Џеси Џеј, Сиа, Јосипа Лисац, Тереза Кесовија, Шерифович, Томашевич, Калиопи, Каролина. (Не ми текињаат више а ги има мноогу многу). Перформанс пеачи: Рики Мартин, Џеј Ло, Бијонсе, Бендови: Највиш, Џонас брадрс, Уан репаблик Диџеј- апсолутно никој!
Не сум била :/ А Тајра само ми текна инаку имам многу многу некомерцијализирани страшни пеачки што ги слушам ама веројатно повеќето не би ги знаеле луѓево па џабе наведување. Пример Mylene Farmer.
И јас ја слушам Јелена Т. од време на време.Убаво пее,а и пристојна и културна е. И Бијонсе,Џеси Џеј и Адел ги слушам понекогаш. И Тоше исто,ненадминлив,таков веќе не се раѓа.
Леле колку прашања ми се насобрале за одговарање...i better start typing right now!!! Се извинувам ако постот е премногу долг... Дали ви се има случено да ви се случи да се "исклучите" во ( не толку) стресни ситуации? Као, наеднаш е тишина, и ти не си меѓу луѓето и наеднаш се е океј и ништо не слушаш само гледаш фигури како мрдаат со усни и мафтаат со раце. Многу често знае да ми се случи ова, ако не секојдневно, тогаш секој втор ден. Со секој може да ми се случи истото и секаде. Ако темата на разговор не ме интересира, се исклучувам и само кимам со главата. Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/напнато (во позитивна смисла ама)? Не знам како се справувам со возбудата. Пробувам да се смирам, да се контролирам и да не мислам на тоа, ама залудно е. Јас сум од тие личности кои кога се во исчекување, не прават ништо друго освен што чекаат да се случи нештото. Дали ви се случува кога извршувате одредена активност да ја правите брилијатно добро, а кога ја правите пред други луѓе изгледате ко никогаш да не сте ја правеле претходно? Не. Конкретно еве ќе зборнам за презентации или полагање испит. Ако го спремам дома, сигурна сум во тоа и нема шанси да згрешам. Или дури и да згрешам, ќе знам како да се снајдам и да се извадам од таквата ситуација. Ама ако не сум се спремала, да, тогаш може да ми се случи такво нешто. Дали сте склони кон дебелеење т.е дали како интровертна особа што обожава да биде сама сте склони кон повеќе храна, грицкање, десерти итн ?? Да, да, да, да, да . Моментално сум многу здебелена и ми е страв да се качам на вагата. Секој ден почнувам диета ама ништо не ми успева. Се плашам дури и од периодот што следува. Гурман сум јбг. Ама нешто морам да превземам!!!!! Девојки/момци дали сте сингл? И дали интровертноста ви го отежнува пронаоѓањето партнер? Не сум сингл. И не би рекла дека интровертноста го отежнува пронаоѓањето партнер. Барем во мојот случај тоа немаше никакво влијание. Баш напротив си најдов уште еден интроверт . Ме интересира како вас ви влијае ладново и тмурно време? Одговорот на ова прашање е и така и така. Значи многу фактори треба да се поклопат за да денот ми биде сјебан (пмс, нервозни луѓе околу мене, врнежливо време, а јас еден куп обврски)... Тогаш сум издепримирана и ништо не сакам да правам, сакам само да легнам, да јадам, да спијам и да плачам. Од друга страна има и студени денови, снежни, го чувствуваш духот на новогодишните празници, луѓето околу тебе се среќни и насмеани, музика, мали слатки човечиња со капчиња и шалчиња си шеткаат по улиците, имаш сила и моќ се да постигнeш и постигнуваш, се надминуваш себе си и на тој начин уште повеќе се мотивираш.....Тогаш сум најсреќна и најзадоволна и немам што повеќе да барам од животот . Не знам дали сте паднале досега на овој муабет, од скоро ве читам. Како се справувате со стрес? Без разлика дали сте студенти, вработени или кој и да е изворот на стресот, што правите за да го надминете? За да го надминам стресот пред полагање и се јавувам на колешката и си плачиме заедно двете, споделуваме искуства, кој до каде е (читај до никаде) и така се тешам . Инаку знам дека нема да ми верувате, ама прва година пред да полагам прв пат испит, јас бев толку уплашена и испаничена што дури и на матичната моја и се јавив за да и се испожалам. Татко ми ме носеше на кафе пред испит, да ме смири човекот. Со колешка си плачевме и двете три саата по телефон, а после тоа и во живо продолживме . Било је то некад давно, сега како сум постара, сум поимуна. Во главно на испит одам спремна, ако не сум доволно научена не се појавувам. И така. Се случува понекогаш ако немам нешто на природна база, некое диазепамче да си се напијам, ама избегавам . Прашање за разонода -на скала од 1до 10,1-екстра екстроверт, 5- амбиверт,10- екстра-интроверт колку сте интровертни? 10, со одредени исклучоци (кога сум со најблиските, кога ќе се расположам со некоја чашка алкохол). Во контекст на тоа, што би одбрале вие кога морате помеѓу две места, +35 или -20 степени? -20 дефинитивно. Не можам да го поднесам жешкото. А и некако студеното време повеќе ми дозволува да поминувам време сама со себе, што мене како интроверт ми најважно. Периодов што следува ми е најдобар. Дали верувате во сродни души? Па мислам дека секој човек што е во врска, на некој начин верува во сродна душа. Што не значи дека тие што не се во врска не веруваат, туку едноставно сеуште не ја нашле истата. Верувам. Како се справувате со личностите кои позајмиле од вас пари/предмети и не ви ги враќаат? Кога станува збор за позајмување, мене ми е многу полесно јас да му позајмам на некој пари/предмети, отколку мене некој да ми позајми. Нема да спијам, додека не ги вратам. Кога ми се случува да ми позајмат нешто истото гледам да е вратено кај сопственикот во рекордно време. А мене кога ми дужат, ич не ми е згодно да си го побарам тоа што ми го дужат (пари/предмет). Заради тоа ретко кога позајмувам. Позајмувам само на оние кои знам дека сигурно ќе ми ги вратат работите и тоа во оригиналното издание, како што ги зеле. Кој ви е омилен музички артист или повеќе,да речеме и бендови и/или диџеи? Eric Clapton, Tracy Chapman, Janis Joplin, Frank Sinatra, David Glimоur, David Coverdale, Bryan Adams, Michael Buble, Celine Dion, Noora Noor, Diana Krall, Jimi Hendrix, Joe Cocker, Johnny Cash, Billy Joel, Pearl Jam, Whitesnake, Pink Floyd, Индекси, Плави оркестар, Галија, Бјело дугмe.........and so on.
Не се справувам, ќе знам за друг пат да не им позајмувам. Ич не сакам неодговорни и бесрамни луѓе во близина. Така еднаш требаше една од поранешните другарки да ми врати 350 денари, и ми ги врати дури по една цела година откако мајка ми 'и спомнала на нејзината мајка. Рече демек ги заборавила, а 'и имав речено дека ми должи. Ама не би одела out of my way за да ми ги вратат парите, ако не е некоја голема значителна сума но досега не се случило поголема сума да позајмам. Не сум многу плашлива, ако зборуваме за стравови од секојдневие многу се плашам само од ненадејни силни звуци. Дури имам и многу чудна фобија, од балони. Самата помисла дека може ненадејно да пукни ми ствара многу голем немир. За жал никој не ми го разбира овој страв и си мислат дека глумам. Артисти: Најомилена ми е Тејлор Свифт. Други кои ги обожавам се: Аврил Лавињ, Ед Ширан, Кети Пери, Лана Дел Реј, Брајан Адамс, Лејди Гага и сигурно уште некој имам испуштено. Бендови: Guns n Roses, Nickelback, ABBA, Backstreet Boys, Imagine Dragons, Nightwish, AC/DC. Ајде и една песна: Леле млад Аксл Роуз ми е симпатија. Какво маќе е еј, не го можам.
Дали верувате во сродни души? Пре би рекол во компатибилни. Сродни души, од тип на друга половина и бесконечна љубов на која сме предодредени од раѓање не верувам. Всушност ние сме само едни единки кои си наоѓаме други компатибилни единки во зависност од времето, просторот и настаните со кои сакаме да го поминеме остатокот од нашиот живот заедно. Да биле малку други околностите, или друго времето/просторот, веројатно ќе сме налетале на некои други "сродни" души. Дали сте плашливи и кој е вашиот најголем страв? Заболекар и Фотоапарат. Кој ви е омилен музички артист или повеќе,да речеме и бендови и/или диџеи? Треба до утре да пишувам. Овие се топ 5: Led Zeppelin, Pink Floyd, AC/DC, Linkin Park, Green Day. Жанрови и поджанрови: Хард Рок, Хеви Метал, Алтернативен Рок, Њу Вејв, 60ти, 70ти, 80ти, 90ти рок, модерен 2000ти рок, гранџ, панк рок, симфониски метал, мелодичен метал, инди рок, екс ју рок, македонски рок, пакистански рок..... Значи скоро се од рок, метал, панк освен дед и блек метал. Тоа е тоа.
Ме интересира како вас ви влијае ладново и тмурно време? Порано додека си бев во средно, не ми сметаше нешто многу. Но сега откако почнав на факултет многу ми смета. Јас се чудам како порано идев секој ден на школо, вежбав, се шетав и 7 часа да имав, а сега..... Прашање за разонода -на скала од 1 до 10,1-екстра екстроверт, 5- амбиверт,10- екстра-интроверт колку сте интровертни? 6 Во контекст на тоа, што би одбрале вие кога морате помеѓу две места, +35 или -20 степени? Тешко прашање бидејќи јас ја сакам средината. Но ако морам, нека биде +35. Од причина што ич не сакам кога имам триста слоја облека на мене и поради ладното се осеќам ограничено во извршување на активности. Дали верувате во сродни души? Хм. Според мене, едно битно нешто за врска е прилагодување, нормално проследено со добра комуникација. Што според тоа мислам дека и различни личности би функционирале океј, ако они го сакаат тоа. Како се справувате со личностите кои позајмиле од вас пари/предмети и не ви ги враќаат? Порано и позајмував на една другарка ситна сума на пари по 10че пример, што 'забораваше' да ги врати ама затоа она кога ќе позајми си ги сакаше парите назад. Еве еден пример што ми направи за да си ги извлече парите назад, а за кој јас не би се осудила да го направам. Требаше утредента да ја чекам да идеме заедно и ми рече "Ај купи ми за јадење додека чекаш и така од вчера требаше да ми вратиш пари". Кој ви е омилен музички артист или повеќе,да речеме и бендови и/или диџеи? Немам определен жанр кој го слушам. Еве неколку: Shawn Mendes, Ed Sheeran, Anastacia, Alvaro Soler, Camila Cabello, Daddy Yankee, Anna Mena, J Balvin, Kygo, Hardwell, Nicky Romero, Jonas Blue, Lena, Mark Forster, Kwabs, Linkin park, Marilyn Manson (чат пат), Iron Maiden.....а порано доста слушав пијано. Дали сте плашливи и кој е вашиот најголем страв? Сум плашлива. Симнување по стрмни места. И многу се нервирам истовремено. Да се качувам по стрмни места ај, ама да се симнувам......Еднаш така решија да се искачуваме по пострмна површина за да стигнеме побрзо. Почнавме да идеме а земјата беше многу мека што лесно се ронеше. На пола пат се мислеа дали да се вратиме ама кога се свртев позади......Таков голем страв осетив што реков ќе се искачам па што сака нека биде.
За овие што се борите со анксиозност/панични напади,како започнавте, дали одреден настан/период имаше клучна улога или? Од дете се борам со анксиозност/хипохондрија/панични напади. Мислам дека пишував за ова пред некој ден. Мислам дека хипохондријата ми беше предизвикана од инфекциите на грлото што ги добивав на училишна возраст, што е и нормално, кое дете ги немало... Но кај мене остави последица тоа. Сега и анксиозноста ми е главно сконцентрирана околу здравјето ама се грижам општо за се'. Вака кога ќе размислам, нема ден во кој сум била безгрижна, барем не се сеќавам во поблисково минато. Кој ви е омилен музички артист или повеќе,да речеме и бендови и/или диџеи? Немам и јас некој посебен жанр. Слушам се' и сешто, зависи како сум расположена. Не сакам рок музика и звуци од гитара не ми се омилени. Друго може да се каже дека слушам... И од секој жанр имам по некоја омилена песна, а немам посебно омилени изведувачи, диџеи па воопшто
@nightingale, никогаш не е доцна да смислиш добар изговор (пред да отидеш, нормално) Инаку, нели ви зборував дека не ги сакам празниците, епа не ги сакам од аспект на искачања и изнасилени собиранки и славење Од друга страна, ги сакам поради ваквата атмосфера Видете ја перницата Морам да најдам таква
Ете така да си ја украсиме малце темата божиќно Уште едно прашање за разонода , каде би сакале да живеете?
@INNERBEAUTY Во ова од третава слика на @1992g Кај ќе се наоѓа географски сеедно, секако од дома нема да излезам