Прекрасни се сликиве. Таков сакам да биде мојот иден дом, целиот украсен, топол, удобен, да не ја почувствувам зимата и да не ја доживеам како лоша и студена. Не сум верник, но празничнава идила ја обожавам. Чисто ради прекрасната топла атмосфера и сјаличките. Искрено, радо би живеела и тука во Македонијава, во мојот Аеродром, ако сѐ е како што треба, да не би имало загадување, гужва по улиците, по "I don't care about your life" народ, закони кои функционираат и сигурна иднина. Само овде би се чувствувала како дома, а секаде само како странец. By the way, can you relate to this one? Дали комуникациските вештини ви се подобри онлајн, кога чатувате (со не толку блиски/непознати луѓе) или пак и таму сте исто толку awkward како и во реалноста? Исто така дали имате уплав од телефонски разговори? Јас конкретно сум одлична во допишување, вистински екстроверт, што е сосема спротивно од реалноста, што можеби е поради тоа што можам да се размислам пред да одговорам и имам повеќе време како и тоа дека не го гледам соговорникот во очи. За тел. разговори, секогаш се препотувам пред да се јавам, макар и да треба пица да порачам! Дури можам и да кажам дека сум подобра во конверзација во живо отколку преку телефон.
Во некое модерно Швајцарско село под Алпите, доволно големо за да снабдиш се, а доволно мало за да нема гужви! Некое туристичко скијачко рајче со 3000-4000 жители, многу снег во зима и многу зеленило в останатите год.времиња. Од сликите шо ги постирав,како амбиент би одбрала најпрвата бидејќи НЕТФЛИКС
Не знам зошто ама преку телефон ич не ме бива. Цела се здткувам. А во живо не ми се воопшто лоши комуникациските способности. Само не ми се збори најчесто. А поприлично сум opinionated (не знам соодветен превод), па ако ми ја погодат темата и може и да се зазборувам
Најверојатно тука во Македонијава. Далеку е од совршена, сите знаеме, но на крајот она "дома си е дома" надвладеува над се' друго. Би патувала секаде низ светот, но на крај ќе посакам тука да се вратам. Таква сум приврзана за родниот крај/држава. Не велам дека во иднина не може нешто да се смени, но сега сум со вакво размислување. Мене доволно ми е да си имаме своја удобна куќа со либе, можеби и некоја викендица на планина како тие дрвените погоре на сликите. Сон ми се. Да заработуваме добро и нормално да си живееме со нашите кучиња, мачки и деца ако се одлучиме да имаме. Уф и тоа како. Онлајн сум највистинската верзија од себе. Нормално тогаш имаме повеќе време да смислиме како да вратиме на порака, нема awkward silence, нема невербални симболи и сл. Телефонски разговори ми се многу неудобни, преферирам да пишувам пораки. Еве и со либе откако сме заедно ни 5 минути вкупно немаме зборувано на телефон. Само чкрапаме на месинџер. Телефонски повик само ако е итно. Инаку и јас сум атеист што ја обожава новогодишнава и божиќна атмосфера. Не знам како, ама ете. Можеби затоа што воопшто не го поврзувам со религија сето ова. Ептен го обожавам периодов, секоја година сум најсреќна овој период. Уште од ноември да можам би украсила се' дома и би накитила елка, ама моиве не сакаат толку рано, па затоа едвај чекам да живеам во своја куќа и ќе ја направам да блеска одвнатре и однадвор. Ај и едно меме во кое многу се пронаоѓам:
И јас се пријавувам дека не би одела да живеам некаде посебно и дека тука ми е ок, како што кажа @nightingale, нема везе, и онака домче ќе си седам и таму. А тешко се приспособувам и на промени, не сакам да менувам средина, ми треба време да се навикнам, ако воопшто успеам. Така што јас останувам во Скопје Знаете веќе дека и јас сум атеист така што и за мене Божиќ нема врска со религијата. Едноставно ми се допаѓа топлата атмосфера, сон за секој интроверт. Тоа ме поттикна утрово да седнам и да си барам слики на оваа тематика, што се надевам ќе ви се допаднат. Enjoy
И јас мислам дека (сите негативности што ни се дешаваат во државава на страна) само дома си е дома и секаде би се чувствувала како странец. Да прошетам може. Само да е некое мирно место а за cozy атмосфера ќе се погрижам јас.
@theowndemon , фала ти за тоа што ме наведе за најинтроверта форумџика Мада, шала настрана, @prominent не шиша сите А, и да ти одговорам на прашањето Спојлер: Speak
Уште еден работен ден остана. Кој ќе шета викендов, убаво да си помине @1992g Апни еден качамак со клиси за мене во Манастир Јас ќе идам кај моите, ама веројатно ќе се вратам во недела, имам некои обврски во Скопје во понеделник. Некако се радувам на викендов, ми треба одмор. Прашање на денот, инспирирано од @theowndemon што си кажа дека е љубопитна хаха, колку сте вие радознали? Јас искрено сум Не сум човек што ќе се обидува да дознае нешто од некого, ама ако е нешто речено недоречено многу ме јаде што е
@1992g, па не знам, мислам дека и ти си тука некаде од постовите што ги читам. Ама почестена сум од титулата А да, и најубав помин ти посакувам, рече дека ќе патуваш викендов Чекаме некоја сликичка Убав помин и на сите што ќе шетате/патувате. Јас ќе си поуживам домче како што е редот
Малку сум љубопитна.Гледам да не претерам оти љубопитноста ја убила мачката. Кога бев мала многу ми се развикуваа,па се научив на она „не гледај и не слушај сè,па и не прашувај многу“,а потоа и нејќев веќе да ме прашуваат за некои нешта.
Оф, колку посакувам вака да си го средам станчево, ама кучево..... Фала ви на сите за честитките обавезно сликчиња ќе добиете. А качамак утре ќе ручам најверојатно. Бај д веј Берово е смрзнувачки! Веќе сум тука.....
@1992g, леле можам да замислам. Но верувам дека иако е студено сепак воздухот е попријатен отколку во Скопје. Не само што овде не се дише туку и студот е баш онака, одвратен Беровско сирење не заборавај Јас како што имам мерак за добро сирење, тоа би ми било рај
Не е попријатен, овде всушност се дише, овде нема мирис на горена гума, мене веднаш ме стегна грло и ми е страв утре мртва болна да не легнам бидејќи кога ќе ме фати грло свет ми се руши Спојлер: Fun fact Не знам дали сте знаеле ама околу Берово и преку поминуваат воздушни струи, кои ги има само на 5 места во Европа. Тие струи се вкрстуваат баш кај езерото кај Аурора комплексот и таму тој регион се нарекува воздушна бања....
@1992g, ајде сега немој да бидеш хипохондрик, нема да се разболиш и супер ќе си поминеш Мене грлото отсекогаш ми било слаба точка. И секое пецкање/гребење одма ме тера да помислам дека ќе се разболам Така што знам како ти е, ама пробај овие неколку дена да се опуштиш. На прашањето колку сум љубопитна, не можам да дадам конкретен одговор. За нешта што ми се важни и што ме интересираат знам да бидам многу љубопитна па дури и нетрпелива да дознаам. Изненадувања не сакам и подобро ми е да дознаам порано отколку да мислам што кријат од мене Ама за работи што не ми се битни... буквално ништо не може да ме заинтересира.
@1992g фала за видеото! Баш ќе отворам да видам. Немам јас успех со учење "здраво" на кучево мое. А сакам да го учам како bonding да имаме. Не знај да касни наградата, и то му ја кршам оти му е голема, од рака не знај да ми ја земи. Утре ќе гледам туторијали на јутуб. :') @nightingale мојата љубопитност е многу голема. А за то колку сум љубопитна во исто време многу тајни и чувам и зато многу чашитки се осеќат комотно да ми кажат се шо разбрале. Ем тие кажале им олесна, ем јас знам се и ми е рает на душата.
Хаха дупла добрина, и за тебе и за нив Леле чашитки! Од кога го неам чуено зборов, носталгија ме фати. Сега негде низ темиве го прочитав и бериќатврсан. Што ни се убави дијалективе