Дечки, кога стана темава чет? Што се случи? Не беше за тоа отворена, не верувма дека беше и намерата да се дискутира за новогодишни честитки, хороскопски знаци и други работи. @prominent имаш цела тема за анксиозност за која е соодветен твојот пост, не е за тука. Ќе ве замолам да се задржите на темата, а тоа се интроверти, мемиња, работи поврзани со интровертност, а не да станува друга чет тема, тоа нема да биде дозволено во никој случај и ќе биде заклучена темата. За таквите муабети се феминското ќоше, има и чет и доволно е. Се надевам ќе се разбереме.
А вие модераторите чекавте на некој трн во око да му стане темата, па да се чудите што се случи? Што не нѐ опоменавте порано? Со недели разменуваме искуства вака. Не се бунам, ок е да нема оф топици, ама смешно е што чекате некому да му засмета, па да реагирате.
Да ти кажам најискрено ја немав отворено темава. Веднаш ќе реагирав да приметев уште од почетокот и се извинувам за тоа, моја грешка е.
Темава навистина имаше супер замисла и баш затоа ја читав на почеток. После толку многу нешта се измешаа што воедно немаат врска со психологија, што веќе престанав да ја отворам и следам. Дај бидете реални дечки, целосно се избега од темата со муабетите од последниве 20-тина страници. Никој нема ништо ниту против Проминент, ниту против темата, но ѝ се изгуби насоката навистина. И Реин не е виновна што сега предупредува, затоа што секако не може да ги следи сите теми на форумов.
Очигледно,немаш поим што е интроверт. Интровертите не сакаат премногу комуникација во живо и полесно им е да комуницираат онлајн или преку пораки и честитки,да и честитки јер таков е периодов,празничен. И верувала или не,постојат мислења дека некои хороскопски знаци се интровертни,а некои екстровертни,па и тоа може да се дискутира во темава.
Точно, се оддалечивме од темата. Но и јас, додека не го видов опоменувањето денес, како да не бев свесна за тоа. Сепак, мислам дека дискусиите/прашањата беа поврзани (барем повеќето) со карактерот, стравовите, очекувањата, животниот стил на интровертите. Затоа не сметав дека е оф-топик. Имав добра намера. Како и да е, ќе внимавам и јас отсега.
И што си правите интровертчиња,како ви мине продолжениов викенд со што се занимавате додека сите се социјализираат,како интровертниот живот, нешто ново? #lifeofanintrovert
И јас стандард, само што не пред телевизор туку пред компјутер. Завршувам некои работи што ми останаа од изминатава работна недела, се снабдив со доволно храна, кафе, грицки, цигари, за да не морам до утре да излегувам пак по студов. А да, плус и украсував нешто низ дома, морам да се пофалам дека атмосферата е прекрасна. #lifeofanextremeintrovert Ако треба сликовито да прикажам како ми минува целиов продолжен викенд, тоа би било вака нешто: (само што немам Епл, и обично на биро седам, од време на време се префрлам на кревет)