Што само седиш пред лаптоп и десктоп компјутер,излези со некого,види се убаво,реално,ми велат. Не е дека ги сакам оние 4 ѕида.Напротив,ме гушат. Ама,реалноста е сурова и колку повеќе часови си меѓу луѓе кои и можеби не ти мислат добро,тонеш. Се губиш себеси во бескрајни длабочини. Не е лесно да се верува некому.
https://www.odditycentral.com/news/...ears-so-she-wouldnt-have-to-greet-people.html pozz интровертчиња
@nextredstyle И јас слушам вакви коментари. Но напротив, мене ми е убаво во моите четири ѕида. Не ме гушат. Сакам да сум дома. Сакам да сум со луѓе што ме прават среќна и веќе одамна престанав да давам отчет. Јас имам друг проблем, јавниот превод што морам да го користам секој ден. Мене, како на екстремен интроверт, јавниот превоз ми претставува голема тешкотија. Оние што го користат, знаат колку хаотично, загушливо и тесно може да биде. Галама, секакви луѓе и ликови, многу, многу гужва, повеќе од што јас можам да издржам. Но, не возам и сега за сега ми е неопходно да го користам. Кога можам да си дозволам такси го правам тоа, инаку нема излез. Вие како се справувате со ова?
И мене јавниот превоз премногу ми смета сета таа галама уф па затоа не го користам воопшто сегде идам пешки или понекогаш со такси искрено не ни памтам од кога немам влезено во јавен превоз
@Disconnected_, и јас преферирам пешки ако веќе не можам со такси, но ако е далеку за пешки е проблем. Плус сега е веќе ладно за подолго пешачење, а и воздухот во главниот град не е погоден баш за човек да се рекреира со пешачење. Полека развивам некои стратегии. Отприлика знам кога е најголемата гужва, па гледам да ја избегнам со тоа што ќе излезам порано. Обично одам на горниот кат, каде што сите седат и нема можност за буткање Си гледам низ прозор и мислам на убави работи. Од денес почнав да си носам и слушалки иако немам навика да излегувам со слушалки, некако опасно ми изгледа да не слушам што се случува околу мене. Или па ако знам дека ништо од ова нема да функционира, ден-два си штедам пари за такси. Подобро така отколку целиот тој стрес да го трпам...
I'm back ma intorvert bitchesss( и Били,овај Блажо ) Jaс да можам цел живот би го поминала во 4 sида, иако од друга страна имам и авантуристички дух за истражувања на нови терени и патувања ветувам Буквално if these walls could talk ... Ама мора бар за мене зборам одвреме навреме да си дадам пуш самата себеси зошто има и надвор од тие 4 sида живот вреден за живеење и луѓе вредни за запознавање (ваљда )
Не знам дали е баш за во темава, ама се пронајдов. Да сум сама кога сум вознемирена/ под стрес и да си лежам дур не ми помине. Каков разговор, какви луѓе, какви бакрачи.
Темава е мемиња ептен се пронаоѓам... Ама, мене ептен ми беа интересни прашањата. Луѓе, како се справувате пред големи настани? Да зборувате пред толпа луѓе? -Мене ме фаќа трема не знам да си дојдам при себе. Мислам, не ептен драматично, ама ме фаќа една мини паника и си правам милиони филмови. Порака до модератор: мислам дека прашањата се во склоп со темава пошто имавме предупредувања дека одиме ептен офф @cresa-jagoda
Во ред е, нема проблем Како интроверт да одговорам на прашањата Колку по детално ми е испланирано сè, толку и помала трема имам. Важно според мене е однапред да си го имаме научено и извежбано говорот, што планираме да го збориме пред другите. Така сум посамоуверена и поопуштена. Но, за жал секогаш имам трема, некогаш помалку, некогаш повеќе. Ама никогаш не сум без ич трема Секогаш бирам писмено да искомуницирам со некого, отколку усно.
Луѓе, како се справувате пред големи настани? Да зборувате пред толпа луѓе? Зависи, пред се', од тоа колку добро сум се подготвила. На пример, кога знам дека е важен настан (може и да не е објективно толку важен, повеќе за мене) тогаш се подготвувам и со недели пред тоа и веќе го главата го имам поминато сето тоа (преку визуализација). Знам отприлика како и по кој ред треба да кажам, си правам повеќе сценарија и планови за секое од нив, ако не успее првото, тогаш второто, ако не-третото Од овој аспект, планирањето ми помага премногу. Колку подобро сум испланирала, толку сум посамоуверена и настанот е поуспешен за мене. Не сум јас за фристајл
Луѓе, како се справувате пред големи настани? Да зборувате пред толпа луѓе? Баш вчера пишав во ФМЌ дека имам огромна трема пред секаков вид на претставување и тоа не мора да биде голема маса на луѓе. За жал, сеуште не сум нашла решение за овој мој проблем. Ете за мене не важи оваа колку подобро подготвено и детално научено толку подобро. Дома можам да се подготвам прекрасно, да знам во секоја ситуација и секој момент што и како да кажам, но никогаш не ми успева и пред луѓе.
Ау,никако. Цела се тресам и паничам.Порано многу ми се смееја кога зборував и тоа многу ми влијаеше. Понекогаш пијам апче или ги галам мачињата за да се смирам,а ова второво ми е подобра терапија. Кога спремам презентација за на факултет,се затворам во соба,типично интровертски. Ама,кога се соочувам со неправди,тајната екстровертка излегува на површина. Гледам да добијам поддршка и се бунтувам. Пишав поназад во темава дека се сметам себеси за амбиверт повеќе оти во разни ситуации различно постапувам.