До толку сум интровертна што кога ќе ме застане некој и ќе ме праша -,,Еј како си што има ново?" ,ќе му/и одговорам со -,,Ништо нарочито" и ќе зјапам у очи чудејќи се зошто ме гледа чудно, не текнувајќи ми дека и ја треба да прашам како е што има ново а не да уживам у таа awkward silence. P.s а мене воопшто не ме интересира како е
И јас ќе го додадам готвењето како една од моите омилени активности. Јас имам проблем да јадам пред други луѓе, а особено ми е глупаво кога луѓето многу зборуваат во текот на заедничкиот оброк. Се нервирам што од јадењето се создава еден вид на социјален ритуал, што јадењето се поврзува со собиранки, големи софри и кафани. Преферирам да јадам сама, и мислам дека и ова е дел од карактеристиките на интровертите, поправете ме ако грешам.
И јас сум интроверт. Сакам да си кажам дека е многу потешко кога си мајка. Кога едно мало човече е постојано врз тебе, сака цело време да те допира, гушка, бакнува... И уживам во сите моменти, но некогаш е премногу. Премногу врева, премногу допири, премногу, премногу... Затоа си го ценам времето кога ќе заспие, не сакам луѓе, не сакам да излегувам во гужви, страшно ме исцрпува седење со повеќе луѓе, работа ми е да зборам, да глумам заинтересираност. Можам со недели да не се дружам и немам потреба. Доволен е маж ми за оддишка. Со пријателки (се бројат на една рака) комуникацијата е најчесто со пораки. Кога можам и сакам пишувам, без притисок. Летото цело време пак надвор, за неа ми е супер што се истрчува. Јас некогаш сакам муабет, некогаш не, ама се мора. Затоа гледам да имам во текот на денот малку време само за себе, мир и тишина. Полесно е ми се чини да си екстроверт, да сакаш луѓе и комуникација. А не само да си во постојана борба со себе. Да се преиспитуваш дали нешто не е во ред со тебе ако ти треба одмор од дете и од допири. Или да се обвинуваш дека ти олеснило кога заспало.
Поише уживав во интровертноста порано. Сега некако ептен се форсира на интернет. Кул е да си интровертен нешо а у. Вратете ме назад, ова стана too mainstream.
@RainBow Баш ова ќе го прашав како мајчинството ви влијаело на интровертноста,дали сте посамоуверени во врска со претходно,но вероватно тоа носи со себе свои проблематики,.Jaс тек кога си се прифатив како ваква иронично станав поекстровертна сега знам и да започнам/држам разговор ,small talks ми се поподносливи баш поради тоа што сум посигурна во себе,знам која сум и што сум и не се ни трудам како порано да си стварам притисок да бидам по екстровертна (не сум мајка сеуште ) @Matotheja Ова се дешава да но I'll take it баш поради позитивните придобивки од причина што порано интровертите немале можност на пример како ние сега на интернет да изгуглаш/на форум да продискутираш/споделиш искуство итн. Јас кога ова не ми беше на дофат си велев сама на себе од милиони/билиони нема шанси да сум само јас ваква ,кога оно вистина. Тоа и ми помогна да се запознаам подобро /проучам и прифатам како таква останатото веќе го напишав погоре. @1992g Ова, буквално ова . Како мала мислам дека мислев дека луѓето комуницираат на ниво на телепатија и само затоа што сум го помислила подразбира и да сум го и кажала кад оно ништа @prominent Не си единствена, еве гушка од мене и јас бев исто малтретирана како дете ,што ми остави последици и подоцна затоа што бев баш чувствително дете и toa долго Но, фала им за тоа да не беше тоа немаше денес да бидам девојка/жена (којзнае што сум на некој пролаз сум измеѓу ) каква сум денес самоуверена со став што is doing her own thing and doesn't give a damn кој што ќе каже / мисли . Уживај во кафица сама и треба само намали тоа цигарите и немој тука не знаеме која возраст не има да учиш деца вака
@INNERBEAUTY, дефинитивно остава трага. Колку и да се правам силна и сама да се лажам дека не ми влијае(ше) никако. Особено во тие чувствителни, тешки години. Група на ученици од "популарните" што знаеја како да ми го направат пекол целиот ден. Најлоши беа одморите, на час се чувствував посигурно. Многу учев, имав искрен интерес за некои од предметите и знаев баш да си се задлабочам во работата, а тоа на нив им беше чудно нели, не е cool да се учи, да се следи часот, шемата беше да се бега и да се дреме на кафе. Јас не ја следев шемата и затоа им бев мета. Како и многу нешта, и ова ме направи посилна. Не ми е непријатно ако не сум дел од толпата, гледам мене да ми биде убаво, на крајот на денот секој гледа за своето добро
Мене долго време ме малтретираа и ми се смееја во основно и средно затоа што бев мирна и повлечена. Ми велеа дека нема ништо да биде од мене.Пред неколку месеци видов дека дел од тие не запишале факултет.А,мене ми велеа дека толку сум глупава што ни средно нема да завршам,а јас си завршив средно и студирам на факултет и имам убави оцени. Почнав повеќе да верувам во моите способности.И подобро се чувствувам. Кога си опкружен/а со токсични или себични луѓе,поарно е да си интроверт.
Често се случува кога ќе сум негде нова, дали на работно место или друга некоја голема тренинг група, на некои им оставам впечаток на мирната или тивката. Едноставно не сакам да се надвикувам, да правам празни муабети и да сум центар на внимание. Подобро функционирам во помала група со луѓе кои сме на иста фрекфенција, тогаш повремено знае да се јави екстровертот во мене. Понекогаш дури и од старт во таква група сум поекстровертна,
После денешниов напорен ден поминат во гужви дојдов до одллука дека имам и преку потреба од вакво нешто . Доколку има заинтересирани испраќам по брза пошта го добивате за 2-3 работни денови цена во пп за екстра интроверти има попуст
@INNERBEAUTY, цена во инбокс може? Интроверти, какви ви се плановите за викендов? И општо, какви ви се замислите за убава петочна или саботна вечер? Јас на пример, нема потреба да спомнувам дека одамна не одам по дискотеки или на слични многу бучни места. И кога бев средношколка и студентка беше слично, одев само ако морав (роденден на блиска личност/прослава за нешто). Сакам некогаш да излезам на кафе/пијалак/вечера во ресторан, со друштво што ми годи, не се кого било. Или па домашна атмосфера, секогаш е добар избор. Пак добра храна, може вино, музика, книга. Замислата за убава вечер ми е далеку од преполна дискотека
Викендов другарка ми нема да е в град, така да јас ќе го шетам песот. Тој другар ќе ме е. Ем надвор гла да не ме боли од цело време на лаптоп, ем со другарчето.
Јас пишав во СДК. За мене нема поубаво уживање од она полулегната на кревет,пред телевизор,мачорот во скут,и чоколадо и капучино до мене. За време на викенд мозокот ми е на пасење.
И мене викендов ми е за со себе. Периодов ми беше исполнет со многу луѓе, убаво ми беше, ама затоа викендов оддишка со маска на коса, маска на лице, испружени нозе, нешто готвење и серија. P.S. Како пишувам се возбудив мислиш кој знае што ќе правам
Иам повеќе совршени петочни/саботни замисли за добро поминување. 1. Јас, дечко ми, вино, кауч и филм. 2. Сама јас, jazz bossa nova музиче, лаванда масло у ламба, чај од маточина и книга. 3. Сама јас, 2 ладни 0.5 Скопско Smooth и мојот тим на source или global. 4. Сама јас, микрополарно ќебенце, кауч и binge-watch-ување тазе пуштена сезона од Нетфликс серија. 5. Јас, двете другарки, кафе у чил место (као Котур, на пример), чил музиче и уште почил муабети. 6. Јас, дечко ми, парк, 2 ладни 0.5 Скопско Smooth, ќесе печени индиски ореви. Повремени исклучоци: 6. Јас, дечко ми, отварање на изложба. 7. Јас, дечко ми, другарките, свирка (као Pluto's Doubts, на пример).
Пишав како ќе ми помини викендот, ама не пишав совршени викенди: Јас и дечко ми, кај него си бинџаме бебе- серијата која си ја имаме во тој даден момент (моментално: Brooklyn Nine- Nine) Јас и дечко ми, играме заедно Лол Јас и другарка ми, си прајме нокти и ставаме маски за лице и паралелно гледаме бебе- серијата која ја имаме во даден момент (моментално: The Big Bang Theory) Јас и Нетфликс Јас, дечко ми и уште еден- двајца другари/ки во некој бар на мала дискусија уз пиво и мезе Кино, безразлика со кој, дали со некој или сама, кино важно Јас, во кујна пробвам нов рецепт, па викам другарка, дечко, и уште некој другар на проба или седнуваме во парк да јадиме уз пијачка