Остај сесре говорот ни е ограничен тука оти темава сметала на некои. Боље искажувај си се во феминско младинско ќоше сите од овде таму отидоа, и темава полека умира.
Не мислам дека хороскопскиот знак влијае, ниту пак кругот на пријатели. Ние сами си го бираме клубот на пријатели, нели? Мислам дека може да зависи тоа донекаде колку активности ќе правиш по тоа какви ти се пријателите и колку ќе успеат да те извадат од дома, но на крај се е до сопствена волја. Ако ти сама најчесто ја минеш саботната вечер на некое мирно место наместо во клуб, тогаш си интроверт. Доколку ја минеш саботната вечер дома, само и само затоа што немаш друштво да отидеш некаде, тогаш тоа не е поврзано со интровертност, туку со социјални проблеми и веројатно блага депресија.
@Superlejdi27, за хороскопскиот знак тврдам дека не значи ништо, зашто познавам интроверти од буквално секој знак, па и подзнак Второто, кругот на пријатели, исто така мислам дека нема некое големо значење. Како средношколка, мислев дека интровертноста е нешто непожелно и се обидував да се здружам со што е можно повеќе луѓе и да излегувам, и јас да бидам од оние, популарните, што бегаа од часови и висеа по кафиња зашто тоа беше кул. Тоа беше само глума. Јас сакав повеќе да се дружам со учебниците и книгите општо отколку се врсниците... Сакав да поминувам повеќе време во својата соба отколку во дискотека. Како што созревав, сфатив дека јас сум си типичен интроверт и дека комуникација со многу луѓе ме исцрпува. Тоа е карактер. Не можеш да го смениш, можеш само да глумиш, што не е добро. Прави го тоа што го сакаш и што те прави да се чувствуваш добро. Има многу предности во тоа да е човек интроверт. Веројатно знаеш и сама
@Billy Idol Можно е и оние што имаат со кого а да не сакаат да се во блага депресија. Депресијата си е прича за себе значи укратко интровертите си се (углавно) родени такви и уживаат во соло активности, социјалната анксиозност се стекнува накнадно после одредени случки додека оние кои се во депресија не уживаат во ништо и на неа исто можат да влијаат одредени случки во живот. @Superlejdi27 ти си знаеш што од ова најдобро те опишува.
Игнорирам тие кои не ми се по ќеф. Станав „мајстор“ за ова. Зато во последно научив да си врвам убо и во друштво, игнорирајќи секој кој ми пречи. А за хороскопски знак и интровертност ... не мислам дека има врска зошто мојот е „екстровертен“ знак. На дечко ми, како шо баш сега брзо проверив е „интровертен“ знак, а дефинитивно јас сум интроверот, а тој е екстровертот. За пријателите, не дозволвајте луѓето да ве дефинириаат, барајте си луѓе кои ви се по ќеф. Можи на крај да не уживате во одредени активности и да се затворате само зошто не сте среќни со околината која ве опкружува. Како човек кој си најде неколку блиски индивидуи кои ми одговараат, за нив сум поинаква.
Не мора да значи ако сабота вечер не си излезен дека си социјално фобичен или не знам шо. Примери сум настината, кашлам и еве 2 недели не сум излезена, со антибиотик и чај, лимони
@theowndemon @Blue.Sky @Anabelle.Amorette @Amellie13 @sweet-cherry @Billy Idol @MagsDestiny @Ambitious @nextredstyle
Кучето ми е екстроверт, не можиме на иста страна да сме. Мачките додуша мислам дека се пресреќни со ситуацијава. Сфатив дека не ми е животот сменат пандемски, пошто утрово пишев писма на Slowly и ме прашуваа шо прам сега во слободно време, ради препораките дома да сме. И сфатив дека промената ми е шо песот го шетам апла во близина колку да се истрча и понекогаш одам на планина ама секогаш понекогаш одев на планина. Се друго исто мајке му, досаден изгледа ми е животот.
“Introverts are actually a lot like Clark Kent–mild and unassuming much of the time, but able to swoop in and turn on our Supercharm when we choose.”