@bicycle Се извинувам тогаш Сепак, добро е што ја откри темава, подобро подоцна отколку никогаш Јас воопшто не сум зборлеста. Дури ми се случува и со блиски личности кога седам, да се изгубам во сопствените мисли, да одлетам некаде и после ме прашуваат дали е се' во ред. Кога излегувам, излегувам со една или две другарки, или со либе. Иако, да бидам искрена, секогаш претпочитам домашна атмосфера На журки не одам од средношколските денови.
Во ред е, тука сите сме исти или слични баш поради тоа што поминуваме низ тие фази на затвореност. Минимум со 5 души се препознав овде. Јас ќе зборувам на стартот, па ќе се повлечам и ќе барам начин да заминам, ќе гледам во телефон, ќе лажам дека ме барале, сум се срамела и да прашам нешто во продавница или пазар. На журка имам само на една одено, започната во 20 часот, дома си заминав во 21.
Јас прв пат ја гледам темава. Или не сум обрнала внимание на насловот досега. Ви се приклучувам и јас.
@bicycle, јас имав периоди во тинејџерските денови кога бев party animal Со денови не се прибирав дома. Дури и не ми се верува, ми изгледа толку далечно и нереално од денешна перспектива. Во детството бев повлечена и често знаев да си се заиграм сама, сама научив да читам и да пишувам, со часови цртав додека другите играа на улица, но знаев и да им се придружам. Последниве години сум екстремен интроверт. Прашање за дискусија: Сметате ли дека човек се раѓа интроверт или екстроверт или може да се промени во текот на животот? @IM.TMKQ добредојде
Според мене може да менува, зависно ситуациите кои ќе ја затекнат личноста во текот на животот. Патем,
Да пишам и јас нешто. Јас во тинејџерските денови упорно се обидував да се вклопам со сите, да правам како што сите прават и да не сум своја. Дури и се обвинував себе си, како можат другите, зошто да не можам и јас. Ама не сфаќав дека едноставно сите сме различни. Мислев дека тинејџер значи журки, излегувања, големи друштва, вклопување во секое друштво. Единствената вистина е дека сите не уживаме секој викенд да сме излезени, дека не ни треба внимание од секој, дека и без големо друштво се живее, дека сосем е нормално да бидеш таков каков што си. И се тоа е океј. Уште ми е тешко целосно да сум своја со луѓе. Со ептен малку луѓе сум таква, другите како да знаат некоја половична моја верзија. Ми треба време и вистинска конекција за да можам да се ослободам целосно. И не ми смета сега тоа, воопшто не ми смета. Научив дека секој треба да е таков каков што е, секогаш ќе се најде некој со кој ќе се поклопат енергиите. Најважно е да уживаме прво со самите себе и да не се изменуваме само за да се вклопиме со останатите.
@prominent тоа веројатно се менува со текот на годините. Моите дома се баш спротивна слика на мене. Мајка ми ќе се распрашува, ќе се интересира, ќе се кара ако треба доколку е во право. Ист случај се и брат ми и татко ми. Баш видов сега дека си го поставила прашањето. Се случувало да се срамам да вратам расипан производ или нешто скршено од продавница кое го имам приметено подоцна и ќе стои така. Ако некој ме нападне, ќе си ќутам и нема да се одбранам, ќе молчам и нема да се убедувам, тоа порано. Тоа барем малку го променив во последните неколку години. Родена сум интроверт, мислам дека и така ќе останам. Не се срамам од тоа што сум ама на моменти ми пречи затоа што не можам да се истакнам за нешто од кое зависи моја иднина. Знам да се снајдам во голем круг на луѓе, сум успевала, ама од некои причини ете на крајот ќе се повлечам. Кога ќе сум излезела со друштво во дискотека чисто на пијачка, некој ќе флертувал со мене, јас од срам ќе си заминам дома, или пак, сите ќе играт, јас ќе бидам Дрвен Господ. @IM.TMKQ добредојде.
Сметам дека можи да се промени во зависност од околината и искуствата стекнати во детството па и понатаму. Лично јас пред да појдам на училиште бев дете што сака со сите да се дружи и со сите да зборува. Можи да се кажи дека имав потенцијал да бидам екстроверт сега. Но кога прв пат тргнав на училиште сѐ се промени. Нова средина наеднаш, многу нови лица, ново поглавје во животот. Можам да кажам дека голем удел имаше и булингот што го доживував во првите години на училиште. Тоа ме натера ептен да се повлечам и многу малку да зборувам во текот на цело основно училиште. После тоа малку се опуштив, преминав преку некои работи но повлеченоста ми остана засекогаш. Затоа и ми е тешко да стекнувам пријатели и имам само 2-3 пријателства. Од друга страна па, мојот другар има обратно искуство. Тој почнал како многу повлечено дете што скоро ич не зборува ама со текот на времето многу се опуштил. Сега е најголемиот екстроверт што го познавам и со него секогаш можиш со саати да си правиш муабет. Морам да признаам дека и тој има многу влијание на мене со тоа што успеав да се опуштам колку толку. А од друга страна јас му влијаам да слуша повеќе.
@bicycle Многу добро те сфаќам за влегувањето во продавница. Знам дека нешто треба да направам, нешто ми следува итн. и многу добро знам дека не е ништо страшно туку само едно обично купување, разговор... но со часови се спремам психички пред тоа. А голем проблем имам со јавување на телефон, посебно кога треба да имам некаков важен повик. Кога ме бараат мене не е толку страшно, ама пред јас да направам повик може да поминат часови, ако не и денови И генерално, кога пишувам ми е полесно да се изразам.
Во последно време се поизразена ми е интровертската страна. - Не ми се пишува со блиски другарки - Не ми се искача надвор - Шетам сама а се жалам дека е досадно сам да си - Ме мрзи за се. - Остај ме да спијам бре, не ко попарен зајак рипаш во 6 наутро ( ова за мојот мозок ) - Не можам со луѓе ме изморуваат. - Досадни сте сите - Наспана во слободни денови,на работа лепам фластери на очни капаци. И така си се тешам дека е само период, период кој трае со месеци. Ајде ваљда ќе спадне малку на ниво.
... и додека сите се жалеа од полицискиот час, јас уживав во тоа време Ај нека го вратат, барем од 22
Кажи а Да искочиш на тераса и да уживаш у тишината. Најубавите месеци во мојот живот Мислам дека и јас сум интроверт. Обожавам да си поминувам време сама со себе и не сакам многу гужва. Само што не сум ќутлива и повлечена. Сум?
Си Ми фали тој период Патем, што убаво се активира темава. Може да ја префрлат во Кафе Муабети па да си пишуваме на daily basis како во ФМЌ
Заборавив да пишам и дека ми е мачење кога треба да искочам во кафичи ,еднаш во кафич ме стегна паничен напад, верувам ради гужвата дека не сум навикната. Прочитав неколку страни поназад и искрено мислев дека само јас сум ваква ама сега ми е полесно
@prominent ко јас да се читам. Кога имаше пауза поради коронава и почнаа да работат ортодонтите, триста пати се препотив пред да се јавам да закажам нов термин. Одложував 2 3 дена, на крајот ја молев другарката да се јави во мое име и да се претставива дека сум јас. Срамотилаци. И јас уживав за време на полициски час. Раат, милина. Вратете гоооооо.
Прашање и од мене: Дали психата ви е јака страна, но и лоша? Во смисла да, ако помислите нешто тоа се остварува? Лично јас, сега да помислам на главоболка, веднаш ќе ми почне . Така сега ме боли заб и не знам дали ми е од психа, зашто петокот ми текна на стоматолог и тие работи или навистина треба да закажам на стоматолог. Ќе видиме утре како ќе е, истиов заб е "сервисиран" пред 6 месеци.