Прашање и од мене: Дали психата ви е јака страна, но и лоша? Во смисла да, ако помислите нешто тоа се остварува? Да. Автосугестијата е многу изразена кај мене. Можеби е поврзано со хипохондријата (која во моментов некако ја држам под контрола) и анксиозноста... Ми се случило да помислам на некого, а потоа да го сретнам, онака од никаде.
Како не ја видов темава до сега, за тука сум јас. Дали психата ви е јака страна, но и лоша? Во смисла да, ако помислите нешто тоа се остварува? Да. Го мразам тоа.
“Introverts live in two worlds: We visit the world of people, but solitude and the inner world will always be our home.” ― Jenn Granneman, The Secret Lives of Introverts: Inside Our Hidden World
@bicycle Физички на журка, ментално веќе дома Затоа сум решила дека е подобро да не отидам воопшто. Интересно видео: (има и други интересни на каналот)
Јас сум интроверт што на журки и некои слични настани сака да јаде и пие. Не мора толку рано да си одам дома, битно си седам и се гостам.
@Bitter-Sweet, понекогаш, мотивација за излегување ми е само добрата храна... на пример за во кафана или во ресторан. Прашање: Дали некогаш го користите алкохолот како средство за опуштање за полесна комуникација со другите? Јас да, но во средношколските денови После забележав дека лошо ми влијае, и дека не ми е задоволство да пијам... па така сега најмногу што пијам е една чаша со јадење, и тоа ретко... за социјализација не го користам.
Здраво луѓенца од уште еден интроверт, што во семејството го сметаат за изрод, затоа што поголем дел од денот седи дома и чита книги, или пак, гледа серии.
Леле јас се срамам да кажам пред други колку јак период ми беше карантинот/полициски час. Па тоа серии и филмови цело време, знаеш дека никој нема да ти се јави да искочите. Милина! Прашање: Дали некогаш го користите алкохолот како средство за опуштање за полесна комуникација со другите? Воопшто не ни излегувам во друштво уште ако од дома размислувам како да се опуштам пред некого. Најчесто искачам со константа луѓе 3-4ца и пред нив и пијам и јадам и се'. Многу пати сум пробала да се прилагодам на нечие поголемо друштво ама просто не можам, во поголемиот дел од друштвата доминираат алкохол и трева (никад немам запалено и нема) така да мрза ми е да седам и да гледам други како трипаат или глумат дека трипаат. Исто голем дел уште цепаат со средношколски менталитет а јас тоа органски не можам да го поднесам.
Изгледа јас сум единствен интроверт што тешко го поднесуваше карантинот т. е. полицискиот час. Само ми ја поттикнуваше дополнително анксиозноста. Друго е кога не излегуваш затоа што не сакаш да излезеш. А сосема друго е кога е забрането да излезеш Не би сакала да се повтори!
Добредојдовте @thequeen95 @Hellobeautiful и @Tan4ence Aј да одговорам на прашањата. Дали психата ви е јака страна, но и лоша? Во смисла да, ако помислите нешто тоа се остварува? Ооо да, секогаш се случувало она од кое сум се плашела, ама баш секогаш и она на кое што помислам знае да се случи, често. Дали некогаш го користите алкохолот како средство за опуштање за полесна комуникација со другите? Не сум љубител на алкохол. Многу зависи и од друштвото во кое се наоѓам. Со некои знам да се опуштам, со други сум Дрвен Господ.. Ми текнува на дешавка... На екскурзија во трета година. Се случи некако да изедам сета храна, црева ми кркорат, а веќе застанување нема. Еден од професорите ни нудеше на сите ученици во бус кроасанчиња и сокови, јас не бе не професоре не сум гладна. Ме осети дека ми кркорат цревата, толку јако што се изнасмеа и ми остави неколку во скут, со сласт ги изедев.
Не знаев дека постои ваква тема Многу инторверти сме биле машала Јас мислев дека сме ретки. Уште еден интроверт
Долго време се двоумам дали да пишам или не и еве конечно собрав храброст (треба храброст и за пишување на анонимен форум..). Здраво на сите и извинете што ви се уфрлам во разговорот. Да не должам многу, ме интересираше она што @thequeen95 го спомнала, како ве гледа околината? Знам дека не треба да се придава важност на туѓото мислење и не ме ни засега барем кога станува збор за интровертноста, но се прашував дали јас сум во погрешно опкружување или е многу честа појава на интровертите да се гледа како на „изроди“, „чудаци“ итн.?
Е навистина многу не' имало Добредојдовте @marija305 @deskarada @Tan4ence @Hellobeautiful Прашање: Дали ви се има случено да испуштите уникатна можност поради интровертноста? Јас, за жал, да... Целосно платено патување во странство, за летно школо. Мислев дека нема да се снајдам покрај толку непознати лица. И не ја искористив шансата што буквално ми беше дадена на дланка. Малку се каам, но можеби имало причина што не се согласив... или само си се тешам.
Прашање: Дали ви се има случено да испуштите уникатна можност поради интровертноста? Не би ги нарекла уникатни можности, туку онака планови за патување со други. Како помала можеби, кога сите одеа по летни кампови и се дружеа јас ги избегнував. Сега како постара имам пропуштено ама не се каам, затоа што бев свесна дека нема да ми биде убаво, па нема за џабе да си трошам време.
Добредојде до @marija305 и @deskarada Дали ви се има случено да испуштите уникатна можност поради интровертноста? Ол д тајм, од страв да не уништам се, исто и поради тоа што го тупам цело време дали ќе успеам, доколку не успеам ќе ми биде срам да се докажувам. Им се восхитувам на луѓето што ја грабат секоја шанса.