Иако на почетокот се мислеше дека на интровертите повеќе им годи карантинот, направено истражување покажало дека екстровертите се тие кои всушност подобро го поднесуваат карантинот. Зошто? Бидејќи екстровертите и во оваа пандемија наоѓаат различни начини да се поврзат со луѓе. Кај интровертите е поголема веројатноста уште повеќе да се изолираат од секакви контакти. Без разлика дали си екстроверт, интроверт, амбиверт или нешто измеѓу тоа, заедничко за сите е дека, како социјални битија, неопходни ни се контакти со луѓе. И екстровертите можат да се депресивни и анксиозни, особено во оваа пандемија, но кај нив е поверојатно е да посегнат по луѓе за разлика од интровертите, кои можат уште повеќе да се повлечат. Сепак таа батерија што интровертите ја полнат правејќи самостојни активности мора некаде да ја потрошат. И телефонот не е добро да стои 24/7 на полнач нели? Дали вие се согласувате со ова и како влијае пандемијата на вас како интроверти? И интровертноста е спектар сепак, така што некои интроверти имаат поголема потреба од луѓе за разлика од други. Јас лично се согласувам и сум од оние интроверти кои имаат поголема потреба од социјални контакти, секако со луѓе со кои сум блиска. Сега е поинаку, но додека беше полицискиот час и затворањата знаеше многу често многу тешко да ми падни.
@Amellie13 Се согласувам. Колку и да сум си доволна сама на себе, потребен ми е и социјален живот. Но тесен круг на луѓе ми е сосема доволен. И не мора да е секојдневно. На пример, не ми пречи и неколку дена по ред да останам дома, да не се дружам. Кога ќе почувствувам потреба да се видам со пријатели, го правам тоа и секогаш поминуваме квалитетно време заедно. Не излегувам некаде само затоа што морам, затоа што ,,така треба''. Ама и пријателите ме познаваат и не го сфаќаат одбивањето како нешто лично.
Годинава се дозацепав ко интроверт до степен кај што најмногу на се' посакувам да живеам во една ваква куќа: И да не видам човек никад. Не е депресија во прашање, најискрено не само што ми се поодбивни луѓето, туку ми се непотребни. Немам желба ни да разговарам со некој, не па ли да го запознавам и да споделувам мислења и искуства. Единствено ми треба евентуално лекар и заболекар, сепак немаш многу контрола околу физичкото здравје. Кога би можела да работам нешто од дома и би имала прилика за живеење во ваква изолирана куќа, тоа би било совршенство. Прошетки наоколу, чилирање во двор, готвење/скара, гледање филмови/серии, читање книги, медитирање, слушање музика, денцање, пеење, играње игрици на пц... заеби луѓе.
@MissChievous Те сфаќам многу добро. И јас би постапила така, ама би дошла тука, па и сосема сама некое време Скромно, нема што.
А кај ми се парите шо им ги дадов на моите да ми ги чуваат на 10 години? Тотално јас. @simonka93 се важи. Добредојде.
Јас често вака се осеќам: И кога конечно ќе се договорам да искочам: Не сакам гужви. Вака е само додека не излезам. Пошто и онака се договарам обично со 2-3 луѓе кои ми се блиски. После ми е опуштено и не се пронаоѓам во она дека се каеш што си излегла. Инаку со коронава повеќе ме исцрпуваат луѓето наоколу. Се исти разговори, па ко ќе треба со некои и да се расправаш и докажуваш. Тотално ми ја исцрпуваат целата енергија, па помалку ми се излегува. Едвај чекам се да помине. Највеќе ми недостасува патување, било каде. За тоа кога треба да се договарам, секогаш имам енергија. Прашање: Како се справувате да сте константно опкружени со луѓе кога сте на пат, екскурзија, одмор? Дали и тогаш имате потреба да бидете сами некое време за да наполните батерии?
Прашање: Како се справувате да сте константно опкружени со луѓе кога сте на пат, екскурзија, одмор? Дали и тогаш имате потреба да бидете сами некое време за да наполните батерии? Кога имам избор (пр.: за одмор, приватно патување) не одам со многу луѓе туку само со оние што навистина ми се блиски и сакам да сум во нивно друштво. Но и тогаш меракот ми поминува за неколку дена, доволно ми е и сакам дома Ако е службено, обично не е многу долго, па неколку дена можат да се истрпат во името на професионалниот напредок. Од друга страна, во основно и средно уживав кога одевме на екскурзија со цело училиште, но тогаш не бев до толку затворена. Е после ми беа потребни неколку дена за да полнам батерии сосема сама.
Скоро мене ко да ме опиша. Со таа разлика што не ми сметаат ич подолги патувања. Пак успевам да си протнам по некој саат време да бидам сама, на раат. Најчесто навечер кога "прикачувам слики, ќе дојдам да се upload-ираат" трае саат-два.