Мене лично многу ме нервираат коментарите дека ,,сега е модерно да си интровертен''. Не е баш така. Мислам дека порано интровертите се карактеризираа како повлечени, тивки, луѓе кои уживаат во сопственото друштво, а на нив се гледаше дури и како на чудаци. За среќа, тоа е сменето, но не значи дека некој е интроверт ,,со сила''. Не мислам дека таква глума би била можна, или барем не за долго...
@bicycle Тремата пред телефонски повик е огромна Дури и кога е нешто ,,неважно''. Секогаш размислувам да не истрескам некоја глупост иако реално нема причина за тоа, свесна сум дека имам добри комуникациски вештини а пак се двоумам пред да кренам слушалка. Потешко ми е преку телефон отколку во четири очи.
Исто. Кога треба да се јавам некаде се осеќам како криминал да правам. На пример, сакам да закажам фризер. Пишам на профил, ми велат ѕвони на бројов... и си шетам со старата фризура
@prominent иста сум, во живо ќе направам убав муабет а преку телефон толку ќе се збунам што едно исто прашање ќе го поставам повеќе пати.
Сум терала другарка да се јавува во мое име. Или и јас си шетам со старата фризура, ако не е ептен итно
Мене искрено понекогаш на видео повик ми е потешко да комуницирам отколку во живо. Тимс ми е најголемиот кошмар.
Специјална благодарност до луѓе што преферираат пораки и меилови. Ме утешивте вака што ве читам. I feel a bit less weird.
Мене поради самата природа на комуницирање почнав да се опуштам пред телефонски повици и да сум confident, до тоа ниво што другарите секогаш ми давале јас да порачувам храна, како најозбилна личност во друштвото. Еднаш знам имавме проблем со водовод како цимери, и офкорс, Били збореше. Дури и сфатив дека самата работа е далеку побрза така и може за пократко време да се дојде до одреден договор, па сега радо ѕвонам него да пишувам пораки. Порано знам срам ми беше да се јавам на некој оглас на интернет, на татко ми му давав. Се е до навика. А, ете, истата за видео повик никако не ми се вмрежува и сум укочен како грчка статуа и после толку време.
Читам една книга за интроверти, интересна е, раскажува за различни ситуации од животот, за познати интроверти.. Тишина - Сузан Кејн
Ако имаш таков проблем, барај ме мене, докажан преговарач сум со водовод, евн и сите оператори. Со овие последниве па... Знам еднаш другар имаше проблем со тв картица, им се јавив, им кажав што е проблемот и операторот почна со мене технички рандом муабет да си прави. 15 минути ме држеше на линија иако проблемот го решивме за 2. Изгледа интересен му бев.
Се тоа решавам во 4 очи. Не знам колку хејтањево телефони има врска со интровертноста. Ќе да е повеќе до анксиозноста.
Најтрагично во целава мразамтелефонскакомуникација е тоа што баш во таков сектор работам. Ама бар се тешам, поарно е него ли очи в очи. Е сеа можете да замислите и во живо колку сакам да комуницирам. Најуспешно во пар функционирам, некогаш и во тројка. Секој што е плус ми смета. The lesser, the better
Спојлер За мене ќе ви кажам само едно. Кога бев мала и ми се јавуваа роднини да ми честитаат роденден, ја оставав сестра ми да се јави и неа ја заглавуваа честитајќи ѝ (имаме преслични гласови). Телефонски повик ми е нешто најстресно. Точно е дека со тек на време се сменив и опуштив повеќе, но сепак не преферирам повик. Кај мене всушност можеби ќе е чудно, но најубаво ми тече разговор во живо. А интровертниот дел во мене бара истиот да е договорен во време кое одговара. На пример не можам после ден преполн со контакти, да излезам и да се изнаправам муабет пак. Можеби ако ептееен имам енергија, но ретко се случува нешто вакво. Најчесто ми треба да си наполнам батерии за повторно да се впуштам во разговор. А па во видео повик сум ваква.