@Bezimenka90 јас ги имам двете, и можам да проценам кога постапката ми е поттикната од анксиозноста, а кога од интровертноста. Анксиозноста е поврзана со вознемиреност, а кога времето што го поминувам сама ме смирува и ме полни со енергија, тогаш знам дека е поради мојата интровертна природа.
Ај поздрав Пред 2г си земав куче за секогаш да си имам друштво за на водно, за во парк, за пиење кафе на клупа а да не морам да се договарам со никого
Во духот на позитивни мисли од мене денес: Се осеќам ко воз да ме мавнал, ама барем е добра причина да седам дома и да не мора да комуницирам многу со луѓе.
Најјако е дури и viber-oт кога ќе го наместиш да не гледаат дека правиш seen, за да не мора да вратиш. А демек не сме 24-7 со телефон во раце, ама па ако се лажеме
Ова ми е една од најголемите придобивки периодов иако ептен ретко се возам со бус. Секогаш ми било крајно непријатно кога некој седи до мене, како на игли се чувствувам.
@Billy Idol во времето кога се возев во бус, секогаш гледав да си го фатам единечното седиште Баш поради оваа причина... Не толку што некој седи до мене туку имаше и такви што почнуваат и муабет да прават, а првпат во живот ме гледаат. Е тоа ми е веќе необјасниво
Не се возиш со прометни линии изгледа, да се гушкате малку. JSP connecting people, quite literally. Смрт. Уште не ми е јасно што ги мотивира за тоа кога изгледам friendly lvl:
Се тешам дека тие се кратки. Меѓуградските од друга страна секогаш биле покомплицирани од овој аспект. Па и да ти сврзат рандом муабет, да ти заспијат на рамо и што ли уште не. Среќа одамна не ги користам често, си патувам сега со лично возило, но знам се случи 2-3 пати во периодов на коронава да патувам и беше право уживање. Комоцијата беше неверојатна во полупразниот бус, тишина, глас никој не изусти. Дури и слушалки не ставив цел пат, уживав во звукот на возењето. Нема ништо подобро од такво патување. Поглед низ прозор и daydreaming.
@Bezimenka90 исто. Затоа ставаш слушалки на уши и како што кажа @Billy Idol, си гледаш низ прозор и правиш една тура daydreaming Во такви случаи возењето во автобус ми беше дури и пријатно.
Понекогаш се плашам дека ако пак започнеме дискусија ќе ни ја затворат темата. Затоа тука се ми...мемињата.
До брзо мислев дека сум гооолем интроверт ама кога ве читам дефинитивно не сум можеби порано бев повеќе ама сега немам проблем ни со телефонски повици, ни со запознавање луѓе, немам трема ниту пак срам и мислам дека се тоа доаѓа со времето и искуството. И јас порано сакав да седам дома да не одам на кафе ама од короната наваму одвај чекам да најдам друштво за на кафе или за излегување Порано бев тешка при запознавање нови луѓе и не зборував ништо,а сега се понашам како да го знам некој сто години дури и некогаш претерувам со опуштеноста како и да е, ако уживате бидете интроверти, тогаш бев среќна така, а сега вака Значи се менува зависи во кој период од животот си
Некоја модификација на тип 2. Сакам да сум сама во соба, но не сама општо. Едноставно да не ме замараат поголемиот дел од времето. Јас во една соба, останатите во друга. Ми е страв навечер од духови Тивка сум со познаници, гласна со најблиско друштво. Не примам нови личности Обожавам сама да шетам и да возам точак со добри слушалки и јак бас. Во глобала сакам друштво со кое ќе си ќутиме заедно И да не ми ѕвонат многу, многу, подобро да пишат, не знаат и онака дали читам, па во подобри времиња ќе вратам.