Вчера не издржав да допишам, се одјавив од програма. Скоро ме опиша, со ситни разлики. На пример, примам и нови личности понекогаш, ако сум расположена. Не се пронаоѓам баш дека досадно ми е дома, што пишале. Може да ми е некогаш, ако снема струја...и е темница. Ама обично секогаш се наоѓа занимација по дома. Обожавам да патувам во помало друштво, до 3-4 луѓе да сме. Не дека е баш до интровертноста тоа, полесно се синхронизира цело патување. Обожавам и да се шетам надвор со слушалки на уши. Тоа ми е баш рутина за расонување. Се симнувам 1-2 станици порано и пешачам до работа, додека ми трешти музика во уши. На крај најубаво пишале. Не ми смета толку интеракција со луѓе (само да не е преку телефон ), се додека ме остават сите на раат бар еден саат дневно. Некако имам потреба за тој саат. Обично шетам сама низ соба во темница ко вампир и ептен терапевтски ми доаѓа тоа, да наполнам батерии. Има периоди кај што ми доаѓа да им речам на сите да оде*ат еден ден по можност или да ме телепортираат на пуст остров, ама се истрпува. Размислувам да си купам и закачам нешто вакво: Ептен рано се распишав, ако и сама разберам што се истрескав.
Јас немам трема со луѓе или запознавање. Јас не сакам да ми вика некој,не сакам кога ми звони тел на работа. Сакам насабајле раат кафе да пијам, сакам да ми е се под конец. Сега и ретко се социјализирам дека немам баш слободно време,во принцип можам сама да седнам во кафиќ да пијам кафе или да си купам кафе и да седнам покрај море.
И цел ден да не прозборам со некого, пак ќе си најдам начин да ми биде интересно. Можам и долго да не излегувам, ако немам потреба за тоа.
Ми се уарни дремењето дома, ми фали. Мислам дека во последно време повеќе ме цеди монотонијата во муабетите, сите испозатворени и само корона вести се слушаат. Се пронајдов ептен во сликиве: Занимација по дома колку сакаш. Кога ќе приметам дека не сум пишала подолго баш вака рандом им се ставам во разговор и импровизирам на тема.
@Bezimenka90 исто. Негативност и монотонија everywhere Претпочитам да не сум дел од тоа и да останам затворена во сопствениот свет и мисли. Ги искажувам со пишување или само пред блиски луѓе. Уморна сум од разговори што се водат колку само да се каже дека се зборува за нешто. Позитивното во ситуацијава е што годинава изостануваат прашањата каде ќе се оди за Нова?
Баш! Па ко ќе речеш сакаш една година дома да ја поминеш, те гледаат ко ненормална да си. Како ги доживувате обично Новогодишните забави? Јас не многу сакам гужви, па преферирам да се собираме поблиско друштво некаде дома. И не знам зошто, ама стално се врти некој глуп турбо фолк на тие "забави". А онака не го слушаат. Тогаш во момент ми доаѓа реакција "Kill me, kill me now". Ама да не бидам расипувач на забави, ќе се поднапијам така и се обидувам да се уклопам, се замислувам дека сум во некоја пародија. И само чекам додека не биде социјално прифатливо да си одам дома, на раат да си прославам Нова година.
Како ги доживувате обично Новогодишните забави? Иако е само промена на бројката на календарот, сакам да ги доживувам како симболичен почеток на нешто ново и подобро. Сакам домашна атмосфера во одбрано друштво. Така и ја поминував оваа ноќ изминатите неколки години. Важно ми е да се чувствувам удобно, да има убава храна, може и малку алкохол, музика што ми се допаѓа. Да нема непознати луѓе околу мене. За гужви па да не станува збор. Не би ми пречело и сосема сама да останам, верувам дека пак ќе си направам да ми биде интересно
Јас обично за Нова Година сакам да сум излезена негде ако сум дома тогаш ме фаќа нервоза или депресија. Многу ми е убаво во Австралија што можам сама да седнам и да јадам или пијам кафе и никој да не ме гледа чудно. Често го практикувам тоа и уживам. Кога сум неколку дена по ред со многу луѓе и не сум имала време само за мене станувам многу нервозна и се расправам со маж ми без потреба. Многу го ценам времето буквално сама и го обожавам. Се пронаоѓам во ова многу
@Ahoy добро ме потсети дека денес е нашиот ден Ќе си прославиме како и секоја година, секој сам, одделно п.с. Ајде и тука, среќна нека ни е Новата година, fellow introverts
Тестот може многу да каже за каква личност сте, воедно и дали сте интровертни или екстровертни. https://www.16personalities.com/
Во првиот пост од темата е опишано. Плус и тестови има. Ама најистакната карактеристика е што интровертите се чувствуваат ,,исцрпено'' по поинтензивна комуникација, па ги полнат батериите сами. Екстровертите - обратно од нив.
Се сложувам со @prominent А и од она што имаш пишувано на форумов, не ми изгледа како да си интроверт