И јас мразам телефони, и не само што не се јавувам туку и си барам изговор да не кренам коа ми ѕвонат. И се нервирам коа ми пишуваат пораки на апликации и најчесто враќам после неколку часа (понекогаш и денови ) Знам дека звучи лошо, ама пријателите ме знаат па ме разбираат. Поради работата сум морал да искачам од комфордна зона и личен успех ми е што успевам во тоа. Дури честопати не ме сметаат за интроверт, ама ја си знам како ми е. Ненормално многу енергија трошам коа сум со многу луѓе и после тоа сум изморен. Коа би можел да бирам во секое време би останал дома на филм или книга, или би искочил да шетам сам или +1.
Целосно се пронајдов. Ама сега гледам дека не сум била само јас Имам едно прашање, зашто мислат дека си глупав ако си интровертна личност? Знае некој да ми објасни?
Напротив. Најинтелегентните луѓе биле интроверти. https://www.thrillist.com/health/nation/smart-people-introverts-love-to-be-alone
Сигурно е поврзано со фактот дека сме ќутливи, ретко изнесуваме мислење и ретко се вклучуваме во дебата. Пример на факултет/училиште колку пати сте имале нешто да кажите, а сте одлучиле not to? Исто и пред пријатели, не само што ќе те сметаат за глупав, туку и за досаден. Мене најмногу ме нервираше кога ќе мислеа дека сум глупава во однос на музиката што ја слушам. Ама тема за друг пат, да не должам секогаш.
@Ugly Duckling јас во друштво сум многу молчелива. Може да имам многу што да кажам, а имам некоја внатрешна кочница да не се изразам Ова за теми што ме засегаат и што ме интересираат. За тоа за што не се разбирам, и онака не искажувам мислење. @nena2010 бројам до 5 и се јавувам, без претходни посебни планови. Колку побрзо заврши повикот, толку подобро. Ако одложувам цел ден мислам на тоа
Во право си за ова што го кажа. Колку и да знам најлесно ми е да кажам незнам и да се затвори темата.
Исто хаха пошо знам дека ќе треба да се расправам најчесто за некаков факт. И си преќутувам, понекогаш дури викам: ааа стварно? не сум знаел... Доволно ми е што знам дека си знам. Порано многу се нервирав и сакав да се докажувам, сега не веќе... Инаку мислам дека мислат дека интровертите се чудни пошо мешаат интровестност со асоцијалност и некакви social disorders.
Се сеќавам седев еднаш со колеги од факултет, збореа за некоја локална мафијашка фаца, нит знаев кој е, нит ме интересираше и си молчев, колегата ми се сврти и пред сите ми се развика: "Што седиш со нас кога не правиш муабет?!" Не знам, зарем прави разлика ако седам и молчам, не сметам на никого, зарем мора да дадам мое мислење за секоја тема? Морам ли да бидам вклучена во сите муабети, макар со климање на глава или па да се смеам на секоја шала и покрај тоа што не ми е смешна?
Ете видиш јас сум таква. Многу мразам оговарања на рандом луѓе кои ниту ми се во животот ниту ги познавам.
Дали има некој друг како мене: кога треба да се јавам и да правам муабет со некој на пример за работа или треба да се јавам на некое важно место или кај некој што не познавам ке се препотам цела, ке ми се слоши. Ако треба да напишам порака или e-mail ја проверува по 100 пати пораката и уште 200 пати проверувам дали ми е се точно напишано и дали е разбирливо. Или ситуација да треба да зборам со некој (не другар/ка...некоја возрасна, важна личност) Но за разлика од тоа во живо кога се запознавам со некој (млади дечки како мене) не сум имала никогаш проблем да се вклопам во друштво. Иако ми треба време за да се опуштам. Сум имала и моменти каде сим молчела само но сепак..немам проблем за да се вклопам. In between extrovert and introvert.
Да, да, и мене ми е многу потешко да комуницирам со некого преку меил или телефон, отколку во живо. Не знам зошто ама ете, повеќе храброст имам да се запознавам во живо, најверојатно бидејќи чувствувам сигурност оти го гледам пред мене, значи реална е личноста и веднаш ќе видам како ќе изреагира. Чудно и тотално несфатливо, ама тоа е. За еден телефонски разговор се премислувам 20 пати, сите можни сценарија ги правам во главата.
Долго време ја следам темава, но некако не успеав да се вклучам во разговорите. И јас сум во клубот на интровертите, од кога знам за себе. Додека бев основно и средно, очајно се обдував да се вклучам во друштва каде што не припаѓав и се прашував што не е во ред со мене, од впуштање во рандум разговори, до одговарање на училиште, на телефон, секаква комуникација ми претставуваше проблем бидејќи не знаев едноставно како да се вклучам во тој разговор а да изгледа природно. Со текот на времето го најдов својот круг на пријатели, не го трошам залудно времето со луѓе што ми ја трошат енергијата. Во студентските денови сфатив дека мора да излезам од таа комфорна зона, се обидував и сеуште се обидувам, но интровертот во мене знае да си го направи своето.
Како јас да се читам. Јас кога имам битен разговор, цела вечер правам сценарија во главата, што, како ќе биде. Полесен ми е разговорот во живо, него ли преку телефон. И секогаш би избрала да пишувам пораки, отколку да се јавам. Еднаш требаше да се јавам да закажам за на доктор, се јавив пред да затворат. Цел ден си вежбав, што да кажам и го одолговлекував јавувањето, до последна минута.
А ви се случило ли да сте излезени, со друштво што ви е пријатно, и одеднаш да сакате да сте сами? Кажувате ли директно дека сакате дома и дека не е до нив, едноставно ви доаѓа премногу комуникација? Се навредуваат ли? Реално изгледа неучтиво, но јас си кажувам директно што е работата и најблиските ме разбираат.
А замислете коа треба да се прати CV за работа или пак да се јавиш на телефонот што им е ставен за информации околу работата. А ако нема мејл туку само телефон најчесто не ни аплицирам Да да се случува, едноставно наеднаш ми се троши енергијата а може и глава да ме заболи. Ама најчесто се форсирам да издржам, ама ќе се повлечам скроз од муабетот. Или ќе си извадам мобилен и нешто ќе чепкам. Со нови луѓе тешко вака некултурно изгледа, ама тие што ме знаат едноставно сфаќаат дека сум се изморил
Ми се има случено илјада пати и секогаш морам да смислувам изговори (кои најчесто се глупи и немаат смисла).