Многу не' кочи ова во животот, многу! Ако некој не ме поттурнува, тешко сама да превземам иницијатива. Јас ваквите работи си ги обавувам во момент на нервоза. Кога некој ќе ме изнервира секогаш правам нешто што не сум имала храброст. Можеби ви е чудно, но таква сум. Е наредниот ден си велам леле шо ми требаше ова. @Guns N` Roses Во факултетските денови најчесто сакав да седам сама. Некогаш ми беше криво, си велев зошто само јас се делам. После сфатив дека мирот ми е најважен. Пет минути со некој колега и ќе научев еден куп трачеви што воопшто не ми се важни, ќе си речев со што се' се занимаваат луѓето а јас како од Марс падната, ретки беа продуктивните разговори. Затоа тие два-тројца околу мене ми се доволни. Единствено позитивно ми влијаеле некои обуки и проекти. После нив бев како нова, но доколку не применував често, ефектот беше краткотраен.
Исто како јас да сум го пишувала . Многу ми е битна невербалната комуникација изгледа. На раце ги бројам луѓево со кои можам слободно да комуницирам по телефон . Па така си имам “секретари” по дома и ги замарам нон стоп со “Ај јави се, прашај” . Иначе не можам да се одлучам која комуникација ми е потешка, дали по телефон дали во пишана форма. Ако веќе не ми се седи и сакам да си одам, си одам, во спротивно сами ќе ме избркаат зошто почнувам многу да мрчам . Ама тоа ептен ретко се дешава зошто во суштина сум само во друштво на луѓе со кои сум на иста фрекфенција, каде нема small talk и оговарања, па не ми се исцрпуваат социјалните батерии, може па ич.
Ее браво, си нашла канал. Инаку да, многу нѐ кочи ова. Ја иам правило од една комедија ми е хахах "all it takes is 20 seconds of courage". И ми функционира. Со текот на годините се научив да искачам од моја зона. Успеав некако да си ја претворам интровертноста у предност. Многу читам, многу учам, многу истражувам, му се посветувам на нештото максимално и после резултатите ги изненадуваат сите. И тоа е позитивната страна на интроверт, затоа сегде пишува дека се интелегентни и дека имаат познавање, пошо имаат време да си посветат на себе. Сега, ретко некој од прва да сфати дека сум интроверт. Е сега си го зима тоа својот данок, после тоа сум мртов уморен емоционално. Инаку у ова многу ми помогна учење говор на телото, способности за говорење, курсеви, еден куп исчитани книги и документарци на слични теми.
Е ова исто! Од збор до збор, мислев единствена сум.. Мило ми е што ја најдов темава за поддршка зошто некогаш се мразам себеси зошто сум таква и зошто никогаш нема да се сменам. Јас сум исто и анксиозна, ако не е маж ми јас мислам дека нема да мрднам од дома, зошто тој е скроз спротивно од мене. Некогаш си размислувам дури не знам ни како ме трпи. Живеам во Уса и моментално сум трудна. Ова сето ми дојде како стрес врз стрес. Имам страв да возам сама, а овде кола ако не возиш исто како да си хендикепиран.. Е исто така се осеќам. Го терам да се смени на работа да ме носи на прегледи кои траат 5 мин што се вели.. А морам да се променам, што ќе правам кога ќе се роди детето.. Не можам се од него да чекам и да се осеќам како да не сум способна за ништо!
Ми се има случено и тоа... Обично или седам до крај или ќе кажан дека сум изморена и морам да одам. Секогаш сум со кола и најмногу ја земам поради таа причина- да можам да си одам во случај да ми се истрошат батериите Хахахах за ЦВ-то се изнасмеав. Значи исто и јас. Од срам, страв и параноја ќе си останам без работа Уелком ту д клаб!
Хахах. Добра е групава, си мислев единствен сум. Вака тука бар сфаќам дека има многу слични карактери. Реално многу помалце сме интроверти, не сретнувам често во риал лајф. Иам чувство дека сите околу мене се екстроверти
Да ми се случува многу често, осбено ако сме повеќе собрани во друштво и сите кажуваат нешто, разговорот тече непрекинато, многу брзо ми се троши енергијата и се повлекувам со молчење, но не ми се случило да си заминам.
Ми се случува често. Не сум баш најгорда на тоа искрено. Еднаш со една поранешна школска која ја немав видено оддамна, јас целата пресреќна дека ќе се видиме и ќе поминеме цел ден заедно , аха, изгубив енергија и волја после првиот саат. Кога сум дома и тоа ми се случува е полесно, се затворам во соба да си одсамувам. А и моиве ме знаат веќе па не ме задеваат. Ах, ах, ме потсети на моите кошмари. Праќав на повеќе места CV, нелагодност чувствував а ги праќав по меил. Ама врвот беше кога требаше да отидам во живо на разговор. Е тогаш денови и денови не спиев, ги смислив сите можни сценарија. Па после отидов толку далеку што ми текна и на тие предновогодишните забави со колеги, па и за тоа 300 мисли во глава ми се свртеа. Искрено, некогаш сакам што сум интроверт, ама почесто ми се смачува. Поради тоа сум пропуштила многу прилики, а и тие што не сум ги пропуштила ми одмилеле на некој начин бидејќи сум се замарала со денови или месеци шта би било кад би било и психички ме исцрпеле.
Мислам некаде тука на форумов прочитав една членка (не знам која) напиша дека интровертноста не треба да се меша со социјална аксиозност. Ме замисли. Јас искрено многу малку знам околу анксиозноста воопшто, ама и јас не сакам јавувања по телефон, закажувања и слично. Тоа ми е најтешко. Се препотувам. Кога и да можам му давам на маж ми да зборува место мене. Некој да се запраша ќе помисли види го овој на жена не и дава ниту да збори Ама па, тоа нели е таа социјална анксиозност? Не сакам гужви, не сакам да сум центар на вниманието, сакам еден-на-еден контакт. Се друго ми ствара чувство на непријатност, анксиозна состојба. Инаку, се сметам интроверт, сакам да си поминувам времето сама, никогаш не ми е досадно сама со себе. А некој од страна можеби би кажал дека сум екстроверт во друштво, бидејќи сум зборлива, само не се свесни дека после еден ден поминати со луѓе јас "болувам" ден подоцна, празно и истрошено се чуствувам. Секогаш би избрала дома, ама ете многу често морам да се натерам нешто да правам, да бидам со луѓе, па не смеам да си дозволам многу да размислувам. Стиснам заби и што морам морам. Дури и кога не морам правам ради блиските луѓе.